Среда, 03 Мај 2017   
Почетоците на христијанството во Македонија и во дијаспората (2)

hm2-1

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  - ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65 % од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3 % на протестантските, додека 1,2 % припаѓаат на католичките христијани. Прв кој го проповедал евангелието во Македонија бил апостол Павле, каде во тоа време биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството е света Лидија Македонка.

Најголема улога во христијанизацијата на земјата, според традицијата, има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата во Јустинијана Прима, заедно со свети Кирил и Методиј, свети Климент Охридски  и свети Наум Охридски..

Во времето на цар Самуил, Охридската црква била подигната на ранг на патријаршија, за во 1767 година таа да биде укината. По завршувањето на Втората светска војна била основана Македонската православна црква - Охридска архиепископија која се изјаснува како наследник на средновековната Охридска архиепископија.

Во овој дел е даден текст за апостол Павле кој станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања во Македонија. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на кои патувања тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати.

Потоа е претставен архимандритот Хаџи Павел Граматиков – Божигробски кој е познат по тоа што е автор на преводот „Кониковско евангелие” или „Неделното евангелие” на воденски народен говор, што заедно со другите преводи претставува мала книжнина и влијаел и за поставувањето на јазичното прашање во времето на преродбата, како и текст за духовноста на Метеорите во Егејска Македонија.

hm2-2
Свети Кирил и Методиј

Посебен простор е посветен на света Мајка Тереза која беше прогласена за најголема хуманистка на XX век, припаѓаше на Скопје, Калкута и на целиот свет. Папата Франциско ја канонизираше Мајка Тереза на 4 септември 2016 година на плоштадот „Свети Петар” во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации и 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста за прогласување на света Мајка Тереза се пренесуваше во живо на ватиканската телевизија и беше пренесувана на интернет.

За духовно - националното и црковното живеење на Македонците имаат големи заслуги, пред се’ првиот поглавар г.г. Доситеј, кој особено е вреден за потсетување, бидејќи ја возобнови Македонската православна црква и од него се почна. Исто така и четвртиот поглавар на МПЦ - ОА г.г. Михаил има огромна заслуга за афирмација на духовното живеење во Македонија и во дијаспората, особено во возобновувањето на македонското монаштво..

Методи Гогов ќе остане доследен на крстот и мантијата, на олтарот и молитвата, на црквата и Македонија. Но како да се плашеле од неговиот дух, неговиот ум и знаење, па за да се ослободат од него во 1966 година го испратиле да богослужи далеку од Македонија, преку океанот, во Австралија. Но во Мелбурн тој бил свештеник во првата Македонска црква од Македонија „Свети Великомаченик Ѓорѓи Чудотворец“. Тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи работел и неуморно патувал - ги создавал првите црковни општини во Австралија.

Во делото е даден придонесот на митрополитот господин Кирил (Никола Поповски) и неговата улога која беше огромна и остави значајни траги во формирањето на македонски православни духовни, национални и културно–просветни центри во прекуокеанските земји. Тој целиот свој живот го посвети на духовно-црковното и националното обединување на македонскиот народ, на Американско-македонско-канадската епархија и на Полошко-кумановската епархија.

hm2-3
Првата македонска црква во дијаспората „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн

Посебен простор е посветен за Црковно-народниот собор, одржан на 9 октомври 1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска архиепископија „Света Софија“ во Охрид, кога митрополитот Стефан на 10 октомври 1999 година торжествено беше востоличен како петти поглавар на МПЦ-ОА и оттогаш тој ја извршува должноста архиепископ охридски и македонски, а истовремено е и надлежен архијереј на Скопската православна епархија. И покрај 44-годишната возраст на господин господин Стефан, Македонската православна црква–Охридска архиепископија ја вложи довербата во неговата интелектуална и морална зрелост.

Денес надлежен архиереј на Американско—македонско-канадската епархија, една од трите задгранични епархии на Македонската православна црква е, митрополитот господин Методиј, кој  беше интронизиран во „Свети Климент Охридски” во Торонто  на 4 септември 2006 година. Чинот на востоличувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква, неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

Македонското иселеништво во САД и во Канада, преку дејноста на македонските православни цркви, ја доживува својата вистинска црковно-духовна, културно-просветна и сенародна ренесанса и афирмација.

Тоа е, секако, заслуга на матичната татковина - Македонија и грижата на мајката автокефална Црква. Всушност, нашата Светиклиментова автокефална МПЦ-ОА, преку своите духовни мисионери, особено митрополитите Кирил и Методиј, заедно со свештенството се оној “спиритус мовенс“ кој ги мотивира, обединува и инспирира Македонците од сите делови на етничка Македонија во нивното севкупно живеење и творење.

Затоа, за митрополитите Кирил и Методиј и Американско-канадско-македонската епархија е посветен посебен простор во ова дело. Тие, заедно со свештениците и верниците се достојни за почит, оставајќи трајни дела за себе и за идните генерации. Ова зборува дека такви добри дела можат да прават само духовници, институции, примерни во работата, креативни и силни луѓе, докажани дарители какви што се членовите на МПЦ-ОА. Луѓе проникнати со достоинство и искрено и чесно македонољубие. Луѓе со широки и чисти евангелски христијански погледи и љубов кон својот народ и сите луѓе.

Исто така, во овој дел се презентирани и текстови за: Кирил Стојановски и Атанас Попов - првите мисионери во Канада, за Илија Донев – духовникот и чувар на македонската религија, за архимандритот Никодим Царкњас кој е симбол на Беломорието и Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.