Среда, 29 Јули 2020   
ИМЕТО „БУГАРИ“ КАКО ЕГЗОНИМ И НАВРЕДА
67516618 3402474709778395 8293110798037811200 o
 
Англичанецот сер Хенри Лејард, сведочи дека во 1842 година името „бугарин“ („вулгар“) се користи за ОМАЛОВАЖУВАЊЕ, СРАМ и ПРЕЗИР кон оние што не се Грци и не го говорат грчкиот јазик. 

Покрај тоа, Лејард вели дека сите православни жители на европска Турција, официјално биле заведени како „Грци“, без разлика на нивната етничка припадност. Пред 1870 г., пред Егзархијата, во Отоманска Турција, официјално немало бугари. Ова е јасен доказ дека народноста (националноста) во отоманскиот систем се дефинирала по припадноста кон одредена црква, а не според етничкото потекло. Сер Лејард вели - „со ислкучок на Србија“. Србија, по српските востанија на почетокот од 19 век, имала одредена автономија и практично била австро-унгарски протекторат.(Извор: Sir A. Henry Layard’s Autobiography - Автобиографијата на сер Лејард, издадена во Лондон, 1903)#Бугарин е #навредливо#име .Bо Македонија во 19. век, името „бугари“ било присутно. Ние Македонците не го порекнуваме тoa. Но, бугарската пропаганда постојано лаже дека македонската историографија бега од тој факт.Македонската историографија укажува дека поимот „бугари“ не бил етнички назив. Тоа се потврдува со стотици историски наводи и е МНОГУКРАТНО ДОКАЖАНО. Но, еве прилика да повториме неколку примери.Самите бугарски интелектуалци велат дека сѐ до крајот на 19. век називот „бугарин“ немал национално или етничко значење. Александар Теодоров Балан во 1904. пишува: „Нашиот селанец, кога ќе кажеше ’ние сме блгаре‘, мислеше - ’ние сме христијани‘. За него, рускиот цар беше ’бугарски цар‘, НЕ ПО НАРОДНОСТ, туку по православно христијанство.“(Извор: A.T. Балан: „Една македонска теорија“, Периодическо списание, Софија, 1904, стр. 818)Балан јасно вели дека, во Отоманското Царство, за обичниот селанец, „бугарин“ е еднакво на „Словен христијанин“ и дека тоа нема етничко значење.Фолклористoт Стефан Верковиќ во 1860., исто така сведочи за присутноста на бугарското име кај македонското население. Но, и тој нагласува дека тоа е ПОЛИТИЧКО име, а не народно (етничко).Извор: „Народне песме македонски бугара“, Белград 1860, Предговор, стр. 13.Грците ги нарекувале Словените - „вулгари”. 3а ова говори и таткото на бугарската нација, Паисиј Хилендарски: „който народ и да чете тия книги, те изобщо се наричат словенски, но гърците, понеже знаели отначало, казват и досега български книги, а не иначе.” (Извор: „История славяноболгарская “ https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d3/Paisii_Hilendarski_Istoriya_Slavyanobolgarskaya_red_Y_Ivanov_BAN_1914.pdf)„Болгари“ (voulgaroѕ) бил визнтиски, па грчки политички наметнат назив за словенското население. Во услови кога Македонците учеле во грчки училишта и кога сѐ словенско било нарекувано „вулгарско“, за нашите предци од 19 век „бугарското“ значело словенско, и секој којшто говорел „бугарски“, всушност говорел - словенски.Тоа го искористиле руските империјалисти и интелектуалци за свое влијание на Балканот. „Бугаризмот" од 19. век е заснован на пан-славистичкатa идеја. Побугарувањето било обмислено политичко движење, поттикнувано и логистички поддржано од Русија во нејзината империјална политика за влијание на Балканот.За Григор Прличев и Србите се „бугари“ т.е. Словени. Во средината на 19 век, од словенските народи само Србите имале кодифицирана азбука на Балканот, па затоа и Прличев вели: „Българската (словенската) азбука само на трима беше известна и се наричаше сръбска...“ (Извор: Григор Пърличев: Автобиография, стр. 371)Јордан Хаџиконстантинов - Џинот пишува дека и во Велика Моравија (денешна Чешка и Словачка) живеат „бугари“ (т.е. Словени). Имено, тој и моравските владетели ги сметал за „болгарски кнезови“ (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).И Господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни посочува дека во 19. век, во Македонија поимот „бугарин“ означувал чист Словен, дека сите словенски народи се бугари, па тој запишува:„B Европа най-образованите философи са от Бохемия и Моравия и всички те са славяни, наши братя, чисти българи.”(Извор: Симеон Радев: „РАННИ СПОМЕНИ", „ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994 година)Учителот од Пиринска Македонија Никола Попфилипов вели дека „бугарскиот“ (славјанскиот) јазик е „општ балкански јазик“. (Извор: весник „Maкедонiя", Цариград, 6. Април, 1868 година)И Крсте Мисирков го објаснува поимот „бугарин“ како синоним за CИTE словенски народи, синоним наметнат од Грците:„Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени го велеа со презреното име „бугари"... Грците употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко... Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено“... („За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“, 1903 ).Српскиот академик Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19. век ја посетил грчката област Тесалија, при што запишал: „Грците ме нарекуваат Бугарин, иако сум Србин од Србија... Зборот ’бугарин’ означува Словен.“ (Извор: Петар Драгашевиќ: „Македонски Словени”, Белград, 1890)Покрај сиве историски сведоштва за значењето на терминот „бугар“, факт е дека вистинските, етнички Бугари биле турко-алтајски народ од Азија. И тој факт се потврдува од стотици историски извори.
 
 
 
 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.