Среда, 25 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Античко македонското собрание

Античко македонското собрание


slika_2

Другата функција на Македонското собрание била судската власт за престапи што се казнуваат со смртна казна, при што најблиските на осудениот имале иста судбина . Притоа владетелот имал улога на јавен обвинител и го водел судењето, а обвинетиот сам се бранел. Казната најчесто се состоела во каменување.

Mакедонското собрание не ја ограничувало власта на владетелот.

Македонското собрание во водење на надворешната политика

Еден од малубројните податоци е случајот со Еурипид: македонското собрание едногласно го одбило барањето на Атинците да им биде дадено телото на Еурипид кој пресгојувал во Македонија (408 - 406), умрел и бил закопан во Аретхоуса, а другиот е отфрлањето на плановите по смртта на Александар 323та. Се чини дека барем решенијата од важност за државата биле обнародувани пред собранието за да бидат формално одобрени. Владетелот или пак негов претставник го свикувал собранието.. Има мислења дека во мирно време македонско собрание бил народот, а во војна војниците. Меѓутоа се знае дека при прогласувањето на владетелот на Македонците удирале со копјата по штитовите, а смртната казна освен со каменување ја извршувале со копјата, што покажува дека членови биле само оние што имале право да носат оружје односно што имале граѓанско право, та затоа во изворите се нарекуваат граѓани војници.

Освен македонското собрание се споменуват и други органи како што е ''Советот на тагоси'' познат од изворите (Хесѕцхиос, тагонага: МакебоуисгЌ е посведочен и на еден натпис од Леукадиа (Голишани) , тагоси се познати само во Тесалија и тоа како сојузни магистрати. Тоа укажува дека станува збор за македонско влијание во Тесалија, што била под македонски протекторат уште од времето на Архелај (413399 год.), а од 352та год. ст.е. под власта на Филип, од што произлегува дека овој совет во Македонија бил државен, а не локален. Советници на владетелот најрано се спомнуваат во легендата за потеклото на династијата Аргеади при што Херодот го користи неутралниот термин паредрос - придружник. Некои мислат дека станува збор за совет на старци, што го поткрепуваат со натписот со текст на договорот меѓу Атина и Пердика ВТОРИ каде покрај името на владетелот и на членовите од најтесното семејство се спомнуваат и некои магистрати, според дополнувањето на Едсон - геронти, а не архонти.
Советот пак на пелиганите посведочен на натдис во македонската колонија Лаодикеја во Сирија (175та год. сг.е.),31 а во Селеукија на реката Тигар спомнат од Полибиј и двете основани по походот на Александар Македонски на Истокот, покажува дека овој по се изгледа градски совет, во Македонија го имало и во времето на Аргеадите.
Прогласувањето на кралот од Собранието значело дека Македонците своеволно ја прифаќаат владетелската власт, но дека ги задржуваат своите права: обраќање до владетелот, право на апелација,право да решаваат заодредени работи.

Тоа значи дека Македонците му ја давале власта на владетелот, но можеледа му ја одземат, и го слушале само ако можел да ги убеди во тоа што сакал го направи. Меѓутоа не е забележано колнење на верност и почитување на законите меѓу владетелот и народот како во Епир (Плут, Пѕррх, 5). Македонците, во изворите никогаш не се нарекуваат поданици. Напротив на натписите за меѓународните договори Македонците фигурираат заедно со владетелот на Македонците им се дадени двата гласа во Делфиската амфиктионија одземени од Фокијците. Повеќе племиња Филип натерал на послушносг и на плаќање данок на Македонците, Александар им одредил управник на жителите на Аспенд како и данок што требало да им го плаќаат на Македонците . Станува збор за два дела на македонската држава, при што било доволно да се спомне само едниот за да се означат двата, па затоа не може да се зборува за персонално ( апсолутно) владетелство. Званичната титулатура на владетелот се состоела од неговото име, патронимик и етниконот, или пак скратена - името со патронимик или името со етниконот, додека на монетите било доволно само името на владетелот.

Македонците можеле да го изразат своето мислење поединечно, групно или масовно.Така на пр. кога Филип и рекол на една стара жена дека нема време да ја сослуша, таа му одговорила:

,,Тогај немој да владееш''

Кога војниците му барале да им плати, Филип се извадил со шега и скокнал да плива во базенот.
Најголемата пак забелешка на Македонците кон Деметриј Полиоркет била таа што не го почитувал нивното право на обраќање до владетелот и не ги читал нивните жалби (примените молби ги фрлил од мосгот на Аксиј, Плут, Демет, 42), што се објаснува со фактот дека со татко му Антигон Едноокиот од мал живеел и растел во Азија, каде навикнал на послушни поданици. Кога пак група војници дошла да му каже дека

„Македонците се уморени од војувањв за неговото раскошно живеење", му било страв да спие во логорот (Пинт., Демет, 44).

Правото на ''исегоха'' Македонците го задржале и во време на Александар (Опис) иако станува збор за друг вид на монархија за другите ма не за македонците, имено сега Македонија била мулти етничка, персијанците биле навикнати со векови да се поклонуваат и да ја изврашуваат вољата на владетелот без приговор па Александар Македонски не морал да ги убедува , ма кај македонците не семенило ништо во однос на владетелот дури кај реката Хифас, Александар ги поттикнувал слободно да го кажат нивното мислење. Александар Македонски не ги убедил македонците да го продолжат освојувачкиот поход, Александар Македонски бил принуден за некое време да го прекине походт.
Примерите од времето на Филип ВТОРИ и Александар ТРЕТИ што некои ги земаат за да докажат дека власта на владетелот била неограничена и дека улогата на македонското собрание била формална (само ги потврдувало одлуките на владетелот), не се типични (така случаите на смртна казна без судење: Атал, Клеопатра со бебето, непосредно по смртта на Филип се одраз на борбата за власт), или пак се случуваат надвор од Македонија (судењето на Филота).

Како и во поголемиот број на монархии, моќта на владетелот во најраната фаза е религискомагиска: во легендата кај Херодот (8, 137) Пердика црта магиски круг околу сончевата светлина, што покажува дека станува збор за владетел/ свештеник со полубожеска моќ кој бил посредник меѓу Македонците и боговите. Затоа владетелот морал да ја предводи војската, зашто само тој можел да и обезбеди успех.

Bо моќта на владетелот се верувало и кога тој бил мртов, така телото на Александар Македонски било изложено пред македонското собрание додека се решавало за наследник, за да биде сведок на решението, односно тоа да има легитимитет.

Владетелотсвештеник имал секојдневна обврска, пред секој потфат, на почетокот на гозби за верските празници како на богот Се , чиј празник се викал ХетаиридеиаАтх, да принесува жртви во име на народот - простасиа. Македонскиот исгоричар Марсија од Пела, современик на Александар и свештеник на Херакле, запишал дека владетелот, кога доаѓал во некој град, бил пречекуван со гуала (вид на чаша) полна со вино за да направи либатио (жртва ).Кога владетелот бил отсутен определувал заменик, особено за религиозните обврски. Познати се неколку примери: некој си Јолај го заменил Пердика додека бил кај Потидеја, 432 год., 16годишниот Александар бил заменик на Филип кој го опсадувал Византиј, во име на отсутниот .

Владетелот морал својата религискомагиска моќ, а цо тоа и политичкиот легитимитет, да ги докаже преку обичајот на владетелски лов на диви животни, пред се лавови, што во 5от в. пред Христо ги имало во Македонија (Хер., 8, 125126). Инаку лавот игра значајна улога во едно од чудата на Херакле (според една традиција Херакле го убил лавот во долината Темпе низ која тече реката Пенеј), затоа бил земен за родоначелник на македонската владетелска куќа.Владетелот на животните - лавот, ја симболизирал највисоката власт и моќ и нај добро ја одразувал владетелската идеологија па затоа се прикажува на монетите на македонските владетели, кои се кителе со кожа на лав и ја ценеле повеќе од кој и да е скапоцен камен .

Дијадемата за прв пат ја вовел Александар Македонски кога бил крунисан во Арбела и бил прогласен за владетел на Европа и Азија и за господар на господарите, па така ја вовели и дијадемата која била персиски обичај .

Прв пат на вид на знаме било: црвено платно закачено на врвот од копјето сор и оса како знак за борба, се спомснува во време на Алексаидар.

Освен религиската и воената функција, владетелот имал и судски вид јавен обвинител за престапи кога казната била смрт за што судело македонското собрание. И оваа должност морал да ја врши согласно на законите. Така на пр. Филип ВТОРИ ја платил казната на осудениот бидејќи за време на судењето заспал. Очигледно се работи за случај на апелација, а не за обично судење, зашто во толку голема држава како Македонија, владетелот не можел да суди се па морало да има судии. Во време на Филип судии се спомнуваат ама не е јасно дали станува збор за судии на централната власт, или пак за локални.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.