Актуелно
Четврток, 02 Август 2012 22:35    PDF Печати Е-пошта
Обраќање на Претседателот Ѓорге Иванов на Мечкин Камен

ivanov_2- И овој пат сме на Мечкин Камен, во спомен на нашите Илинденци – борците кои се бореа за праведност и слобода, борци за подобра иднина.

Повеќе...
 
Среда, 01 Август 2012 08:23    PDF Печати Е-пошта
Светска Македонска Средба Трново 2012

smk_copy_copy_copyСМК

На 2 август на Илинден, во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи Четириесет и првата Светска Македонска Средба Трново 2012.

Повеќе...
 
Среда, 01 Август 2012 03:04    PDF Печати Е-пошта
Жени воини

zeni-voiniГордана Димовска

Многумина мислат дека во античко време жената имала улога само на мајка, жена затворена во своите палати, без никакви права. Па од таму и помислата дека војните ги воделе само мажи. Но историјата бележи безброј податоци од антика до денес дека жената била и учесничка во војни а во некои случаи и причина за војни. За тоа дека жените биле и борци не е нешто измислено во 20-тиот век туку многу одамна.

Жените- воини, во античко време се познати по својата убавина, мудрост, храброст и интелигениција. Особини кои за жал не смееле многу да ги истакнуваат во нивното време. Можеби на жените водачи, кралици, мајки не им биле дадени сите привилегии и права да се борат рамноправно со мажите, сепак треба да веруваме дека нивните дела останале да инспирираат генерации и генерации на жени и мажи до ден денес.

Една таква личност, жена – воин била и Олимпија, мајката на Александар Македонски. Нејзината борбеност секогаш била засенета поради популарноста на синот и сопругот Филип. До израз доаѓа дури после смртта на Александар. Со цел да ја заштити сопругата на Александар, Роксана а нејзиниот внук да го преземе царството таа била изложена на многу непријатни настани и предизвици.
На Олимпија и требал регент кој би ја штител царската функција и семејството. Таа верувала дека најсоодветна личност би бил – Птоломеј од Египет. Таа во него го гледала спасот на македонското царство од пропаѓање, поради неговата храброст, многубројна војска.

Големото растојание од Македонија до Египет не и овозможило на Олимпија веднаш да ја реализира својата намера. Меѓутоа, од кога дознал Касандар за настаните во Пела со молскавична брзина пристигнал во Македонија и се судрил со војската на Олимпија. Олимпија немала никакви шанси за победа и се утврдила во крепоста Пидна. Завладеал глад и таа морала да ја предаде крепоста Амфипол за да ја ослободат Роксана и малиот Александар. Но за жал, тие наместо да ги ослободат,биле повторно притворени а Олимпија каменувана. Не и се исполнила желбата да го види малиот Александар на тронот.

Популарноста на жените борци не стивнувала ни за време на Македонија под османлиското владеење. Во борбите против османлиите се бореле и жени - ајдути. Некои од нив биле толку популарни меѓу народот па станале и војвотки. Таков е примерот со Сирма Војвода и Румена Војвода. И двете се опеани во македонските песни заради нивната пожртвуваност, борби за ослободување на Македонија. Родена е во селото Ѓушево (Ѓуешево) според некои податоци во 1826, а според други во 1831 година. Била убава и силна девојка. Во 1843 година се омажила со својот соселанец Ѓорѓи и со него имала син, Андон. Кога детето имало само 4 години, Румена ја зела пушката на рамо и заедно со уште 15 –тина ајдути се заколнала дека ќе се бори против наездите на османлиите и ќе го штити населението од насилниците.

Во текот на нејзината младост таа била неколку пати грабнувана, принудувана да се потурчи. Кога турците го барале Дедо Иљо Малешевски, ја фатиле Румена и ја мачеле за да им каже каде се наоѓа Дедо Иљо Малешевски. Тоа го правеле пред сите селани а таа трпела, не се предавал и со гордо издигната глава им рекла ‘има да видите вие‘

Пред да замине в планина, таа оставила аманет до семејството, да се грижат за нејзиниот син Андон. Румена изјавила: "Ајдутин сум, целиот свет пропиштел на мене! Штом е така нека станам ајдутин. Познати и забележани се нејзините борби против насилниците во 1856 до 1860 година. Таа била наречена Планинска царица која успеала да го ослободи населението  од турски армиски чети.Таа ги напаѓала и чорбаџиите но и предавниците и соработниците со османлиските власти и бегови.

За жал како и многу други ајдути во крвави меѓусебни пресметки и Румена била убиена и тоа од раката на нејзин соборец.

Сирма Војвода Сирма пак исто така една позната легенда, личност која зазема посебно место во македонската историја. Била ќерка на тресончанката Анѓа и на зографот Петре Врлески. Уште на 18 години решила да тргне во борба против зулумџиите. Еден ден без да ги извести родителите за својата намера, се облекла во татковите бечви и заминала на планината Стогово. Таму се нашла со седумдесет Македонци – Мијаци кои биле со иста цел и исти желби.

Умрела во Прилеп во својата 85-та година од животот. Била голема загуба за Прилепчани, за цела Македонија. Била погребана со најголеми почести. Денес историчарите жалат што Димитар Миладинов кој лично ја познавал Сирма , не оставил повеќе детали од нејзиниот живот. Останала напишана само една куса белешка која во целост гласи вака:

"Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таја ги водеше ја узнаха како девојка кога и се скинаха петлиците од градите".

Можеби некаде постојат повеќе податоци за неа како и за многу други македонски војвотки. Прашање на време е кога и каде ќе се пронајдат.

Но секако не останале незабележани македонските револуционерки ни во странските списанија. Британскиот весник График на 28 ноември 1903, објавува фотографија од македонска револуционерка. Во овој угледен весник како што напоменавме и во минатата статија под наслов ‘По патот на вистината‘, се пишувало детално за случувањата во Македонија. Посебно за борбите на македонските револуционери пред и за време на илинденското востание. Сето тоа проследено со слики од настанот- фрлање бомби во борбата против Турците, децата како жртви од ваквите настани, зборните места на војводите – сликани како држат состаноци и ред други настани.

 
Среда, 01 Август 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Спомени на Максим Поповски за Илиндеското востание, запишани во 1953 година во село Бабино

kuburata240“Илинденското востание поочна ноќта оред  Илинден на 1 август вечерта. Центарот за подигање на востанието беше село Бабино. Во бабинските ливади  на местото “рамни ливади” се разви македонското знаме кое беше наполно црвено, од црвена свила и купено беше во Битола за 45 лири. На него пишуваше “смрт или слобода”, знамето беше везено од девојки од Битола.

Повеќе...
 
Среда, 01 Август 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Привремена влада на Крушевската Република

clenovi-na-privremenata-vlada-na-krusevskata-republika-240Еден од најсветлите моменти во долготрајната борба за создавање на самостојна и национална држава на македонскиот народ е Илинденското востание во 1903 година и воспоставувањето на привремената влада на Крушевската Република. Иако трае само десет дена таа ќе ги постави темелите на идната македонска држава.

Повеќе...
 
Среда, 01 Август 2012 03:01    PDF Печати Е-пошта
Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“

nks-10-dena-krusevska-republika-240Во чест на Крушевската Република – првата Република на Балканот

Повеќе...
 
Среда, 01 Август 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Илинденски проглас од ДООМ- 1977 г.

doom2По случајот 74-годишнината од бесмртната Илинденска епопеја, Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија упатура борбени илинденски поздрави до сите Македонци.


doom-za-tret-ilinden

ilindenski-proglas-1

ilindenski-proglas-2

 
Вторник, 31 Јули 2012 22:39    PDF Печати Е-пошта
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот

 

utrinski

Американскиот конгресмен Кристофер Смит е новиот, 12-ти член на групата за соработка со Македонија во американскиот Конгрес.

Републиканецот Смит е конгресмент од изборна единица во сојузната држава Њу Џерси, дом на голем број доселеници од Македонија. Дополнително, Смит е член на комитетот за надворешни работи на Претставничкот дом на американскиот Конгрес, и претседавач со американската Хелсиншка комисија, тело задолжено за следење на почитувањето на обврските на државите членки на ОБСЕ.

Повеќе...
 
Вторник, 31 Јули 2012 11:33    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ

vmroПартијата на власт ВМРО – ДПМНЕ ужива повисок рејтинг во однос на опозициската СДСМ и тоа со 25,5 наспроти 19 отсто од определените гласачи, покажува истражувањето спроведено во текот на овој месец од Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Повеќе...
 
Недела, 29 Јули 2012 15:35    PDF Печати Е-пошта
Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

trnovoПод мотото „Македонија е вечна“, денеска се одржа 32-та традиционална погранична средба во потпелистерското село Трново во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. На средбата уште еднаш беше упатена пораката за неменување на уставното име на Македонија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.