Среда, 23 Декември 2009   
Во екипажот на морепловци на Колумбо, најхрабриот - Драган од Охрид (втор дел)
Еден Македонец е уште една светска легенда, Драган од Охрид. Полн со авантуристички дух, воинственост и бунтовност, а од друга страна добар, чесен и наивен. Колку типични карактеристики кога би се опишувал секој македонец и тоа генерално.
Драган живеел во 15 век и бил еден од морепловците на екипажот на Кристофер Колумбо, а шпанските експерти од 15тиот век така и го записале како Драган од Охрид или Алонсо де Лихнидиа... Во неколку продолженија ќе објавуваме преводи од книгата
Имиграција во Америка 

John Carroll University 
Hall & СО., Boston 

ГЛАВА 18 
Македонци
(продолжение)
Областа на Кокибакоа од континентот, (наречен Тврда земја ) која тој Драган ја сметал за исклучителна и е остров, му личела на една мала Венеција поради големите наколни колиби над водата и пирогите (големи бродови ) на Индијанците. Поради тоа што наликува на Венеција, тој (Драган) ја нарекол територијата Венесиола, подоцна името поминува во Венецуела. На 24 август 1499 година го посетил езерото Бартоломе (езеро на Маракаибо) и по шест дена го завршува патување под Корабно платно и се одлучува на враќање. Кон средината на месец јуни 1500 година пристигна во пристаништето на градот Кадис, како единствена  стока која ја носи со себе се малку бисери и бразилско дрво (Индиго), кое го натоварил на островот Еспањол, мимо вољата на Колумбо. 
На 8 јуни 1501 година на Драган му се доделува капитулација (кралскиот договор завршува за него) за преземање на географски откритија и се назначува за гувернер на Кокибакоа. Тогаш тој живее во Севиља заедно со индианката Исабел. Бидејќи му недостасуваат пари за ново патување, тој се здружава со Хуан де Вергара и Гарсиа де Кампос (Окампо). Од ветените 10 бродови само четири се подготвени: "Санта Марија де ла Антигва"; "Санта Марија де ла Гранада", "Санта Ана" и "Магдалена". На чело на еден од овие бродови заминува Педро де Охеда, роднина на Алонсо. Експедицијата започнала со нивното патување од Кадис во првите денови на јануари 1502 година. Пет месеци подоцна Алонсо де Охеда ја прави првата (европска) населба на малиот морски залив Светиот крст (заливот Хонда), но амбициите на неговите партнери му ги уништуваат мечтите за колонизација (населување на новите земји). Обвинет за присвојување на примен профит, во неправдата во однос на индијанците и казните, давани на Шпанците, тој бил уапсен од своите соработници и одведен на островот Еспањол. Пред заминувањето,му разрушуваат се што било изградено. На островот Еспањол го осудиле Алонсо де Охеда на конфискација на неговиот личен имот и одземање од секоја власт. Со укинувањето на казната на 8 ноември 1503 година Охеда се враќа во Шпанија. Така експедицијата се замрзнува. 
Во првите месеци на 1505 година Алонсо де Охеда презема ново патување, за кое нема доволно податоци. Се знае дека тој бил на задача да открива во Кокибакоа, во потрага наостровите на бисер и заливот Ураба. Не се знае дали пловел со еден или два бродови. Познато е само тоа дека по тоа патување остава податоци на островот Еспањол, каде се движел со неколку имиња, и тоа со шпанските кралеви Фердинанд и Изабела кои му ја дадоа капитулацијата (на кралскиот договор) при вториот обид да исплива. Повторно започна во есента 1505 година три години подоцна со еден кралски декрет кога се назначени Диего де Никуеса и Алонсо де Охеда за гувернери, односно на Верагуа и Ураба со мандат за четири години. Како заменик на Охеда се наименува Хуан де ла Коса. Трошоците за експедицијата се покриваат од правистот Мартин Фернандес де Енсизо, кој останува на островот Еспањол со еден брод како резерва. Останатите четири бродови испловиле на 10 или 12 ноември 1510 година пристигнал на местото кое се нарекува Картагина во Индија и во борба со индијанците загинува Хуан де ла Коса. Алонсо де Охеда основа во Ураба населба- Форт Сан Себастијан, но и тоа не го дава очекуваното , поради недостатокот на храна и нападите на индијанците. Самиот Охеда бил повреден (за прв и последен пат) во едната нога. Откако се излекувал, тој решил да се врати на островот Еспањол, за да побара помош, како за свој наместник на зајакнувањето на населбата останува Франциско Писаро. Бидејќи не располага со средства и други можности за патување, Охеда се качи на бродот, украден од Бернандино де Талавера со помош на другите бандити од еден генуезец. Екипажот го фати Охеда и насила го тргна на островот Куба, но Диего де Ордас кој е од екипажот на Хуан де Ескивел, гувернер на островот Јамајка, пробал да го откупи и истовремено го испраќа Панфило де Нарваес да го бара. Охеда бил суден на островот Еспањол заедно со Бернандино де Талавера и неговите луѓе. Охеда бил ослободен и така тој го завршува својот живот како откривач и владетел.
Тој е командант и творец на кралства. Игра голема историска улога, но не успеал да се издигне до височината на другите капетани - команданти од конквистата. Неговиот животен и професионален крај, како овој, и на многу други, беше мрачен и тажен. Живеел е во градот Санто Доминго (на о. Еспањол), според тврдењето на монахот Бартоломеј де ла Касас, кој го видел во 1513 година. Наводно починал во зимата на 1515 и 1516 година Починал беден, како и бедно живеел во последните години . Лас Касас, пишува: "Почина од некаква своја болест во овој град". Но, ние не знаеме дали е умрел од болест, од сиромаштија или од осаменост; тој страдал, бидејќи од 1502 година не ја видел својата индианка Исабел. При својата смрт, тој бил на околу 45 години и бил целосно скршен. 
Ова е превод на биографијата на Алонсо де Охеда според шпанската енциклопедија. 

Алонсо де Охеда, кој е централна фигура во отворањето на Новиот свет, некако остана во позадина. 
Тој е еден од најголемите херои во Гранадската војна, монах од верските борбени ордени, непобедлив борец со меч, најдобар атлетичар на Шпанија, одличен пливач, најдобар и најсмел на Обединетото Кралство Кастилија, Леон и Арагон, љубимец на кралицата Изабела и нејзино доверливо лице, како и нејзин претпочитан Кавалер. Алонсо де Охеда е најсериозен ривал на Кристофер Колумбо во географските откритија. 
Тој е првиот Европеец, кој згазнал на континентот на Новиот свет, со европска и христијанска мисија - првиот цивилизатор, основач на првата и втората европска населба, ктитор на првата црква, ги извршил првите христијански покрстувања, како на континентот Америка, така и на островот Куба. 
Алонсо де Охеда е најзначаен конквистадор на Шпанија во екипажите на кого се ослонувале: Франциско Пизаро, освојувајќи ја империјата на Инките, Хернандо Кортез, покорувач на земјата на Маите и Васко Нуњес де Балбоа, кој а зајакна шпанската колонизација во Колумбија и Панама. 

Тој е назначен со кралски декрет два пати за вицекрал на Шпанија, гувернер на Венецуела и гувернер на Колумбија. Откриваше и објавуваше за шпанската круна територии, многу големи и широки од земјите освоени од сите шпански кралеви и Колумбо, земени заедно. 

Алонсо де Охеда е претставен како "не многу образован, ниту прозорлив. А познат е написот отпечатен на шпански во латино-американскиот свет: "Витезот Охеда, доверливо лице на католичките кралеви". Тоа е историски факт. Кралицата Изабела се потпира на Алонсо де Охеда при спроведувањето на многу државни дела. А кралицата Изабела, како што е познато, е просветена жена во XV век, со исклучителни заслуги во Војска, голема реформаторка и личност со забележителни ораторски квалитети. Може ли една генијална жена како неа и истовремено и кралица на една моќна држава во тоа време, да земе за советник и доверливо лице еден човек кој ги немал сите квалитети. 
Охеда е испратен од кралица Изабела, за да ги следи активностите на Колумбо одблизу како и во првото патување во 1492 година под името Драган да Лихнид, така и во второто патување, под името Алонсо де Охеда. Официјално Алонсо де Охеда се води заменик командант на војската и командант на Диктаторот. Бидејќи се познава пред со Колумбо, со кого се дури во пријателски односи, неочекувано застанува и како поморски капетан на каравелата "Ла Горда". 
Така стигнал до Островите Доминика, Мариагаланте, Гвадалупе. Алонсо де Охеда со својата каравела "Ла Горда", наречена со Гала име "Капитал", како бродот "Санта Клара" бил познат како "Ниџа", стигнал прв пред островот Доминика, но Колумбо му го одзема правото да го наслови островот. Јасно е дека првата новооткриена земја припаѓа на адмирал што ја презел мисијата на откривателското патување во 1493 година како замена за тоа, Колумбо се согласува следните шест островот да бидат имиња од Рицари на Мадона - Охеда, кој на општо изненадување ги нарекува сите со името на својата покровителка Света Богородица Марија. Така се редат островите: Света Марија Галанте, Света Марија Гвадалупе, Света Марија Љубена, Света Марија Монтсерат, Света Марија блажената и Света Марија Антигва.
Генералното мислење е дека конквистадорите, работеле во Новиот свет биле користољубиви и жестоки авантуристи, рушители на духовни и материјални вредности. 
За голем број западни научници Алонсо де Охеда не прави исклучок. И тој, од сиромашните, од алчност се втурнал кон Новиот свет. Истражувањата му донесоа богатство, за да си поживее на волја. Во обид да награби колку што е можно повеќе злато, пројавил таква жестокост, каква покажаа другите конквистадори. Не го разликуваат дури од бандитите. Но, во 1493 година и 1494 година таквите алчници на лесна добивка се им оддадоа на разбојништво и стихијни грабежи, тие немале главатар кој да ги обедини освојуваните племиња и да ја засили ударната сила на сплотената банда Печалбари. Оваа улога прилега на Алонсо де Охеда, но тој по природа индивидуалист, одлучува да дејствува сам и со дузина дрски морнари ". 
А што говорат фактите? 
Алонсо де Охеда војувал со Индијанците само кога бил предизвикан или нападнат од нив. Обично ги предупредувал, ги запознавал со манифестите, кој му биле дадени од името на папата и на шпанските кралеви. Во повеќето случаи, тој се јавува и како заштитник на Индијанците.На островот Еспањол наоѓа злато- пронајдено лично од него. Можел да го заплени за себе. Но, тој го испрати на кралската хазна. Овој чин на Драган не е единствениот случај. И пред да замине за новиот свати, тој се откажал од богатства. И како се вели во шпанската енциклопедија: "... Во последните години живеел во сиромаштија и во сиромаштија умре". Сосема оправдано произлегува прашањето: Зошто се откажал од богатството, кога тие биле во неговите раце? Зошто, за разлика од другите конквистадори и авантурист со благороднически имиња, тој презема свое право, за да спроведе еден голем идеал. Алонсо де Охеда, како и секој човек имал свои слабости. Но тие се однесуваат само него, не и на интересите на шпанската круна. Какви и да биле слабостите, тие не се причина да се потценуваат неговите дела и да се фрли името во заборав. 
Грешките на западните истражувачи се должи да ги анализираат чувствата на Охеда, поаѓајќи од службата во корист на шпанските кралеви Исабела и Фердинанд. 

(продолжува)

К. Л.
 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.