|
||||
ПРОЕКТИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ОД СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ И ДИЈАСПОРАТА |
Министерство за надворешни работи ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија, поединци кои потекнуваат од редовите на Македонското национално малцинство од Балканскиот полуостров и дијаспората од Република Македонија, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од интерес на двете, гореспоменати категории. Притоа потенцираме дека утврдениот рок за аплицирање трае до 15 декември 2012 година и воедно предлог-проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Истите се доставуваат до Министерството за надворешни работи - Сектор за следење на национални приоритети и тоа преку амбасадите и конзулатите на Република Македонија во странство, или директно преку електронска пошта на следните адреси: Ве информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи за "утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на Македонското национално малцинство и македонската дијаспора" кој стапи на сила на 15 мај 2012 година, од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана специјална Комисија. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства за следната 2013 година и тоа до 15 јануари 2013 година. При одлуката за избор на проекти и начин на финансирање, споменатата Комисија ќе се води од Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората, на Министерството за надворешни работи, а најголемо внимание ќе биде свртено на пријави кои се однесуваат меѓу другото на: мени: надворешна политика, подкатегорија: дијаспора, или директно преку следниот линк: |