Понеделник, 08 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Нека ни е вечна Република Македонија, нека ни е честит денот на независноста на Македонија!

macedonian-flag3D2-1

На 8 септември 2014 година, Македонија слави 23 години од својата независност.

На овој ден во 1991 година, македонскиот народ на референдум со мнозинство гласови одлучи Македонија да стане независна и суверена држава. Од 1.495.626 граѓани со право на глас, гласеле 1.132.981 или 71,85 отсто гласачи, а од од нив на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сокуз на суверени држави на Југославија“, позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани или 95,09 % (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). По затворањето на избирачките места македонскиот народ спонтано излезе на плоштадот “Македонија“, каде го прослави осамостојувањето на својата земја.

На референдумот му претходеше Декларација за независност која беше усвоена од првото повеќепартиско Собраније на Република Македонија на 25 јануари 1991 година. Искажаната желба на македонскиот народот на референдумот, беше потврдена со изјавата за прифаќање на резултатите на 18 септемнври 1991 година во Собранието на Македонија.

На 15 јануари 1992 година, по соопштувањето на Извештајот на арбитражната комисија на Евроската заедница на чело со Робер Бадинтер, дека покрај Словенија, Македонија ги исполнуваат сите услови за меѓународно признавање, државноста на Македонија ја призна Бугарија а потоа повеќе пријателски земји како Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Од осамостојувањето до денес, повеќе од 130 држави ја признаа Македонија под уставно име, но, истовремено таа помина низ многу притисоци, закани и искушенија.

Македонија беше единствена република која од СФРЈ која беше зафатена со вооружен конфликт, излезе без судири и жртви. Меѓутоа тоа само беше почеток на еден друг пат кој сеуште не е завршен. Спорот за името со Грција кој се појави со осамостојувањето на земјата веќе 22 години го попречува развојот и евроатланското интегрирање на земјата.

Веќе на 27 јуни 1992 година, Европската заедница под притисок на Грција ја усвои Лисабонската декларација со која изјави дека ќе ја признае Република Македонија, но не под име кое кое ќе го содржи терминот Македонија. Како одговор на Лисабонската декларација на ЕЗ, Русија на почетокот на август 1992 година ја признава државноста на Македонија, а месец дена потоа и Белорусија. Сепак, Грција не престана со своите правокации и започнува нафтена војна против Македонија, која до повлекување на ембаргото траеше речиси еден месец.

Нациналистичката реакција на Грција, која појавата на Македонија го сфати како директен атак врз грчките национални интереси, предизвика низа успешни но и несоодветни реакции на тогашната македонска влада со чии последици Македонија се носи до денешен ден. Уште во текот на 1992 година, на меѓународна конференција проциркулира предлогот Македонија да биде примена под уставно име, но до разрешување на спорот со Грција да се користи привремената референца “ПРЈМ“. Иако се противат, под меѓународен притисок двете земји ја прифаќаат привремената референца, а на 7 април 1993 година, Советот за безбедност со Резолуцијата 817 го одобрува влезот на Македонија во ОН, по што во текот на истата и почетокот на 1994 година следува серија признавања од страна на клучни земји како што се Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Јапонија, САД и др.

Признавањето на Македонија предизвикува серија националистички испади во Македонија и Грција, каде доаѓа и до пад на владата. Сето тоа ќе доведе до прекин на преговорите во ОН, а Грција како дополнителен притисок воведува трговско ембарго кон Македонија во февруари 1994 година. Тензиите меѓу двете земји се намалија со Привремената спогодба која е потпишана на 13 септември 1995 година во Њујорк. Со овој договор Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го измени Уставот во делот на преамбулата во која се вели дека земјата нема територијални претензии кон соседните земји. Истовремено Грција со спогодбата се обрза дека нема да го попречува патот на Македонија при зачленување во меѓународните институции, како што се монетарните институции, НАТО, ЕУ и сл.

Настаните на територијата на поранешните југословенски републики, како и Времената спогодба со Грција не ја отстрани опасноста по Македонија, по што доаѓа до безбедносни аранжмани со НАТО во јануари 1996 година, а Советот на безбедност го прифати предлогот од 1 февруари 1996 година во Македонија сили за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП) да станат целосно независна операција во Република Македонија. Мисијата на УНПРЕДЕП и распоредувањето на меѓународни сили пред да се случат насилства стана модел на превентивно чување на мирот и извор на гордост на меѓународната заедница.

Меѓутоа, лошата економска политика и несоодветната приватизација на општествениот во приватен капитал на тогашната влада на СДСМ ќе создадат предуслови за внатрешен конфликт. По економскиот пустош кој настана во текот на транзицијата, потоа Косовската криза во 1999 година и влезот на преку 360.000 бегалци од Косово, со кои во најголем дел Македонија сама се справуваше, ќе се рефлектира и ќе ескалира во 2001 година. Без финансиска подршка од страна, освен од невладините организации, во моменти кога е запоставен социоекономскиот аспект, иако до денес целосно не е дефинирано што точно се случуваше, на површина ќе се појави „меѓуетнички конфликт“.

Но, Македонија се покажа многу поотпорна од други постари и поетаблирани држави. Та ги изненади сите оние кои уште на почетокот на нејзиното осамостојување веруваа дека земјата нема да опстане ни три месеци. Таканаречената „мекедонска салата“ при експлозијата не ги поткопа темелите на македонската држава. Македонија која од стално ги негувала меѓуетничките односи релативно лесно се справи со последиците на овој потрес.

По 2006 година, кога на власт доаѓа паријата ВМРО ДПМНЕ, до израз дојде новата прагматична политика која ја води нејзиниот лидер и премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Од тој момент, во Македонија се менува целокупниот амбиент во земјата. Се прават огромни напори да се искорени криминалот и корупцијата, се прават реформи во судството, се даваат погодности и полека се зголемуваат странските инвестиции во земјата и бројот на вработените, се даваат субвенции за земјоделците, се потикнува градежништвото, се води грижа за пензионерите, но и се создаваат можности за образование за секого. Всушност нема дел од општествениот живот во кој не се чуствува подобрување, што е посебен успех ако се знае дека во последните години во светот владее економска криза која не ја одмина ни Македонија.

Во последно време Македонија се повеќе ја посетуваат странски туристи кои имаат можност да се запознаат со историјата на македонскиот народ. Покрај Охрид, македонските манастири и цркви, Хераклеа и Стоби, проектот Скопје 2014 станува интересна дестинација за нив. Сите тие полека но сигурно ја шират вистината за македонскиот народ.

Во меѓувреме и по 23 години продолжува дипломатската битка со Грција. Носењето со проблемите оди релативно добро, иако Грција сеуште го блокира влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, со што ја прекршува Времената спогодба.

Младите Македонци, кои се родени по 8 септември 1991 година, како и постарите, се повеќе се противат на употребата на референцата, која ги навредува нивните чувства. Време е после 23 години од овој историски момент да се отврли привремената референца и Република Македонија да го завземе своето место во меѓународните институции под уставно име.

Нека ни е вечна Република Македонија, нека ни е честит денот на независноста на Македонија!

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.