Среда, 19 Април 2017   
За делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил философ во Рим“ (23)

 

kim23

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и амбасадорот  професор д-р Ѓоко Ѓорѓевски се пецензент на делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил филозоф во Рим“ од авторите Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент, а во издание на „Македонска искра“ од Скопје. Оваа книга е продолжение на делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Овие дела заедно ги содржат четириесетте поклоненија на гробот на свери Кирил Солунски во црквата „Сан Клементе“ и посети на црковните и државните делегации во Рим.

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан  во воведот на ова дело, меѓу другото, го напиша следниот текст:

Пораката на светиот апостол Павле - помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо ... (Евр. 13,7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун - светите Кирил и Методиј.

Од средината на 9 век па наваму, сесловенските просветители, браќата од Солун - светите Кирил и Методиј. овие двајца просветители и учители, свештенослужители и рамноапостоли, имаат водечко место во духовната историја на македонскиот и на словенските народи. Како нови апостоли и учители на сите земји во коишто огрееја на земјата како сонце со вистинска вера и убавина го просветија и нашиот народ и нема да се посрамиме споредувајќи ги сите нивни добри дела и подвизи со оние на Божјите угодници.

Годинава, по 40- ти пат, Македонската црковно- државна делегација ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, на свети Методиј ќе му се даде заслужна почит во Елванген - Германија, местото каде што темнувал повозрасниот брат Исто така, претставници на МПЦ и на Министерството за култура при Владата на Р. Македонија ќе учествуваат на Сесловенското чествување во Русија.

Секако, покрај молитвено во храмовите на МПЦ, во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот, на св. Браќа ќе им се оддаде почит од институциите што ги носат нивните имиња, од просветните работници, студенти и ученици и од сите коишто го почитуваат делото нд големите просветители и рамноапостоли, светите враќа Кирил и Методиј. Од оваа година во Р. Македонија нивниот ден е прогласен за државен празник.

kim23-2
На промоцијата во Куманово

Исто так на 18.11.2008 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан придружуван од надлежниот eпархиски Архиереј Митрополит г. Кирил изврши промоција на книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим“, од авторите Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент.

Пред собраните кумановчани Архиепископот г.г. Стефан имаше промотивен збор кој го даваме во целот. Така, тој рече дека како дел од тогашната конверзација во чест на свети Кирил, свое место најде и книгата со наслов „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим“ и продолжи.

Ни причинува големо задоволство што за истава книга интерес покажа и „Домот на културата“ во Куманово, па ни даде можност за неа вечерва накратко и пред вас да говориме. Всушност, самиот наслов ни ја открива содржината на делото. Во него се поместени информации за посебни посети на државните и црковните делегации на гробот на сесловенскиот просветител Кирил во Рим од далечната 1969 година, па сѐ до оваа 2008 година.

Манифестацијата почнала во 1969 година кога во Македонија и меѓу словенските народи се одбележале 1100 години од упокојувањето на свети Кирил. Од таа јубилејна година, кога црковно-државната делегација отишла првпат официјално да се поклони пред големиот просветител и рамноапостол, па сѐ до оваа 40-та по ред, дошле многу претставници на државната власт, на просветните институции, како и многу делегирани претставници на Светиот Македонски Синод на Македонската православна црква –Охридска архиепископија за да искажат во име на македонскиот народ достојна почит и искрена благодарност за големото дело на рамноапостолот од Солун. Од 1970 до 1978 година манифестацијата се именувала како „Денови на македонската култура во Рим”. Потоа сѐ до 1991 година, всушност до распаѓањето на домашната држава, преименувана е во „Југославија во чест на св. Кирил”, а оттогаш па сѐ до денес чествувањето го носи поранешното име „Денови на македонската култура во Рим”.

Авторите на книгата Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископ Климент. многу внимателно се погрижиле најпрво да поднесат неколку, поточно 6 текстови во кои детално се зборува за личностите на светите браќа, за нивните мисии и дела, како и за нивниото почитување меѓу македонскиот народ. Потоа, хронолошки се опишани сите поклоненија со информации за тоа кои личности ги составувале делагциите на Црквата и државата, каде и од кого биле примени делегатите во Ватикан и Рим, како и тоа со какви придружни манифестации биле пропратени чествувањата.

Наоѓајќи се тогаш таму во градот кон кој водат сите патишта, како што милуваат Италијанците да речат за Рим, си велев, па и вечерва го мислам истото, дали сме свесни што ќе речел св. Кирил и за неговото патување од Солун преку Цариград до Молдавија, ако патот не го однесеше во Рим.

И не само тој, туку и неговиот брат и неговите уценици. Што ќе останеше од нивното дело и од нивната мисија ако Бог не промислил да отидат токму таму. Затоа прелистувајќи ја оваа книга се потсетив на зборови од светиот апостол Павле упатени до некогашните лидери каде им вели: Колку се неиспитани Божјите патишта, додавајќи дека секое наше патување е по волјата Божја, па и она последното.

kim23-3
Свети Кирил и Методиј

Има многу теми за кои е потребно да размислуваме особено за тоа зошто токму така, зошто токму тогаш, зошто токму таму се случува нешто на некои личности особено значајни за еден народ, па и пошироко.

И нема да најдеме одговор освен дека таква била волјата Божја. Но еве во овој свет базиликата на св. Климент епископот Римски, за кој да потсетам дека настрадал маченички, а чии мошти светиот Кирил ги нашол во Црното Море кај Крстон и ги донесол во Рим, повеќе од 11 столетија, ќе речам, е богодарувано пристаниште за македонскиот народ, за словенските и за сите народи што го почитуваат неговото возвишено дело.

Овој Светикирилов гроб на македонската држава и Црква, благодарение на добрата волја и љубезноста на ватиканските власти и институции е повеќе од отворен прозорец кон светот, и ќе речам за верните луѓе свет патоказ кон небесните и тајните вредности.

Гробот на свети Кирил бил и останува отворено послание и потсетник дека светото дело ќе постои како вечно запалено кандило пред Бога и пред даровите, како светило што нѐ осветлува пред Светиот без оглед на временската и просторната дистанца.

Ние во име на македонскиот народ и на Македонската Православна Црква- )хридска архиепископија на св. Кирил досега организирано сме му отишле на поклонение 40 пати, а верувам дека ќе одиме и понатаму и заради него, но уште повеќе ќе одиме заради нас. Ќе одиме со Божја помош уште барем 40 пати и уште 40 по 40 пати. Ќе одиме на поклонение вечно! Впрочем поклонението пред светиите е поклонение и пред Бога!

Крај

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.