Среда, 27 Март 2019   
ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР - 97“-Берлин

Berlin 1

ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР - 97“-Берлин

На првата „Евро-Мак-Поп вечер - 97“, повеќе од десет часа, се дружевме со младите Македонци,втора или трета генерација, која живее, учи или работи во Берлин. Всушност, нивните родители се родум од Македонија, а овде дошле на времена работа, во периодот меѓу шеесеттите и седумдесетите години на 20-тиот век.

Пред почетокот на забавата, Милена Цветанова, претседателка на Македонскиот младински клуб „Александар Македонски“, организатор на забавата, не информираше, дека на нивна покана со специјални автобуси и сопствени возила допатуваленивниврсници,МакедонциодХановер,Латцен, Нинберг, Минхен, Штутгард, Франкфурт,Бремен,Дортмунд,Офолбенг,Дизелдорфиод други места, за да се дружат, да се забавуваат, да ги продолжат традициитенанивните родители, дане ги заборават сопствените македонски корени.

Цветанова, во разговорот посебно ја потенцира и изрази голема благодарност за помошта што им ја дава Манојил Јаковлески, која се состои од голема финансиска, морална и организациона помош, за формирање на ММК „Александар македонски клуб“ и за организирање на првата „Евро-Мак-Поп вечер Берлин - 97“.

Гостите ги забавуваше штипскиот бенд „Арис брада бенд“, а незаборавно шоу приредија: популарниот Владо Јаневски и специјалниот гостин Јонче Христовски. Неочекувано,мошне забавно и неповторливо беше, кога Владо Јаневски му се придружи на Јонче и во дует исполнија неколкупесни.

„Не сумзнаел,дека со Јонче сме прекрасен дует.Задоволен сум што без проба, без договор, настапот ни беше неповторлив“- со задоволство говореше Владо, а Јонче тоа го поздрави со воодушевување.

По завршувањето на манифестацијата,претседателката Цветанова, беше презадоволна: „Целта ја постигнавме. Она што го замисливме, целосно го реализиравме. Ова беше вечер, која на сите ќе ни остане во долго сеќавање, бидејќи на дружењето, на играта и на веселбата им немаше крај. Се запознавме со многу наши врсници и се договоривме, вакви и слични средби и забави да организираме почесто, за да не се заборавиме и за да ја продолжиме нашата македонска традиција и на овие простори, далеку од нашите корени“.
Berlin 2ВЛАДО ЈАНЕВСКИ И ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ЗА ПРВПАТ И ПОСЛЕДЕН ПАТ ЗАЕДНО НАСТАПИЈА НА ЗАБАВА БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ПРОБААТ.

ЈОНЧЕ ЈА ПЕЕШЕ СОПСТВЕНАТА ХИТОВСКА ПЕСНА „ АЈ ЗАСВИРЕТЕ ЧАЛГИИ“ МУ СЕ ПРИДРУЖИ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ. ТОА БЕА МОМЕНТИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО ПРЕКРАСНИТЕ ГЛАСОВИ НА ДВАЈЦА АСОВИ.

ПУБЛИКАТА НАСТАПОТ ГО НАГРАДИ СО ГРОМОГЛАСНИ АПЛАУЗИ.БРАВО.

ФОТОГРАФИИТЕ ГОВОРАТ ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ЈОНЧЕ И ВЛАДО.

ТЕКСТ и ФОТОГРАФИИ: КИРО КИПРОСКИ

 

На прво место

News image

Заев потроши три години од својот мандат на растурање на државата

СДСМ и Зоран Заев ги осиромашија граѓаните. 22% од граѓаните едвај преживуваат. 7% од пензионерите...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.