Среда, 23 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Историски белешки за Мијаците – мијачка аристократија (3 дел)

Македонска нација

kniga-za-mijacite-nova

Во првите два дела од освртот на „Кигата за Мијаците“ (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941) од прилепчанецот Георги Трајчев, видовме дека авторот заклучува дека Мијаците се древно славјанско племе кое првично живеело во Солунско поле. Како доказ за неговата древност авторот меѓудругото се повикува на македонскиот деец Благоја Димитров (добар познавач на старогрчкиот јазик), кој посочува дека во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис „Тука почива војсководец, по потекло Мијак“.

Трагајќи по корените на Мијаците и нивната посебност, Авторот Трајчев ја согледува поделеноста на македонските славјански племиња, па повикувајќи се на историчарот К. Иричек пишува:  „..Славјаните на Балканот, иако имале заедничко име, не се соединиле во едно цело политичко тело. Тие биле разединети на многу мали племиња, при што секое од нив си имало посебно име и посебно управување.“  Авторот Трајчев иако не говори за заедничкото име и причните за нивната разединетост, тој всушност како да не наведува на одговорот.

Така, ако го апстрахираме тврдењето на некои историчари за т.н. доаѓање на Славјаните на Балканот, неминовмо доаѓаме до политиката на Рим, кој по победата врз македонскиот цар Персеј кај Пидна во 168 год. пр.н.е., Македонија ја поделил во 4 мериди (републики), а на жителите на македонските полузависни републики им забранил меѓусебно склучување на бракови и трговија. Оваа забрана на Рим ќе остави длабоки корени во однесувањето на населението на територијата на Македонија, односно на славјанските племиња, па и кај Мијаците. Тоа ќе го видиме подолу во текстот кога Трајчев говори за односот на Мијаците и Брсјаците. Но, претходно да видиме според податоците кои ги има Трајчев кои славјански племиња живеат на југот од Балканскиот Полуостров.

„Имињата на тие племиња не се на сите познати“, вели Трајчев и продолжува: „Најчесто споменувани на југ од Балканот се: Загорци, Драговици (н.з Драговити), Мораци, Смола (н.з. Смољани), Струмци (н.з Струмјани) и др. Во Едада (н.з. Елада) и Пелопонез: Милци (н.з. Милинзи), Езерце (т.н Езерани)и Велосичи (н.з Вајунити). Тоа се познати, а кој може да рече дека освен тие немалу уште други славјански племиња, за кои византиските летописци не споменуваат ништо.“ – ќе забележи авторот Трајчев.

Некои имиња на славјанските племиња како Загорци и Мораци, кои авторот ги спомнува, за нас остануваат непознати, односно само претпоставка за која не би шпекулирале. Но, авторот, токму во имињата на племињата: „Мораци“ и „Милци“ ја бара сличноста со Мијаците. Како што пишува Трајчев: „Нема ли нешто општо со нивното потекло? Или не ли се кријат нашите Мијаци меѓу оние славјански племиња, за кои Иричек вели дека не се сите познати?“  

Трагајќи по вистината Трајчев вели: „Денешните Мијаци се сметаат за чисти славјани, остаток од старите славјански племиња, кои ја населуваа земјата. Подоцна настанало мешање меѓу Мијаците и остатокот на Самоиловиот народ (т.н. Самоилови бољари – благородници или  аристократи), кои по распаѓањето на Царството ... се  повлекле во недостапните македонски планини.“ Тој ги цитира историчарите Иричек и Шелонержер (?) кои заклучуваат дека Самоиловата армија го поминала Вардар и одседнала во западните краеви на Македонија..

“Како што пишува авторот, тие сметаат дека дошло до мешање меѓу Мијаците и Самоиловата аристократија, што потоа „на денешните Мијаци им дава причина да се чуствуваат за наследници на Самоила, односно дека имааат аристократско потекло.“

Потврда на ова нивно мислење Трајчев го наоѓа и во историските податоци кои говорат дека: „кога Турците, на чело Султан Мохамед II, кој во 1468 година, поминал низ Охрид, го сметал населението на дебарската област за аристократско. Исто така и Иричек ги смета населението од Дебарската област (Дебар, Дринкол, Река) за благородни луѓе со аристократска гордост.

Во тој контекст, авторот го спомнува преданието во кое се раскажува „дека игуменот Јоан од манастирот Св. Богородица, учествувал во помирувањето меѓу Василиј II и пребегнатите (во реканско) благородници, поради што Василиј, за благодарност, го поставил подоцна за архиепископ на Охридскиот престол. Второто предание говори дека синот на Самоил Гаврил..., имал ризиденција во село Скудрине, кое во тоа време било големо село со манастир.“

Според авторот Георги Трајчев и други околности наведуваат дека Мијаците се во сродство со Самоиловата аристократија. За тоа тој ги наведува следните примери:

„ 1) Тоа кажува дека во никоја друга област на татковината, не се среќаваат лични библиски имиња како кај Мијаците. И навистина, кај Мијаците се сретнуваат:

Аврам, Исак, Јаков, Рафаил, како и имињата на браќата на Самоил: Мојсеј, Арон, Давид и др.

2) Блескавиот (пурпурен) цвет на женската мијачка носија личи на аристократска.

3) Убавината на домашните параклиси и цркви, посочуваат на благороднички производ.

4) Мијачките младоженци (зет и невеста) за време на венчавка носат црвени или жолти обувки, какви што носеле византиските владетели, а покасно и бугарските цареви и благородници.

5) До скоро, во многу мијачки села мијачките главатари кои ги раководеа селските собранија, дела и собитија, како и некогашните аристократи го чуваа и бранеа населението од надворешна беда и напаст. Такви современи благородници беа: Томо ќаја од Галичник, Ѓурчин од Лазарополе, Сарџо од Тресонче, Исион Дељов од Росоки, Аврам Божинов и Филип од Осој; Битуш од Битуше и др. Тие современи благородници, со своето аристократско однесување, седнати на убави, добро одгледани и оседлани коњи, со злато украсени седла и узди, некои опашани со долги сабји, обиколени со многубројна свита – еднакво биле респектирани од Турците и Бугарите. Пред нив сите станувале на нозе и смирено благоповели

6) Мијаците имаат свое знаме, украсено со Лав, кое се развива над куќата во време на свадба. Тоа знаме е старо, колку што е старо и самото племе. Тоа е зачувано само кај Мијаците во Дебарскиот крај.

7. При погребувањето на покојниот, свештеникот зема парче тула или керамида, на која на врвот прави круг и крст во средината со буквите И. Х. Н. (Исус Христос Ника), а потоа се фрла во гробот. Се вели дека стариот круг служел за амблем на „бугарските цареви и бољари“.

Колку и да се обидува Трајчев да биде во рамките на бугарската пропаганда, која Самоил и неговото царство го претставува како бугарско, тој всушност во „Книгата за Мијаците, ја оспорува оваа теза и Самоил го  преставува како Мијак. Тој за ова во продолжение вели:

„Историски сеуште не се знае потеклото на родот на цар Самоил. Така на пример, проф Јордан Иванов тврди дека цар Саомил има ерменско потекло; проф. Златарски, Пастухов, Цветко Стојанов и други мислат дека родот на Самоил имал славјанско потекло – од македонското славјанско племе Брсјаци; проф. Никола Благоев го смета родот на Самоил за прабугарски; српскиот професор Владимир Петкович мисли дека Самоил има персиско потекло. Византиските историчари Јован Скилица, Георги Кедрин, Јован Зонара, Кекавмен и други ги сметаат Самола и брат му за бугари. Меѓу тоа разногласие на нашите и страните научници за потеклото на родот на цар Самоил, ќе додадам уште едно мислење. Онаа за кое се знае и говори во реканско. А тоа е дека има Мијаци, кои дури го сметаат Самоил за свој, за Мијак. Тоа свое мислење го засноваат и на фактот дека духовните вредности кои ги поседувал Самоил (јунак, силен, смел, решителен, неустрашив и т.н.) се својствени на мијачкото племе.“

И така, продолжува авторот, „Мијаците се малуброен остаток од старославјанско колено, кое го населувало солунско занимавајќи се со сточарство, чиј што живот ги натерал да бараат подобри прибежишта и пасишта за многубројните стада од овци и коњи. Таквите прибежишта и удобности ги наоѓаат во денешните свои населби во реканско, од каде по старата традиција, секоја година слегуваат со своите стада за зимување во солунско поле, укажувајќи на таков начин на својата стара прататковина (солунскиот крај), од каде првично тргнале. Тие го задржале својот сој чист, благодарение на својот конзервативен дух и големата изолираност на родот меѓу планиските разграноци на Шар, Кораб, Бистра и Стогово. Следствено, тие се „македонски Пруси“.

Тука нема ниту Албанци, ниту Грци, ниту Срби, ниту Евреи, ниту дури Цигани, и затоа немало преливање на крвта од една раса во друга низ браковите.  Подоцна настанало мешање со Самоиловите благородници.“

Римската забрана за склучување на бракови меѓу Македонците од различните мериди, како долго време да важеа за Мијаците. Како што пишува Трајчев  „Мијаците и Брсјаците, иако и во блиско соседство (кичевски на пример), немаа абсолутно никаков контакт меѓу себе. Ниту се женееа, ниту се мажеа едни со други... “  Оттука, тој причината за оваа појава ја бара во психата на Мијаците, за што вели: „Галичаните се чуствуваат себеси како роднини на некогашните благородници, во кои тече аристократска крв; па следователно на тоа имаат аристократски дух, т.е. се современи патриции, а сите други (брсјаци и др.) се плебејци, подолна раса на луѓе, со кои е навредливо да се ородите.“

На крај, тој во својата книга се осврнува и на пишувањето на српската пропаганда, односно  за тоа што говорат српските научници за Мијаците. Во тој контекс го цитира Светозар Томич (посрбен галичанец) кој во своите патни белешки за Мијаците вели:  „Српското племе Мијаци се спомнува од најстарите времиња.  Сите кои пишуваа за Македонија или за српското племе, ги спомнуваат и Мијаците. Брсјаците и Мијаците се највидни српски племиња во Јужна Србија. Уште во првите денови на историскиот живот на нашите народи, тие се први спомнати. Додека сите други останати племиња на нашиот народ во Македонија го изгубиле својот етнографски лик, само Брсјаците и Мијаците го запазиле, а најмногу Мијаците.  Денес може да се каже дека тие две племиња живеаат како компактна племенска маса и т.н.   

Според Трајчев, тврдењата на Томич се во полна противречност со историската вистина. Како што вели авторот на крајот: „српското племе се јави во историскиот живот на Македонија едвај во XIII век, а Мијаците и Берзитите (Брсјаците) се најстарите славјански племиња (Струмци, Загорци и др.) го населувале Балканскиот Полуостров. Нив тука ги затекнуваат Бугарите уште при нивната појава и по претопувањето и асимилирањето, во смисла на Мијаците и Брсјаците, се јавуваат денешните Бугари, кои за време на цар Самоил му беа најхрабра армија која цели 20 години ја  застрашуваше Византиската империја. Исто така мислат Томо Смиљник - Брадина (Библ. Македония № I, 1924 г.), Р. Огњановиќ (Јужна Србиа, 1922 г. кн. II, бр. 17), без да си дадат сметка за историската вистина.“

Всушност, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ ги негира тврдењата не само на српската туку бугарската пропаганда, посочувајќи притоа дека за разлика од Мијаците, Србите и Бугарите се дојденци и многу подоцна се појавуваат на историската сцена.

(крај)

 

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.