Среда, 22 Декември 2010   
Феноменологија на кодошот

Јасна Котеска

fenomenologija-na-kodosot

Илустрација: Комар е Меламид

(Човек) не може да го изрази она што е;
тој мора да го соопшти само она што самиот не е – значи лагата.
Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор.

Кафка

Од грубата анализа на досието на татко ми, станува јасно дека системот на контрола на кој почивало нашето општество бил базиран на еден претпоставен субјект - носител на претпоставената "вистина" – а тоа е кодошот лично. Кодошот е оној што знае. Кодошот станува Големиот Друг, носител на интерпретацијата и на вистината. Тој станува најширокиот субјект за кој се претпоставува дека знае – тој станува бог, мал, локален, политички, но сепак Бог.

Кодошениот, од друга страна, не е битие кое зборува, иако е цело време набљудуван во својот говор, тој е битие кое е предмет на експеримент, и како таков мора да одмолчи. Кодошениот, од друга страна, не е битие кое зборува, иако е цело време набљудуван во својот говор, тој е битие кое е предмет на експеримент, и како таков мора да одмолчи. Експериментот во него ќе предизвика редица нереди, секаков тип пореметувања, но бидејќи не е битие кое говори не е повикано да ја доведе во прашање желбата на експериментаторот, желбата на кодошот да знае се’ до талогот!

Веќе од првиот документ од досието на татко ми, може да се прочитаат важните одредници што го отсликуваат профилот на кодошите кои скриено и опскурно работеле на моделирање на идеолошкиот и културниот хоризонт на нашето (не така одамна завршено) македонско минато. Тоа е документ од пет страници во кои, чкртнатиот информатор на 18 април 1961 пред службата на СВР (а препратено и до: Книгата за информација, Отсекот на ДБ- Охрид и папката за легална врска) "со свои зборови" го прераскажал разговорот што со татко ми го водел во хотелот "Македонија". Тој разговор содржи неколку важни и сосема неочекувани пресврти, а како што ќе видиме подолу, тие пресврти се клучни за воспоставувањето на логиката на жртва. Затоа што тие пресврти се вишок во системот на кодошот.

Значи, се сретнале во хотелот "Македонија" за да ручаат. Јонче дошол на асталот. Се пофалил дека сега е новинар во радио, му кажал на Х за која рубрика пишувал, само Х не запаметил. Откако татко ми се пофалил дека има постојани приходи, тој ненајдено "нервозно" изјавил дека сето тоа лично добро не вреди ништо затоа што (цитирам од извештајот на информаторот, според досието):

сака наполно (да) се повлече во некое најзабачено село за да не гледа ништо што се збивало во денешново друштво и околу него.

Татко ми, според изјавата на непознатиот информатор, продолжува со идејата дека нешто не е во ред затоа што онамо каде што фактички живееле македонци (малата буква е во досието, моја заб.) во селата во забачените краишта за тамо ништо не се пишувало ниту се водела сметка за тој народ. Х му контрира на татко ми дека тој како единка не можел ништо да направи со реагирањето.

Наидувајќи на вакво неразбирање на суштината на неговата поплака, татко ми ненадејно на Х му вели дека тој немогол него да го сфати и разбере што сакал да му каже а тоа ништо не го чудело бидејќи неговите интелектуални способности толку му дозволувале. Откако ја дал оваа констатација за интелектуалните капацитети на информаторот, татко ми се обидува за последен пат да му објасни на Х што е она околу што се мачи:

"Зарем Македонија 500 години била под турско ропство, а денеска да била под српско ропство", "На секаде се викало Македонија, а Македонија седела распарчена на неколку делови и од неа ништо не постоело".

Х одново решава да го "вразуми" татко ми. Тој му повторува дека Македонија и македонскиот народ си го добиле своето право и е решено националното прашање. Според досието, Х одново решава да го "вразуми" татко ми. Тој му повторува дека Македонија и македонскиот народ си го добиле своето право и е решено националното прашање. Татко ми не ја слуша оваа сугестија и продолжува да се жали пред својот "пријател" (според неговите забелешки) дека: (Во Скопје се сипале голема сума пари, само како Скопје треба да живее, селото нека умира наполно е запоставено, намерно тоа се правело од страна на факторите бидејќи во селата и забачените краеви живеело чисто македонско население. И кога за последен пат, Х решава уште еднаш "добронамерно" да го потсети татко ми дека барем нему лично му е добро, во овој разговор на глуви уши се случува нов пресврт, за којшто пишувавме порано. Јонче изненада излегол надвор од кафаната пошто некое лице врвело отишол со него да разговара.

Информаторот е најмен да ги одреди мотивите на однесувањето на сомнителниот поет, а контролорот е најмен да ги одреди мотивите и степенот на доверливост на информаторот. Во оперативната забелешка што го анализира профилот на информаторот, пишува дека лицето немал особина да придодава ствари и ги увеличува, реално изнесувал. Тие двајца, информаторот и неговиот контролор се луѓе што имаат експертиза. Тоа значи дека тие се проценети како луѓе кои можат да го измерат нештото што е така немерливо како што се човечките мотиви. Информаторот е најмен да ги одреди мотивите на однесувањето на сомнителниот поет, а контролорот е најмен да ги одреди мотивите и степенот на доверливост на информаторот.
Но гледате, од почеток до крај вие имате една картезијанска постапка која со ништо не води суштински до знаење, туку само до извесност. Информаторот не е некој кој знае, тој е некој кој е извесен за системот. Нема ништо од онаа страна што го гарантира ополномоштувањето на овој информатор дека точно ќе го пренесе разговорот. Нема ништо од онаа страна што ќе гарантира дека овој контролор знае да проценува кој е доверлив. Точно од овој тип парадокси произлегуваат сите трагикомични места во досието.

Татко ми вели дека пишувал книги, а сега имал напишано некоја книга за македонски печалбари, му била отпечатена во Загреб и од тоа земел доста добра пара. Но гледате, татко ми нема напишано ваква книга, а бидејќи не знаеме кој е информаторот може да шпекулираме со разни можности. Еве една можност. Татко ми е растен по интернати и домови. Немал ништо, сè што имал е талентот за поезија. Можеби информаторот живеел угодно, можеби налето одел во Хрватска, можеби го презирал татко ми, можеби неговата сиромаштија му раѓала садистички импулси. Татко ми успеал да обезбеди некаква егзистенција за себе и сега решил да измисли книга во Хрватска. Како поет, можеби навистина во главата имал книга што замислувал еден ден да ја објави во Хрватска. Секој поет е помалку Минхаузен. Тоа што не ја зборува објективната вистина, не значи дека неа ја нема. Кога Дон Кихот во една ветерница гледа зол џин, не значи дека џинот го нема.

Но разврската е таква што во оперативната белешка, инспекторот бара: поопширно да се проучат врските на татко ми со Хрватска.

„Тој и самиот сумља на неговите вези со Загреб и воопшто Хрватска".

Гледаме како Загреб станува Хрватска, како отпечатената (непостоечка) книга станува веза итн. И двете страни продуцираат поезија, со таа (минимална?) разлика дека едната поезија (на поетите) е наменета да ја поттикнува фантазијата на слушателите и читателите. Другата "поезија", на ДБК, е, во најмала рака, сомнителна. Она што станува јасно од овој краток извештај од досието на татко ми од 1961 е дека македонскиот културен простор бил поклопен од еден систем на контрола кој суштински верувал во извесноста на субјектот, во извесноста на нешто така комплицирано како однесувањето на субјектот.

Информаторот и контролорот се однесуваат како да имаат капацитет да го сознаат другиот. Тие имаат бескрајна верба дека имаат способност да продрат, да проникнат во другиот. Информаторот и контролорот се однесуваат како да имаат капацитет да го сознаат другиот. Тие имаат бескрајна верба дека имаат способност да продрат, да проникнат во другиот. Каква е оваа семожна компетенција предадена во рацете на информаторите? Кој им ја дава? Па, им ја дава само тој што може да им ја даде - системот на контрола. Не е важно што субјектот на следење, како и секој друг субјект по себе е, всушност, бескрајно комплициран. Важно е дека кодошите, што ја придвижуваат машинеријата на контрола, веруваат во такво нешто како извесноста на субјектот. Субјектот на следење, како и секој еден субјект на овој свет, во своето моментално однесување, може да биде воден од желба за фалење, од желба за жалење, од потреба да се претстави дека е подобар одошто е, дека е полош одошто е, дека е различен одошто е. Всушност, тој субјект е секогаш веќе толку комплициран што нема такво нешто што ќе гарантира дека објаснувањето за однесувањето на еден човек ќе биде објективно. Но, оваа вистина не е важна за невидливите структури на моќта. Кодошот, со други зборови, е субјектот за кој се претпоставува дека знае (sujet suppose savoir) на Лакан. Тој е носител на преносот. Кај него има недостаток од критериуми, но тој недостаток кодошот убаво го заменува со церемонии, со симулации.

Како што вели Кафка: "Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор." Кодошот е можен таму каде што има хор на кодошиКако што вели Кафка: "Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор." Кодошот е можен таму каде што има хор на кодоши. Нема ништо од онаа страна што го гарантира ополномоштувањето на овој кодош за да ги извршува задачите што му се поставени. Но довербата не е потребна, таа се врти околу извесноста на системот, системот ја гарантира таа желба на кодошот да му служи на системот. Од почеток до крај, овде ништо не води суштински до знаење (за овој кодошен, за нашиот "случај", за татко ми, за Јован Котески), ништо никогаш нема да ја "фати" вистината за него, туку само неговата извесност пред системот, а неговата извесност се вика – виновен е штом го набљудуваме! Ние би биле глупави да губиме време. Не, ние ќе направиме се’ за да ја оправдаме логиката од своето постоење. Затоа тој мора да настрада. Треба да заврши во Идризово. Треба да ја докажеме неговата исконска вина. Фактички не мора ниту да ја докажеме, доволно е што е веќе заведен како сомнителен во нашиот сложен систем на контрола и набљудување. Нашиот конечен доказ е нашето набљудување. Точно затоа никогаш не смее да се случи ликвидација на набљудувањето – тоа треба да трае најмалку колку што ќе трае нашиот систем! Набљудувањето и кодошот како негов носител се патерицата со која оди нашиот систем.
 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.