Среда, 04 Јули 2018   
Македонска национална програма

smk-zname

СМК

7-8 август 1993 година
Скопје, Македонија

ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е света, благословена и библиска земја, лулка на христијанството, мајка на првославието и центар на светската писменост, и дека во Македонија е пронајдено најстарото писмо во човековата цивилизација старо 5.000 до 7.000 години пред Христос (неколку векови постаро од Месопотамиското - Сумерското),

ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е една од најстарите организирани држави во Европа, основана од Кралот Каран во 814 година пред Христос,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава е постара 38 години од Атина основана во 776 година пред Христос, а 61 година од Рим основан 753 година пред Христос,

ИМАЈЌИ предвид дека првото обединување на Македонија е извршено од Кралот Пердика во VII век пред Христос, од што подоцна настанала Македонската Империја на Филип II Македонски и неговиот син Александар III Македонски,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава ја наметна својата хегемонија над грчките полиси и Атињаните со победата во битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред нашата ера,

ЗНАЕЈЌИ дека грчките полиси (Атина...) никогаш не ги признаа Македонија за грчка, а Македонците за Грци,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонската држава за време на Филип II Македонски и Александар III Македонски доживеаја беспримерна слава овековечувајќи го Македонското име засекогаш и оставајќи зад себе силни траги што не можеле да ги збришат многувековните освојувачи после нив,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонската Империја од времето на Александар III Македонски, по неговата смрт, во 323 година пред Христос се разложила на 4 односно 3 моќни држави, при што Македонија останала да опстојува како посебна држава во своите тогашни државни граници,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија паднала под јурисдикција на Рим во 148 година пред Христос после четири војни, по што е поделена на четири провинции,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија е лулка на христијанството во којашто Свети Апостол Павле од 46 до 48 година по Христос ги основал првите христијански епископии во македонските градови Бер, Солун и Кавала, и по чие Евангелие и денес се чита низ целиот свет во сите католички цркви,

ЗНАЕЈЌИ дека македонскиот народ ја продолжил својата борба против римската управа (споменувајќи го востанието на Андриск и другите),

ЗНАЕЈЌИ дека во 347 година пред нашата ера Римската Империја се поделила на Западно Римско Царство и Источно Римско Царство (Византија),

ЗНАЕЈЌИ дека од времето на Христа до VII век од нашата ера Македонија станала најпривлечно место и арена на многу цивилизирани и варварски народи, за да ја приграбат територијата и да ја присвојат нејзината голема слава,

ИМАЈЌИ предвид дека во овој период на активни меѓуетнички контакти, превирања, војни и асимилации, македонскиот народ и понатаму ги зачувал своите етнички и културни белези,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонија (четирите провинции) целосно влегла во Источното Римско Царство заедно со другите провинции,

ИМАЈЌИ предвид дека во периодот од 866 до 1057 година од нашата ера, Македонците на Византиското Царство му дале една цела династија на македонски цареви (осум императори и две императорки),

ЦЕНЕЈЌИ го големото благородно и свето дело на македонските просветитетли и рамноапостоли солунските бараќа Свети Кирил и Свети Методиј, и нивните најдобри ученици Свети Климент и Свети Наум,

ТРГНУВАЈЌИ од фактот дека Охридската Архиепископија де јуре е создадена 966 година од Македонскиот Владика Дамјан за од неа да се роди на двапати Рашката Архиепископија (Српската Православна Црква) основана од Свети Сава во 1219 и 1354 година, ученик на учениците произлезени од Свети Климентовиот Универзитет и од еленските фанари од Хиландарскиот Манастир; и дека од Охридската Архиепископија произлегува и Бугарската Егзархија основана 1870 година со иреде на турскиот Султан во интерес на бугарската шовинистичка пропаганда,

ИМАЈЌИ предвид дека во Охрид, односно во Македонија, е основан првиот Универзитет на Балканот и во Европа - Свети Климентовиот Универзитет - кон крајот на X век, со школувано 3.500 ученици, чие образование подоцна се пренело по манастирите и училиштата низ целиот Балкан и чиј црковен јазик станал официјален црковен јазик на кој и по 1.200 години и денес се служат литургии во Руската, Српската и Бугарската Православна Црква - ќерки на Охридската Архиепископија,

ИМАЈЌИ предвид дека од Македонија христијанството и писменоста и јазикот ги презеле сите наречени словенски народи и држави со познатите мисии на македонските просветители и рамноапостоли солунските браќа Свети Кирил и Свети Методиј,

ЦЕНЕЈЌИ ја просветителската мисија на Свети Климентовата Охридска Архиепископија во ширењето на првославието, возобновена во духот на Автокефалната Македонска Православна Црква, која за времето на Цар Самоил била и Патријаршија под чија јурисдикција биле епархиите во Далмација, Северна Италија, Сицилија, до Дунав и Црното Море, Романија и Молдавија,

ЗНАЕЈЌИ дека во првата половина на IX век во Македонија се појавува богомилството што ќе се одрази до Средниот Исток и на Запад до Јужна Франција,

ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Второто Македонско Царство е создадено од Цар Самоил од 976 до 1018 година,

ИМАЈЌИ предвид дека Цар Самоил владеел од 976 до 1014 година, а после него, уште четири години владееле Гаврил Радомир и Јован Владислав,

ИМАЈЌИ предвид дека по паѓањето на Македонското Царство на Цар Самоил во 1018 година, борбата на македонскиот народ за слобода продолжува со востанието на Петар Делјан во 1040 годдина и востанието на Ѓорѓи Војтех во 1072 година,

ЗНАЕЈЌИ дека подоцна со Македонија управувале Крал Волкашин со седиште во Прилеп и неговиот брат Углеш со седиште во Серес,

ЗНАЕЈЌИ дека Кралот Волкашин и неговиот брат Углеш, заради расцепканоста на христијанските кралеви не успеале да ја сопрат Османлиската мохамеданска хорда и дека и двајцата загинале во битката кај реката Марица во 1371 година, кога Македонија паѓа под Османлиското турско ропство, а сите македонски градови во 1380 година,

ЗНАЕЈЌИ дека во битката кај реката Марица загинале голем број Македонци бидејќи биле доминантни во војските на Волкашин и Углеш,

ИМАЈЌИ предвид дека синот на Крал Волкашин - Крал Марко станал османлиски вазал, а Македонија под негова управа станала вазалска земја на Султанот,

ПОАЃАЈЌИ од фактот дека македонскиот народ од периодот на Византиската и Српската доминација во Македонија од XI до XIV век од нашата ера ја продолжува својата борба за независност наоѓајќи отелотворение во делувањето на Македонската Охридска Арехиепископија - решавачки фактор за зачувување на македонскиот идентитет, традиција и култура,

ИМАЈЌИ предвид дека со загинувањето на Крал Марко во 1395 година започнал периодот на петипол вековното османлиско турско ропство над Македонија и македонскиот народ,

ИМАЈЌИ предвид дека борбата за слобода на македонскиот народ во периодот на османлиското турско ропство продолжила преку акциите на ајдуците, а подоцна преку акциите на комитите и војводите (Сирма Војвода, Дичо Војвода...) со разни буни и востанија, при што е позната Мариовската Буна во 1564-1565 година, до кога Мариово бил регион ненаселен од турските аги и бегови,

ЗНАЕЈЌИ дека борбата на македонскиот народ за слобода продолжува со Карпошовото востание во 1689 година, кога со неговиот неуспех и повлекувањето на Австро-Унгарската војска, заради турскиот терор како освета на македонското востание, голем број Македонци од Егејскиот и Вардарскиот дел на Македонија предводени од Иван Битолчанецот (именуван за Вице-Војвода во Австро-Унгарија) им се приклучиле на браќата по вера христијани - Србите од Косово и заедно со Владиката Арсеније III Чернојевиќ се населиле на границите на Австро-Унгарија во Воена Краина каде што основале свое Војводство, а подоцна се асимилирале во Срби и Хрвати, а на нивните имоти посебно во Западниот дел на Македонија и Косово се населиле првите албански хорди со благослов на турскиот Султан бидејќи ја прифатиле мохамеданската вера, напуштајќи ја дотогашната христијанска (католичка) вера, со што започнува егзодусот на Македонците во овој дел на Македонија,

ЗНАЕЈЌИ дека Охридската Архиепископија неканонски и од иноверен владетел е забранета 1767 година, а Печката Патријаршија 1766 година, со иреде на турскиот Султан Мустафа III, поради клеветите од Цариградската Патријаршија која сакала да го шири “елинизмот” и во Македонија, праќајќи подоцна грчки митрополити и владици од кои многу македонски црковни учители биле фрлани во зандани,

ЗНАЕЈЌИ дека по Карпошовото востание македонскиот народ се приклучува кон востанијата на соседните христијански народи на Балканот надевајќи се дека на тој начин и самиот ќе се ослободи полесно помагајќи им и на другите - во 1804 година во Првото Српско востание, 1921 година во Грчкото востание, учествувајќи во Руско-Турската војна на страната на Русија - со желба подоцна и овие народи да му помогнат на македонскиот народ во борбата против турскиот окупатор,

ЗНАЕЈЌИ дека во 1822 година македонскиот народ го подигнал Негушкото востание против Турците, во кого учествувале и Власите, а Грците ги предале со надеж дека ослободената Грција ќе се прошири и на македонски територии,

ЗНАЕЈЌИ дека на македонските востанија секогаш им претходело духовното и интелектуалното будење, па така и во овој период значајни се делувањата на браќата Миладиновци, Хаџиконстантинов - Џинот, Димитар Македонски, Ѓорѓи Пулевски, Григор Прличев, Марко Цепенков, Рајко Жинзифов и други, како и круната на развојот на македонската идеја - Димитар Чуповски и Крсте Петков Мисирков - чии дела се вклопуваат во времето на Илинденската епопеја,

ИМАЈЌИ предвид дека македонскиот народ во борбата за национална и социјална слобода ги подига и Разловечкото востание во 1876 година и Кресненското востание во 1878 година,

ИМАЈЌИ предвид дека во XIX век со помош на Големите сили сите балкански народи добија независност и државност - Грција во 1829 година, Србија, Црна Гора и Бугарија со Берлинскиот Конгрес во 1878 година, а Албанија во 1912 година со Лондонската Конференција - додека на Македонија и била ветена автономија во нејзините етно-географски граници со членот 23 од Берлинскиот Конгрес кој никогаш не бил реализиран што довело до продолжување на теророт врз македонскиот народ и за водење на балканските војни заради приграбување на делови од Македонија од сите соседни балкански држави,

ИМАЈЌИ предвид дека македонскиот народ на 23 октомври 1893 година во Солун ја формирал Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - ВМРО, како прва организирана политичка организација, поставувајќи ги темелите на семакедонскиот отпор и стремеж за слобода и обединување зачувано до денес,

ИМАЈЌИ предвид дека во 1903 година се појавиле македонските револуционери (гемиџиите) со основна цел преземање на брзи и ефектни вооружени акции во вид на атентати и диверзии, а заради интернационализирање на македонското прашање, при што во историјата се познати солунските атентатори од април 1903 година што доведе и до првата слободна Македонска Република на Балканот во Крушево 1903 година,

ПОАЃАЈЌИ од фактот дека Македонската држава повторно е возобновена со Илинденското востание како Прва Македонска Република на Балканот со седиште во Крушево на 2 август 1903 година, каде што се собрани стремежите и вековните идеали на многу македонски поколенија изразени во една славна и возвишена генерација македонски револуционери, идеолози и солунски ученици како Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Дамјан Груев, Пере Тошев, Никола Карев, Јане Сандански, Никола Петров Русински и славните борци и војводи Питу Гули, Ѓорѓи Сугарев, Христо Узунов, Јордан Пиперката, Методија Патчев и цела плејада на македонски револуционери,

ЗНАЕЈЌИ дека по неуспехот на Илинденското востание во 1903 година македонскиот народ доживува уште еден масовен егзодус, приморан да ги напушти своите родни огништа: кога огромен број на Македонци ја напуштија Македонија, посебно Западниот дел на Македонија, и кога под теророт на Турците и исламизираните Албанци ја напуштија македонската земја бегајќи во слободните мали државички Бугарија, Србија и Романија и во прекуокеанските земји, а на нивните имоти повторно се населија исламизирани Албанци, исламизирајќи и определен број Македонци под притисок и терор,

ЗНАЕЈЌИ дека бројот на Албанците после ова, во Македонија и дел од Косово се зголемува, но сепак според пописот на Карнегиевата Фондација во 1913 година нивниот број во сите три вилаети - Скопскиот (во кој влегуваа Прешево, Призрен, Буњаковец, Глина, Глоговец и други места), Битолскиот и Солунскиот, заедно изнесувал околу 28.000,

ЗНАЕЈЌИ дека Првата Балканска војна во 1912 година беше водена од Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора за да ги истераат Турците од Македонија, а веднаш наредната 1913 година започна Втората Балканска војна со цел овие држави да си ја поделат Македонија меѓу себе, заради што и овие војни за Македонија се поробувачки, а за жал во Втората Балканска војна дури учествувале Македонци мобилизирани во противничките војски и кои против своја волја се бореле едни против други дури во интерес за туѓите хегемонистички цели и интереси,

ЗНАЕЈЌИ дека и во Првата Светска војна од 1914 до 1918 година Македонија станува светска касапница, зашто на нејзината територија се наоѓаат стационирани над 1.300.000 белосветски војници од Централните сили и Антантата, во чии редови повторно не по своја волја се наоѓаат мобилизирани Македонци - во Бугарската, Српската и Грчката армија,

ИМАЈЌИ предвид дека со: Руско-турскиот мировен договор од 3 март 1878 година во Сан Стефано во близината на Цариград; Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година; Лондонската мировна конференција во 1913 година; Букурешкиот договор од 28 јули до 10 август 1913 година; Париската мировна конференција од 1919 година во Версај на која се потврдија одлуките од Букурешкиот договор што се однесува до Македонија, иако Струмица и струмичко & се одзедоа на Бугарија и & се дадоа на Србија, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, со цел да се задоволат српскиот премиер Пашиќ и грчкиот премиер Венизелос чии држави беа сојузници на победничките сили на Антантата во Првата Светска војна; Нејската Конвенција за заемно преселување на населението склучена помеѓу Бугарија и Грција од 27 ноември 1919 година; и Лозанската Конвенција за заемно преселување на населението склучена помеѓу Турција и Грција од 30 јануари 1923 година; е разбиена геополитичката, етничката и економската целина на еден од најстарите народи во светот - македонскиот народ,

ТРГНУВАЈЌИ од фактот дека македонскиот народ во Втората Светска Војна, Народно-Ослободителна Борба водеше на целата своја етно-историска територија на Македонија, но заради влијанието на големите сили, својата Македонска држава ја возобнови само во Вардарскиот дел на Македонија и во постојните гео-политички граници со државно-правните акти на Антифашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) одржано на 2 август 1944 година во Македонскиот Манастир “Свети Отец Прохор Пчински”,

ОДДАВАЈЌИ му почит на првиот македонски претседател Методија Андонов - Ченто во обликувањето на самостојноста на возобновената Македонска држава,

ТРГНУВАЈЌИ од фактот дека со Манифестот на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија од 2 август 1944 година, македонскиот народ, врз основа на своите вековни идеали, пред целиот свет го прокламира своето праведно и неотстапно право за обединување на целиот македонски народ во сите негови делови, во согласност со правото на самоопределување на народите,

ЗНАЕЈЌИ дека АСНОМ е континуитет на Илинденската Епопеја и вековниот идеал на македонскиот народ за слободна, самостојна, суверена и независна држава Македонија на целата етно-историска територија на македонскиот народ,

ТРГНУВАЈЌИ од фактот дека македонскиот народ правото на сопствена самостојна држава го потврди и со гаранциите од Атлантската Спогодба од 14 август 1941 година, Договорот во Техеран и решенијата на Московската Конференција од 19 октомври 1944 година и Техеранската Конференција од 28 ноември до 1 декември 1943 гиодина, со кои се гарантираше правото на слободен живот на секој народ ангажиран во Антифашистичката борба, зад кои стоеја големите сили Англија, Советскиот Сојуз и Америка, а што се обезбеди и со присуството на сојузничките мисии на Првото заседание на АСНОМ,

ПОТВРДУВАЈЌИ го фактот на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија, кога повторно е возобновена Македонската држава, имало народни поретставници од сите делови на Македонија и на македонскиот народ - од Вардарскиот, од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија,

ПОТВРДУВАЈЌИ го фактот дека Македонија во поранешна СФРЈ пристапи како самостојна и суверена држава и дека дел од нејзините суверени права на поранешна СФРЈ ги пренесе дури со Уставот од 31 декември 1946 година, а државната власт на сопствената територија ја остваруваше самостојно,

ИМАЈЌИ предвид дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија, заради претходно изјаснување, на Референдумот одржан на 8 септември 1991 година недвосмислено се изјаснија за “суверена и самостојна држава Македонија”, односно за држава со име кое се состои само од еден единствен збор - Македонија, и дека не постои никаков уставен основ или институција кои можат оваа задолжителна одлука на Референдумот да ја променат,

СМЕТАЈЌИ дека со Уставот од 17 ноември 1991 година Македонија само ги поврати порано пренесените суверени права на поранешна СФРЈ во своја надлежност и повторно почна да функционира како самостојна држава со целосен суверенитет,

СМЕТАЈЌИ дека вториот дел од референдумското прашање од Референдумот одржан на 8 септември 1991 година - “со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија” и “Платформата за идното уредување на југословенската заедница на Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина и Претседателот на Република Македонија” се целосно исцрпени со Уставот на Македонија од 17 ноември 1991 година и повеќе не прозиведуваат никакви правни последици, односно се ништавни и неважечки,

ИМАЈЌИ предвид дека со меѓународното признавање на Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина како самостојни држави во јануари 1992 година, поранешна СФРЈ дефинитивно се распадна и престана да постои на меѓународната гео-политичка карта,

ИМАЈЌИ предвид дека Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија се определија за самостојност и целосен меѓународно-правен субјективитет, а Србија и Црна Гора за заедничка федеративна заедница,

ПОТВРДУВАЈЌИ дека сите републики на поранешна СФРЈ се рамноправни правни наследници на поранешна СФРЈ и врз основа на правното наследство го преземаат членството на поранешна СФРЈ во сите меѓународни органи, организации и заедници, за сметка на испразнетото место на поранешна СФРЈ во нив,

ПОТВРДУВАЈЌИ дека самостојна и суверена држава Македонија е рамноправен правен наследник на поранешна СФРЈ, за периодот од 1945 до 1992 година, кога дефинитивно престана да постои поранешна СФРЈ,

ЗНАЕЈЌИ дека Бадентеровата Арбитражна меѓународна комисија на Европската Заедница, составена од претседателите на уставните судови на пет земји членки на Европската Заедница утврди став дека Македонија треба да се признае како самостојна и суверена држава и дека “името Македонија не имплицира територијални претензии према нејзините соседни држави”,

ТРГНУВАЈЌИ од начелата на Повелбата на Обединетите Нации; од целите и начелата на Универзалната Декларација за правата на човекот; од Меѓународните Пактови за правата на човекот; од Завршниот документ на Конференцијата за Европска Безбедност и Соработка; од начелата на Париската Повелба за Нова Европа; според кои, државите - членки на овие организации и потписнички на овие документи се обврзале дека ќе ја почитуваат рамноправноста на народите и нивното право на самоопределување, што подразбира право на сите народи на целосна слобода за одредување, кога и како што сакаат, на својот внатрешен и надворешен политички статус без мешање од надвор и со слободна волја за определување на своето име и идентитет, како и по своја волја да го остваруваат својот политички, економски, општествен и културен развој и почитувајќи го територијалниот интегритет на државите,

СМЕТАЈЌИ дека македонскиот народ врз основа на правото на секој народ на самоопределување има историско, природно и неприкосновено право на сопствена слободна, суверена, самостојна и независна држава Македонија,

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, изразувајќи ги интересите на огромниот број Македонци и асоцијации на Македонците од целиот свет, на Првото Генерално Собрание одржано на 7 август 1993 година во Скопје, Република Македонија, ја утврди следната

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА

(1) Македонскиот народ врз основа на правото на секој народ на самоопределување има неприкосновено природно, историско и цивилизациско право на сопствена, слободна, суверена, самостојна и независна држава Македонија.

(2) Македонија е национална држава на македонскиот народ.

(3) Носител на државноста во државата Македонија е македонскиот народ.

(4) Во Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

(5) Македонскиот народ нема никогаш, под какви и да е услови и од чија и да е страна, да го промени или да прифати промена на единственото многувековно име на својата држава Македонија, нераскинливо поврзано со името на македонскиот народ.
Македонскиот народ ги отфрла сите додавки пред и после името на неговата Македонска држава, бидејќи истото се состои само од еден единствен збор - Македонија.

(6) Обврска и чест на секој Македонец, по род и државјанство од Македонија и од целиот свет е да ги брани и одбрани самостојноста, интегритетот и името на Македонија и на македонскиот народ и нација.

(7) Македонија мора да го преземе членството во меѓународните органи, организации и заедници и во Обединетите Нации под своето единствено и многувековно име Македонија.
Македонија и македонскиот народ ја прифаќаат Повелбата на Обединетите Нации.

(8) Македонскиот народ нема никогаш да се откаже, ниту ќе прифати кој и да е во негово име да се откаже од неговите државни, земски и национални симболи - шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце и златно-жолтиот двоопаш лав на црвен штит - и целосно го отфрла прифаќањето и наметнувањето на референцата “Поранешна Југословенска Република Македонија” или што и да е друго, макар и привремено, освен единственото и многувековно име на сопствената држава - Македонија.
Македонија нема никаков спор во врска со своето име со никого, а најмалку со соседна Грција, ниту пак Македонците кога и да е досега го менувале своето единствено име, како што тоа го правеле Атињаните со нивното име.
Впрочем, Македонија никогаш не била грчка, а Македонците никогаш не биле Грци.

(9) Македонија мора да се изградува како слободна, суверена, самостојна, независна, унитарна, правна, демократска и социјална држава, врз принципите на: парламентарната демократија; пазарната економија; општите, слободни, тајни и непосредни избори; и почитувањето на човековите, граѓанските и малцинските права и слободи утврдени со меѓународните договори, Уставот и законите.

(10) Само слободна, суверена, самостојна, независна и целосна држава Македонија, надвор од какви и да е државни сојузи или заедници со која и да е друга држава, може да биде гарант за мирот и безбедноста на Балканот и фактор на стабилноста за поширокиот регион.

(11) Македонија мора да стане симбол на обединувањето во Европа.
Европа, испитот на демократијата и почитувањето на човековите, граѓанските и малцинските права ќе го положи со праведното и трајно решавање на неотуѓивите права на Македонците и македонскиот народ во целина, зашто токму Македонија е совеста на Европа.
Македонија може да стане дел од обединета Европа само со свој македонски национален идентитет и суверенитет, територијален интегритет и државност. Без свој национален идентитет, без Македонците и македонскиот народ, неслободна, несамостојна, несуверена, нецелосна и зависна Македонија нема што да бара од обединета Европа, бидејќи таква Македонија веќе нема да постои.

(12) Во Македонија мора да се обезбеди и да се гарантира еднаквоста и рамноправноста на граѓаните пред Уставот и законите, независно од нивната етничка и друга припадност и потекло.

(13) Македонија секогаш ќе се грижи за положбата и човековите и граѓанските права и слободи на Македонците и на деловите од македонскиот народ во соседните држави и во целиот свет, како што истото ќе го прави за сите свои државјани.
Македонија ќе се грижи за положбата и правата на имотно-правните побарувања на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во соседна Грција и ќе ги искористи сите меѓународни механизми и институции и организации во остварувањето на истите.

(14) Македонија ја гарантира заштитата на верскиот идентитет и ќе се грижи за положбата и правата на Македонците со мохамеданска вероисповед во Македонија и соседните држави - Торбешите, Горанците и Помаците.
Македонците со мохамеданска вероисповед се нераскинлив дел од македонскиот народ.

(15) Македонската држава ја гарантира заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на националните малцинства, односно на етничките, јазичните, културните и верските малцинства во согласност со меѓународните договори, Уставот и законите.

(16) На Македонија повеќе од кога и да е & се потребни Македонците и затоа, обединети околу определбата - Македонија на Македонците, мора еднаш засекогаш да се надминат меѓусебните самоуништувања, предавства и врховизми.
Македонците се горди што се Македонци, а македонскиот народ е горд што е македонски народ.
Македонците никогаш не биле, не се, ниту пак некогаш ќе бидат Бугари, Грци, Срби, Словени, Славо-Македонци, или што и да е друго, туку само Македонци и ништо друго, освен Македонци, од векови за навек.

(17) Македонија никогаш немала, нема, ниту пак ќе има територијални претензии кон Албанија, Бугарија, Грција или Србија. Територијални претензии може да има само некој кон туѓото и насилно присвоеното, но не кон своето и сопственото.
Впрочем, Македонците никогаш не барале, не бараат, ниту кога и да е ќе побараат Албанците да не бидат Албанци, Бугарите да не бидат Бугари, Грците да не бидат Грци, Србите да не бидат Срби, или Турците да не бидат Турци. Секој нека е она што е, на своето и со своето, но не на туѓото и на присвоеното, односно со туѓото и со присвоеното.
Македонија токму затоа прифаќа и нуди склучување билатерални договори за неповредливост на границите и договори за соработка, добрососедство и ненапаѓање со сите соседни држави - Албанија, Бугарија, Грција и Србија.

(18) Во согласност со мирољубивата политика, Македонија прифаќа и им нуди на сите балкански држави - Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, заедно со Македонија - свикување и основање на Конференција за Балканска безбедност и соработка, во рамките на процесите на Конференцијата за Европска Безбедност и Соработка, а заради: заедничка безбедност, стабилност и гаранција на сите балкански народи, држави и граници; почитување на човековите, граѓанските и малцинските права и слободи; и почитување на меѓусебната соработка и договарање по секое прашање од заеднички интерес.

(19) Македонија мора да обезбеди национална рамнотежа врз основа на материјалните можности и да води активна и хумана популациона политика.

(20) Македонската држава мора да преземе мерки за заштита на положбата и правата на Македонците во Западниот дел на Македонија, односно во единиците на локалната самоуправа каде што припадниците на националните малцинства се мнозинство, како и за нивниот опстанок.

(21) Македонија мора најенергично да го спречи и оневозможи косовизирањето и албанизирањето на Македонија, пред с#, нејзиниотсеверо-западен дел со механичко прелевање на Албанците од Косово и огромниот наталитет кај Албанците; дивеењето на албанскиот национал-шовинизам и сепаратизам; албанизацијата и политизацијата на исламот; ширењето на исламскиот фундаментализам; политизацијата на образованието и злоупотребата на албанските деца и жени за политички цели; и политичкиот терор и репресија.

(22) Заедништвото на македонскиот народ и националните малцинства треба да се остварува, пред с#, во и преку воспитно-образовниот систем, и тоа преку образование и воспитание на младите во сите степени на образованието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, со право националните малцинства да го изучуваат својот јазик во основното образование.

(23) Македонија мора да води рестриктивна политика кон странците во користењето на правото за добивање на македонско државјанство.
Македонија мора да обезбеди услови за остварување на правото на македонско државјанство за сите Македонци по род од целиот свет.

(24) Имајќи предвид дека македонскиот народ и Македонија беа насилно распарчени и поделени помеѓу балканските држави - Албанија, Бугарија, Грција и Србија и дека Македонската држава се возобнови само во Вардарскиот дел на Македонија, како и дека македонскиот народ е раселен, протеран и прогонет низ целиот свет - во Австралија, Америка, Канада, Западна и Источна Европа и притоа е организиран во безброј одбори, партии, клубови, културно-уметнички, селски и други друштва, здруженија, федерации, општини, македонски црковни општини, сојузи, комитети за човекови права, движења, општествени организации и најразлични други асоцијации, организации и институци - заради културно, духовно и економско обединување на Македонците од целиот свет, се основа Светски Македонски Конгрес како постојана институција, каде претставниците на овие организации и асоцијации ќе ги координираат своите активности и интереси.

Светскиот Македонски Конгрес претставува највисок Парламент на Македонците од целиот свет, заради нивно културно, духовно и економско обединување, а во функција на македонскиот народ и неговата држава Македонија.

Задачите и внатрешната организација на Светскиот Македонски Конгрес се уредуваат со Статутот на Светскиот Македонски Конгрес.
Во рамките на Светскиот Македонски Конгрес се основаат: Светска Македонска Трговска Комора, Светски Македонски Трговски Центар, Светска Македонска Трговска Берза, Светска Македонска Банка или Меѓународна Банка за обнова и развој на Македонија, Светска Македонска Фондација, Светски Македонски Културно-Информативен Центар, Светски Македонски Институт или Центар за мултикомплексно проучување на македонската вистина, Светско Македонско Биро или Меѓународно-правно Биро за заштита на положбата и правата на Македонците и македонскиот народ.

(25) Во духовното обединување на Македонците од целиот свет, огромно е значењето на возобновената автокефална Македонска Православна Црква, нејзината положба и односите во неа.

(26) Македонскиот народ никогаш не се откажал, ниту кој и да е и кога и да е има право да се откаже од неговото праведно и неотстапно право на обединување на сите делови на македонскиот народ и на Македонија како негова етно-историска територија по мирен пат.

Територијалните спорови со соседните држави Македонија ќе ги решава преку Обединетите Нации, меѓународните органи, организации и заедници и меѓусебното договарање.

(27) Македонскиот народ го покренува прашањето за побарување воени репарации и обесштетувања од сите држави кои војувале на неговата етно-историска територија, ја делеле Македонија и македонскиот народ и војувале против него во Првата и Втората Балканска војна и Првата и Втората Светска војна.

(28) Македонија мора: да изврши преструктуирање на стопанството и сопственичките односи; да го иновира даночниот систем; да изгради атрактивен систем за странски вложувања и капитал; да го развие производството на чиста храна, производството на енергија и производството на знаење; да го заокружи системот на гасификација, изградбата на Вардарската долина (слив) и сообраќајното поврзување на коридорот Запад-Исток; да го ревитализира селото; да го зголеми истражувањето и експлоатацијата на рудното богатство и искористувањето на водениот потенцијал со кој располага, преку изградба на хидро-мелиоративни системи, хидроцентрали и акумулациони брани и езерца; да го интензивира научниот и техничко-технолошкиот развиток; да ја стимулира чистата индустрија и да го унапредува системот на заштитата на природата и животната средина создавајќи чиста еколошка средина; да го динамизира процесот на пошумувањето на целата своја територија.

(29) Македонија мора да се грижи и да ја обезбеди заштитата и афирмацијата на етничкиот, јазичкиот, културниот, верскиот и историскиот идентитет на македонскиот народ во целина.

СМК

7-8 август 1993 година
Скопје, Македонија

 

На прво место

News image

Алтернатива за Македонија

Совет за безбедност на ОН

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер:бојкотирајтего престојниот референдум

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер ги повику...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.