Среда, 30 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Длабоко во својата душа, Европа е Македонија

Nestor6

Професор, Нестор Огинар
New York-Скопје

“Длабоко во својата душа,Европа е Македонија.Ако европејците ги немаат одликите на македонскиот селанец,нашиот живот е загубен и ние сме зелена мува на фиданка трендафил,откорнат и фрлен на буниште. Се што сме и што правиме, не значи ништо. Се`што нашите претци биле и го правеле,не значи ништо, освен ако природно не се изедначиме со селанките од Скопска Црна Гора и од Битола,чии што прсти никогаш не ги забораваат урнеците што ги направила една древна култура, како симболи за тоа што го открила во врска со животот и смртта”.(Rebecca Wnest-”Црно Јагне СивСокол”(1937)                                                                                                                                    

За сите оние што ја сакаат и почитуваат вистината за Македонија и Македонскиот народ и го чекаат денот на Македонското Изгерјсонце:

Нешто е туѓо во Македонското гнездо. Дамоклов меч се надвиснал над македонските глави.Предавството ни се повторува по којзнае кој пат во нашиот духовен и физички простор.Времето како да се исчашило од зглобот на нашите традиционални морални вредности.Зарем се,па дури и светото име МАКЕДОНИЈА има пазарна цена во оваа наса древна и библиска земја? Зарем оваа генерација на политичари и интелектуалци не научија дека големото име знае да ги понижи,наместо да ги воздигне оние што незнаат да го чуваат,негуваат и одржуваат?

Како е возможно да оние што до вчера немаа ниту гунче да носат,денес градат велелепни палати врз македонската почва?Тие што до вчера со оружје во рака ја уриваа Македонската држава и ги убиваа македонските синови и ќерки,денес,во името на “рамката од Охрид” дрско државотворат во нашата земја и ја претвораат во туѓина за македонскиот народ.Силата,уцената и корупцијата влегоа и владеат во секоја пора на нашето општество.

 Ние Македонците сеуште и катаден нашиот вековен сон за сувереност,независност и демократија ги доживуваме како ноќна мора,како кошмарен сон од кој нема будење.Македонскиот народ кој до вчера работеше вредно и совесно,денес бара работа и правда по завеаните улици и шалтери на партиските бирократи.

Денес,како и поодамна,во нашава Македонија се` тече,се` се менува:знаме,устав,закон,име…Ох Господе наш!Се гасат старите огништа во западна,источна Македонија,како некогаш во Егејска и Пиринска Македонија.Пловат флоти од параходи по реките солзи на расплаканите македонски мајки за своите чеда.Бледеат белите едра на хоризонтот на македонскиот прогон некаде помеѓу Сцилата и Харибдата на нашето неизвесно утре.

Ние Македонците сме единствен народ кому му ги сечат и корнат корените од вечната почва забележана во древните мапи и страниците на Светото Писмо:со забрането име,со непризнат јазик, со непризната црква со анатемисани симболи на СОНЦЕТО,ЛАВОТ И КРСТОТ.

Ние Македонците сме единствен народ запишан жив во Светото Писмо што го бришеле и бришат од сите цивилизациски тефтери и меѓународни архиви,од сите организации,корпорации,институциии фондации оние од човечкиот род кои што од нас Македонците украле и зеле и земја,и јазик,и писмо,и вера!

Денес,во нашата древна и библиска земја се к’ти ноќта црна и петлите трипати пејат.Пискотници се слушаат од Галичник до Река,Сердарот е мртов повеќе од два века.Децата бегалци талкаат по бескрајните меридијани на Македонскиот Прогон копнеејќи да запловат назад кон Белото Море.Во историските црковни и световни архиви на нашите соседни земји:членки на Европа и НАТО грижливо иљубоморно се чуваат сите документи,списи,парафи,томови,одлуки и договори што отсекогаш се ставени како жртва на моралниот олтар на светската цивилизација за да се брише и негира безочно се`што било македонско.Така било од памтивек така е и сега.Да,така е и сега,иќе биде така се` додека на кормилото на Македонскиот Кораб стојат себични,алчни,корумпирани политицари и партии,чиишто усни никогаш не го почувствувале млекото на нивната стара,измачена Мајка што ги изнедрила од своите пазуви...

Но,ними ќе им речам,а ќе им речам и на нивните колонијални покровители нешто што сум го чул од испуканите усни на мојјот стар дедо кога се враќаше дома при зајдисонце со мирис на пресната Македонска земја од нашата плодна нива:

Македонецот не е немоќен дури кога се чини дека сите околу него,целиот жив свет го изневерува и напушта,затоа што во себе од памтивек ја носел стоичката кремена сила на своите претци.Од магичниот извор на своето трагично постоење, тој знаел да помнеи да не заборава.Тој знаел,во длабоките пазуви на својата благородна имилозлива душа да ги собере чувствата,звуците,формите,боите,симболите и зборовите и вртејќи се со нив кон Божјото око на Сонцето да направи од нив човечка драма што ја одразува бесмртноста на неговата волја за опстанок во театарот на животот.

Нам Македонците,не ни се потребни ни НАТО, ни Европа за да опстоиме.Сме биле пред тие да бидат и пак ќе бидеме!Нам, на Македонците не ни требаат неверни политичари и партии што не ја сакаат Македонија пред и над се`!

Нам,драги мои Македонки и Македонци ни треба да го најдеме заспаниот Херакле во секој од нас за да ги исчисти смрдливите стаји на Авгиј од сметот што врз нас со генерации го фрлаат домашни предавници и меѓународни месетари!

Да,ние би пловеле кон заводливата Европа,кон НАТОи кон Запад но не на роговите на разбеснетиот блуден бик,туку со веслата во кајчето на побожниот рибар Климе,со белите едра исткаени со белите раце на Билјана,со белите бисери на вечниот Охрид и очите сироко отворени кон Македонскот сонце!

Нашиот древен уцител,Аристотел не` учи да изгориме,секој од нас во огинот запален од нашите претци,да изгориме сите до еден за она во што веруваме за да има и светлина и топлина во огништето на нашите идни поколенија.Без тој безпрегор нема иднина.

Мудриот Сократ бара да се знаеме себеси пред се`и секој друг... Пред да бидеме Европјани,да бидеме Македонци!Зашто во делото на”Новиот Завет”,Македонецот бара од Светиот Велик Апостол Павле да дојде во Македонија и да помогне,како што Господ Бог им помага на оние што научиле да си помогнат на самите себеси.

Во Македонските бујни и високи гори,од Шар Планина до Грамос,од Кораб до Пирин растат и дабот и дренот и духот на Македон бдее будно над Македонија.

Сите оние што губат вера и надеж во Македонија,во себе во иднината мораат да мислат од изгрејсонце до зајдисонце дека постои и место и простор под ова сонце за вековните стремежи на безбројните генерации Македонци чии што коски и пепел се всадени во земјава што сите не` крепи.И тоа место е наше и никој не ќе може да ни го земе ако го чуваме и браниме како свои на своето: Ние…Народот,а не белосветските месетари и голобрадите политичари на кои сме им ја дале власта и довербата по легитимен и демократски пат.Македонија не е нивна,на нивните партии и надворешни наредбодавци.Македонија е наша;Таа е нашето име и достоинство,нашата гордост и надеж!

Македонија е вечна и неуништлива!Таа не е само име.Таа е и идеја,и идеал.МАКЕДОНИЈА,тоа е народот,луѓето:тоа се тутуноберачите,селаните,работниците,студентите,артистите, професорите,војниците,свештениците…Тоа се Македонците,нивните солзи,воздишки,нивниот труд,копнеж и надеж,нивниот живот и неизбришлива свест,свест на еден трагичен,горд,достоинствен ичовекољубив народ чија што порка до светот од секогаш била е иќе биде:

“Се`што Македонија раѓа,се`што Македонија дава,се`што Македонија остава е наше македонско.Како што треба да е наша и верата иљубовта кон ближниот и кон Бога и кон земјата Големата Мајка Македонија од чии што пазуви излегуваме и во чии што предели повторно се враќаме по бескрајните патеки на нашата национална Голгота.

Ако ја спасиме Македонија ќе го спасиме и светот и затоа не смееме да дозволиме да живееме во свет,во простор и време во кој ја нема Македонија и Македонскиот народ!

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.