Петок, 20 Јули 2012    Печати
СМК поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски

smk_2Светскиот македонски конгрес (СМК) денеска поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски за кривично дело загрозување на територијалната целина на државата согласно од членот 307 на Кривичниот законик.

Во  периодот на 2001 година, како што се наведува во пријавата, Георгиевски „како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 1998 до 2002 година, преземал дејствија за отцепување на територијата на Република Македонија и дел од таа територија да ја припои кон Република Албанија, на начин што откако стапил во разговори со тогашниот премиер на Република Србија Зоран Ѓинѓиќ, договорил дел од таа територија на општините Гостивар, Тетово и Дебар да се отцепи од Република Македонија и да се припои кон Република Албанија, а територијата на Мала Преспа, односно делови околу Преспанското Езеро, да се отцепи од територијата на Република Албанија и да се припои кон територијата на Република Македонија“.