Актуелно
Вторник, 17 Октомври 2017 21:24    PDF Печати Е-пошта
Народот има полно право да избере, но нема право да се лути

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака.

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака.
Мнозинството народ ги легитимираше погубните политики на СДСМ и Заев

Зоран Заев синоќа објави дека резултатите на изборите ги смета за поддршка на неговите политики. Мислеше на политиките на централно, на национално ниво. Оние за кои многу граѓани беа против, се згрозуваа и противеа, политиките на редифинирање на Македонија.

Имајќи во обзир дека тој на овие избори излезе со цел тој багаж, вклучувајќи го и законот за двојазичност, договорот со Бугарија, најавата за смена на името, зголемувањето на даноците, а не толку отворено но сепак доволно јасно и за носење на мигранти и за редифинирање на бракот, со можност за склучување на хомосексуални бракови и нивно посвојување деца. Се чини дека мнозинството од граѓаните преку гласањето не само за градоначалниците туку и за партиите, за советничките листи, му дадоа легитимитет за сите овие операции.

alt

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака. После еден месец битка во Собранието на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за неносење на неуставниот закон за двојазичност, СДСМ доби повеќе гласови на изборите. Да, имаше нерегуларности и изборите не беа фер, но ако народот навистина беше против, ќе застанаше со такво мнозинство зад ВМРО-ДПМНЕ што ќе ги надминеше сите купени гласови и разни „далавери“ кои СДСМ ги правеше на изборите.

Тоа не се случи и Зоран Заев доби легитимитет за овој закон. Истото важи и за договорот со Бугарија, кој не е поминат во Собранието, и со договорот со Грција кој ќе биде на ист начин договорен наскоро, договор во кој Македонија ќе попушти се, а Грција речиси ништо. Слично и за мигрантите и за браковите и посвојувањата на деца, како и за покачувањето на даноците. Мнозинството граѓани на некој начин ја легитимизираа политиката на бркање на странските инвеститори или во најмала рака недоаѓањето на многу нови.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше на власт. Не дозволи промена на името и идентитетот, не прифати ваков договор со Бугарија, не прифати двојазичност на цела територија, не прифати мигранти да се доселат во Македонија, воведе најниски даноци во светот и не ги зголеми дури ни во време на најголема светска криза, кога имаше алиби за тоа и сите земји зголемуваа даноци. За хомосексуалните бракот и посвојување деца не се ни помислуваше. Вчера мнозинството во Македонија даде нова насока.

Епа, нека е со среќа народе. Што си дробевевме, тоа ќе си сркаме. Што посеавме вчера, тоа и ќе жнееме. Барем за овие шест работи, не можеме да кажеме дека не знаевме или не бевме свесни.

Не може ни да кажеме дека не знаевме дека оваа власт е блиска со подземјето, дека за кратко ги ослободи од затвор најголемите криминалци добро познати на јавноста. Не можеме да кажеме и дека не знаевме дека новата власт е склона кон рекет, корупција и криминали, делење тендери на свои фирми на луѓе од власта, дека се подготвени за секакви измами кон народот. За кратко време, во 4-5 месеци тие се потрудија да се претстават во целосно светло, и не можеме утре да кажеме дека сме изненадени или затекнати. Тоа е изборот. Ќе си живееме со тоа и ќе си молчиме. Наш е изборот, на мнозинството во оваа земја.

Заев ја прими пораката на одобрување на неговите политики и се заблагодари на поддршката во говорот пред Владата.

Превземено од: Југоисток

 
Четврток, 12 Октомври 2017 09:23    PDF Печати Е-пошта
Македонските здруженија во Швајцарија, даваат целосна поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

22366624 1644863322254867 5012665010663576927 n

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 10:14    PDF Печати Е-пошта
Нека ни е честит 11 Октомври, Да живее Република Македонија

IvanovПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 03:05    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГОРДИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИТАЛИЈА!

zdruzenie-aminta-veneto-180- Веќе три години во градот Виторио Венето, во провинцијата Тревизо, активно работи Македонското здружение АМИНТА.

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 03:03    PDF Печати Е-пошта
Сторијата за Скендербег класичен пример како се менува историската вистина!

skenderbeg-180Во светот ништо не се променило. Додека другите се обидуваат да приграбат што повеќе од туѓата, македонскиот народ почнува да си ја распродава сопствената историја. Денес, македонскиот народ е исправен пред ревидирање на својата историја. На барање на соседите, сегашната влада предводена од СДСМ, наводно за да излезе земјата од меѓународна изолација, договара измени во македонските историски учебници. Меѓутоа, сегашната влада како да неможе да разбере дека било какво откажување на сопствената вистина, значи да си ги избришеме сопствените корени, да ја исечеме гранката на која седиме. 

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 03:02    PDF Печати Е-пошта
ЕНИГМАТА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО-ПОГЛЕД ОД ЕДЕН ПОИНАКОВ АГОЛ

smilkovsko-ezero-zrtvi-180Петкратното убиство на пет млади, невини македоннци чив единствен грев беше што се најдоа сите на погрешно место и во погрешно време разбирливо предизвика огромен шок и револт кај македонската јавност. Toтално бесмислено и без причина беа одземени пет животи на пет млади лугје кои спокојно си ловеле риби во слободно време без некому да згрешат или да се замерат за така сурово, во стил на егзекуција, да бидат смртно казнети.

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Европска локална самоуправа

opstina-krivogastani-180Малата по години на формирање општина Кривогаштани на чело со ревносниот градоначалник Тони Заткоски кој по втор пат ќе ја бара довербата од своето доминицилно население има многу вложено од 2013 до 2017 година во сите сфери од општественото живеење.

Повеќе...
 
Недела, 08 Октомври 2017 22:48    PDF Печати Е-пошта
13 КОНЦЕРТ “ПЕСНИ И ОРА ОД ЕГЕЈОТ“

22359134 1641027849305081 1018351740 n

СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН

Повеќе...
 
Среда, 04 Октомври 2017 16:54    PDF Печати Е-пошта
ВО АЛБАНИЈА ЕДИНСТВЕНО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ!

22237454 1635631423178057 742872633 nВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ: “ВО АЛБАНИЈА ЕДИНСТВЕНО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ!“

Повеќе...
 
Среда, 04 Октомври 2017 03:05    PDF Печати Е-пошта
„ПИТБУЛОT“ ДАНИЕЛ СТЕФАНОВСКИ

daniel2-180- Даниел Стефановски има 22 години, висок е 185 сантиметри, тежок е 81 килограми, тој е Македонец, родителите му се по потекло од Куманово, а роден е во Швајцарија. Денес тој живее и работи во Цирих. Првите чекори во боречките спортови ги прави на своите 13 години.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Заев наместо да купи, моли за вакцини

Срамота е што несуден нобеловец и самопрогласен лидер на регионот како Заев да не може да обезбе...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.