|
||||
Благодарение на Турција, саркофагот на Александар Македонски дојде во Македонија |
Македонска нација, упатува благодарност до Република Турција за изработката на копија од саркофагот со претстава на Александар Македонски, чиј оригинал е изложен во Археолошкиот музеј во Истанбул. Мермерниот саркофаг на Александар Македонски кој потекнува од 4 век пред нашата ера, бил откриен во 1887 година од турскиот антиквар и археолог Осман Хамди Беј кој вршел ископувања на некропола во близина на либанскиот град Сидон. Во тој период, територијата на денешен Либан била дел од Османската империја. Во текот на истражувањето, Хамди Беј наишол на четири масивни добро сочувани саркофази кои припаѓале на значајни личности од Сидон од времето на Александар. Саркофазите со брод биле пренесени во Истанбул и потоа презентирани на јавна изложба во Отоманскиот Империјален Музеј, кој специјално за оваа намена официјално бил отворен на 13 август 1891 година. Оттогаш па се` до денес, саркофазите се чуваат во Музејот во Истанбул. Овој луксузен камен ковчег е познат во светот како саркофагот на Александар и претставува најголема атракција за посетителите кои доаѓаат во Археолошкиот музеј во Истанбул. Саркофагот на Александар плени со својот изглед. Овој петнаесет тонски мермерен ковчег бил направен од два блока високо квалитетен пантелиски мермер. Со тек на времето блескавиот мермер добива златникава боја и ја покажува целата раскошност на релјефните претстави кои укажуваат на значењето и богатството на покојникот. На едната долга страна на саркофагот прикажана е борбата на Александар со Персијците. Во сцената која ја претставува битката кај Ис, македонскиот крал е прикажан како коњаник, со шлем од лавовска глава, како со копје прободува персиски коњаник. Од другата долга страна, Александар е претставен во лов на лавови. Меѓу јавачите кои го пратат се смета дека на убавите релјефни претстави се наоѓаат и ликовите на генералите Пердика и неговиот побратим Хефајстион, но и на кралот на Сидон, Абдалонимус. Двете кратки страни содржат сцени кои го прикажуваат Абдалонимус во битка и лов на пантер, како и битката кај Газа и убиството на Пердика. Копијата на саркофагот на Александар Македонски, е резултат на добрата соработка меѓу турските и македонските археолози, и уште еднаш ги потврди добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Македонска нација, упатува благодарност до Република Турција за изработката на копија од саркофагот со претстава на Александар Македонски, чиј оригинал е изложен во Археолошкиот музеј во Истанбул. Турција беше меѓу првите земји која ја призна независноста на Република Македонија и е нејзин најголем лобист во НАТО. Македонска нација
|