Среда, 04 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Во 1913 година откриени првите знаци дека има нафта на територијата на Македонија

 

nafta-na-teritorijata-na-makedonija

Денес кога нафтата достигнува висока цена од стотина долари по барел, интересот за експлоатација на нафта се повеќе се зголемува.

Веднаш по Првата балканска војна Србија врши истражувања на природните богатства во окупираниот дел на Македонија. Истражувањата кои ги врши проф. др. Марко Леко, кој во тоа време е управник на Државната хемиска лабораторија во Белград, времено биле прекинати за време на Втората балканска војна. По српско-бугарската војна овие истражувања ги продолжува стручна рударска комисија од Белград која утврдила дека под Сланско, Брод и Слатино се наоѓаат безмерни слоеви на камена сол, додека траги од петролеј биле најдени околу Гостивар и во околината на Скопје. Нивното присуство било знак дека на територијата на Македонија има нафта.

Овие откритија биле тајна се додека границата кон Бугарија не била сигурна.  Белградска „Политика“ дури на 27 ноември 1913 година, во статијата „Сол во Нова Србија“, како што тогаш ги нарекува новоосвоените територии, за првпат открива пред јавноста за видот на откриеното рудно богатство во Македонија и Прешевскиот крај. Во уводниот дел на статијата, авторот ќе напише дека:

Ние уште во април оваа година први соопштивме дека во Нова Србија се откриени рудни богатства за кои не се ни претпоставуваше дека постојат и кои во старите граници на Србија ги нема. Тогаш сеуште не можеше да се соопшти бидејќи како прво испитувањата сеуште не беа завршени и второ, бидејќи рудниот терен се простираше на исток кон бугарската зона, така да, доколку Бугарите разбереа за откривањето на ова рудно богатство уште повеќе ќе ги зголемеа претензиите према нашите тогаш сеуште не ограничени области.

Меѓутоа денес, по Брегалница и запечатувањето на границата, таков страв не постои, а првите стручни истражувања се завршени и тие го покажаа следното:

Во Нова Србија према сите досега утврдени показатели се наоѓаат безмерни слоеви на сол. Најдени се и силни траги на петролеј, па како што петролеумот несомнено ја прати солта, сразмерно со количините,  така да може да се смета дека Србија ќе се стекне со извор и на оваа природно богатство.“

Од текстот видливо е дека Србија е живо заинтересирана за експлоатирање на природните богатства во Македонија и дека покрај излезот на Солун, тоа е уште една од причините за кои таа влегува во Балканските војни. Оттука таа истражувањето му го доверува на проф. др Марко Леко (1853-1932), кој потекнува од Егејскиот дел на Македонија.

Дека тој бил компетентен за овие истражувања може да се види од неговата биографија. Проф. др Леко бил хемичар, ректор на Великата школа, академик, претседател на Црвениот крст на Србија. Завршил Политехничко училиште во Цирих и докторирал кај Виктор Мајер во 1875. Кратко време работел во Хофмановата лабораторија, а од 1884. до 1920. бил државен хемичар и управник на Државната хемијска лабораторија во Белград (1904 - 1920). Како редовен професор на Великата школа бил и нејзин ректор (1902/03 и 1903/04). Исто така, тој е еден од основачите на Српското хемијско друштво и негов претседател од формирањето во 1897 до 1907 год.

Авторот на текстот „Сол во Нова Србија“,, кој меѓудругото објавува и за постоење нафта на на територијата на Македонија и Прешевскиот крај, за истражувањата на проф. др. Марко Леко и рударската комисија ќе напише:

На патот меѓу Прилеп и Кичево се наоѓа местото Брод.  Неколку километри јужно од Брод, недалеку од селото  Сланско извираат бујни солени извори.

Според анализите на универзитетскиот професор др. Марко Леко, водата земена од еден од овие изворите во март оваа година, ги дале следните резултати. Во литар вода најдени се 36 грама на чиста готварска сол, така да единствено посолена вода е онаа на Мртвото Море.

Меѓутоа, треба да се знае, дека во тоа време на годината, водата која извира од длабината на земјата, во значителна мера е измешана со атмосферската вода (дожд и снег), така да процентот на солта е намален.

На околу 15 километри, северно од Брод, се наоѓа селото Слатина. Селото лежи на една стрмнина во чие подножје од сите страни извираат солени води. Меѓу нив постојат два необично силни извори над кои селаните изградиле покриви за да ги заштитат од надојдената вода и нечистотија. Со анализата на др. Марко Леко се констатира (истовремено кога е анализирана и водата од Сланско), дека водата од слатинските извори содржи во еден литар 27 грама на готварска сол.

После тие први испитувања, кои се прекинати со српско-бугарската војна, на терен е испратена стручна рударска комисија. И таа комисија, како што се дознава, утврдила дека според надворешните показатели, може да се смета дека под Сланско, Брод и Слатино се наоѓаат безмерни слоеви на камена сол.

Овие рударски експерти, меѓу кои се Антула и Драшкец (името не читливо н.з.), ќе го поднесат овие дена својот извештај и тогаш државата ќе одлучи дали сама ќе ја експлоатира новата руда или ќе ја даде на некој во концесија.

Брод, Слатина и Сланско лежат скоро во центарот на Нова Србија. И бидејќи самата руда никогаш не се јавува во мали количини, може да се очекува дека трагови на истата руда ќе бидат најдени и на други места во Нова Србија. Односно, тука веќе не може да се зборува за надеж и комбинации, зошто трагите на солта веќе се најдени на повеќе страни.

Во изминатиот период е известено дека на Ретки Буки и на Чупино Брдо е пронајдена чиста сол. Сега се дознава дека во орешевскиот крај, десетина километри од железничката линија, има сол чии слоеви избиваат дури на површината на земјата.

Што се однесува до петролејот, негови траги се најдени околу Гостивар, а ги има исто така и во околината на Скопје. Нашите рударски инженери констатираа дека недалеку од Врање кај селото Буштрања има нафта, која редовно го прати петролејот и солта.“

Набргу потоа започнува Првата светска војна, а овие истражувања долго време биле запоставени. Дури по Втората светска војна, во периодот од крајот на педесетитите и шеесетите години на минатиот век, тогашната југословенска влада одобрила нафтени истражувања во Македонија, кои ги изведува тогашното претпријатие “Нафтагас“  од Нови Сад. Истражувањата се направени во Скопско Поле, Тиквешијата и во Овчеполието. После кратко бушење во Овчеполската околија, екипата на „Нафтагас“ во близина на Свети Николе наишла на солена вода што според експертите било доказ кои ги потврдуваат претпоставките дека во Македонија има нафта. Меѓутоа по речиси двегодишно истражување “Нафтагас“ престанала со работа и заминала носејќи ја со себе целокупната документација. Се претпоставува дека во тој период ниската цена на нафтата (10 – 20 долари по барел), допринела државата да нема интерес за експлоатација на ова наоѓалиште.

Денес кога нафтата достигнува висока цена од стотина долари по барел, интересот за експлоатација на нафта се повеќе се зголемува.

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.