Четврток, 26 Ноември 2009    Печати
Закана со ликвидација на тимот на Македонска нација
antifa-faust-kleinУтрово во редакцијата на „Македонска нација“ пристигна e-mail  во кој анонимен испраќач се заканува со ликвидација  доколку редакцијата не го тргне клипот во кој „братот“ Љубе го кодоши Јохан Тарчуловски.

На клипот од YouTube, кој проструи на сите електронски медиуми, јасно се гледа, но и слуша дека Љубе Бошковски, се повлекува од секаква одговорност поврзана со случајот „Љуботен“, а сета вина ја префрла на Јохан и покојниот Претседател Борис Трајковски.

Спорниот клип не е монтажа, тоа го потврди самиот „брат“ со својот хистеричен настап пред медиумите, но и со ваквите криминални дејанија како што се закани од анонимни испраќачи на меилови до редакциите на медиумите, во случајот „Македонска нација“, во кој се бара повлекување на клипот во рок од 48 часа, или следи ликвидација.

Дали со вакво дејствување целта е да се заќутат медиумите да ја објавуваат вистината?

Дали испраќачот знае дека ваквиот начин на комуникација е кривично дело?

И на крајот би прашале, дали вака некој планира да ја води државава Македонија ?

Дали приврзаниците на „братот“ планираат и понатаму да упатуваат закани за ликвидација кон сите оние кои се негови неистомисленици?

Има многу прашања за начинот на работа кои треба да се упатат, но едно е јасно, на ваков начин Македонија нема да ја направат демократска, со закани за ликвидација.

Во прилог заканувачкиот e-mail на адресата на „Македонска нација“

zakana

Тимот на Македонска нација
www.mn.mk