Среда, 08 Март 2017   
Откривање на спомен-плочата на свети Кирил Солунски во Рим (17)

kim17-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Се поздрави со митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј, кој, откако се претстави, во своето поздравно слово ја истакна големата црковно-национална улога на Светиклиментовиот град Охрид - „Мал Ерусалим и Сион за словенските народи” и нагласи дека Македонската православна црква ги негува традициите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици св. Климент и Наум Охридски, нејзини основоположници, и настојува да ги спроведе во живот принципите на екуменизмот.

Поздравувајќи се со папата Павле VI потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски, меѓу другото, рече: „Ваша Светост, позволете ми од името на Владата на СР Македонија и наше лично име да Ви заблагодариме за моралната и материјална помош што ја дадовте по катастрофалниот земјотрес  што го снајде Скопје и неговите жители, како и за другите пострадани места во нашата земја, и Ве уверуваме дека тој Ваш акт на христијанската солидарност ќе остане со особена почит длабоко всаден во нашите чувства”.

На приемот неговата Светост папата и’ упати на црковната и државната делегација на Македонија и на македонскиот народ една порака со следната содржина:

„Мошне сум среќен што можам да ја поздравам делегацијата на високи личности од Социјалистичка Република Македонија, која дојде на комеморација на големиот свети Кирил, кого, како и неговиот брат свети Методиј, оправдано го слават како апостол словенски, основач на словенската книжевност.

Свети Кирил беше голем апостол, кој знаеше на посебен начин да ја оствари рамнотежата меѓу барањето на единство и законот на различност. Тој го основа ова традиционално и неменливо начело: црквата ги почитува и ги прифаќа сите услови, сите извори, сите животни облици на народот, со кои се заветува Евангелието на Господа, прочистувајќи ги, зацврстувајќи ги и здружувајќи ги. Така свети Кирил и Методиј можеа да го постигнат Христовото откровение, и литургискиот и духовниот живот на христијаните да го одомаќинат во културниот живот на словенските народи.

kim17-2
Молебен на гробот на свети Кирил

Во продолжение на свечениот чин папата Павле VI рече: „Вдлабочување на Свети Кирил во јазиког и културата на словенските народи беше плод на долго и настојчиво проучување, постојано одречување, поткрепено со ретка генијадност, способно на тој јазик и на таа култура да и’ го даде првото писмо, што ќе послужи како адекватно средство да се изрази и прошири прекуСветото писмо.

Со тоа тој ги постави темелите на огромниот книжевен и културен развој, кој, се’ до денес, се прошируваше, разгрануваше, развој на кој вашиот македонски народ му даде голем придонес. Ние сме ви многу благодарни на вашата посета,

Иако свети Кирил, кој и натаму останува пример за денешните луѓе во настојувањетода се приспособат кон новонастанатите промени, ве вдахновува во вашите напори за слога и мир меѓу народите со различни култури и традиции„.

На крајот, папата топло им се заблагодари на своите гости за големиот и драгоцен подарок - оргинална икона „Св. Крштение на Господа Исуса Христа” од манастирот „Св. Богородица” с. Карпино-Кумановско, од XVI век, која ја симболизира културната самостојност на македонскиот народ, како и Светото евангелие (во кожни корици) печатено на македонски јазик, чија основа ја поставил свети Кирил.

Домаќинот им врачи подароци на своите гости, пожелувајќи им успех во нивната црковно-народна мисија.

По повод денот на св. Кирил и Методиј - 24 мај, на претпразненството на 23 мај 1970 година во Рим се одржа, очекуваната со голема радост и гордост пригодна свеченост во базиликата „Свети Климент” каде што веќе полни 11 векови се наоѓаат светите останки на св. Кирил Солунски.

Свеченостите почнаа со молепствието над гробот на свети Кирил, на кое чинодејствуваа поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски господин Доситеј и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА: митрополитот злетовско-струмички господин Наум и митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј со асистенција на дваесетмина свештеници од Македонија.

kim17-3

kim17-4

Претставникот на Владата на СР Македонија, потпретседателот на Собранието на СРМ г. Ванчо Апостолски и претседателот на Комисијата за верски прашања и член на Извршниот совет на СР Македонија г. Анте Поповски положија венец од Социјалистичка Република Македонија на гробот на свети Кирил.

На свечениот чин - молепствие и откривање на спомен-плочата присуствуваа и претседателот на Сојузната комисија за верски прашања во СФР Југославија г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот амбасадор во Рим г. Срѓан Прица, членовите на Радио-телевизијата и Хорот и Филхармонијата на СР Македонија од Скопје и голем број културни и јавни работници, како и туристи, кои специјално допатуваа во Рим, за да учествуваат на оваа наша голема национална свеченост и на тој начин да му одадат почит на својот далечен и заслужен предок.

Архиепископот охридски и македонски господин Доситеј ја откри Спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски и латински е испишан следниот текст:

„НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛ СО
БЛАГОДАРНОСТ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД”

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ Александар ДОН...

Историја

News image

Милојевиќ: Мегленци го прифатиле исламот кога била укината Охридската патријаршија

„Муслиманите не само што ги истиснуваа христијаните и ги завземале нивните места, туку и со насилно ...

Иселеници

News image

Јубилеј: Десет години од формирањето на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот ...

Култура и туризам

News image

Ново дело на дипломатот Константин Дораковски

Неодамна од печат излезе книга со драмски текстови под наслов „Шушулеменко“ од дипломатот Константин...

Фељтон

News image

Архиепископот Михаил - четвртиот поглавар на МПЦ-ОА (9)

За духовното, националното и црковното живеење на Македонците големи заслуги имаат, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.