Среда, 10 Мај 2017   
Христијанството - религија на Македонците (3)

biblija

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  - ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Почнувајќи од древните времиња па до денес, Македонија беше, е, и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии. Така, христијанството се појави на овие балкански простори пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дојде во Македонија, која како земја, неколку пати се споменува и во Библијата. Историски гледано, почнувајќи од  епохата на Александар Македонски преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Славјаните кон југ а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија беше крстосница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Во текот на овие долги и важни периоди само две нации го избраа името на земјата како дел од нивниот идентитет - древните Македонци и Македонците денес.

Македонија го зафаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров и има извонредно важна положба во спојувањето на важните патишта и цивилизациски вредности и оставнини. Земјата е отворена вдолж долините на реките Вардар и Струма кон Егејското Море, како дел од Медитеранот. Во минатото, пак, патот Виа Игнација најважната раскрсница на Балканскиот Полуостров која поминувала од Дуразо преку Елбасан, се протегала и низ Македонија, преку Охрид и Битола до Солун и Константинопол.

Оваа географска положба ја сместува Македонија на крстосниот мегдан меѓу Исток и Запад. Сите воени експедиции морале да поминат преку неа, а таа била мост преку кој преминувала развиената трговија, заедно со различни култури, религии и други влијанија. Македонија била еден од првите региони во кој пристигнала христијанската вера и преку неа христијанството се проширило кон западните и северните  простори.

Христијанството е најголемата и најзначајната религија на територијата на Република Македонија со околу 65 % од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95 % припаѓаат на православните христијани, 3 % на протестантските,  додека 1,2 % припаѓаат на католичките христијани. Прв кој го проповедал Евангелието во Македонија, бил апостол Павле, каде биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството била света Лидија Македонка.

Треба да се истакне дека најголема улога во христијанизацијата на Република Македонија и македонската дијаспора, според преданијата, хроничарите и традицијата, има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата на Јустинијана Прима, заедно со нејзините мисионери браќата свети Кирил и Методиј Солунски, свети Климент и свети Наум Охридски.

На оваа македонска почва се пуштени  ркулците (никулците) на првата азбука од свети Кирил (Константин Солунски), човекот, кој во тој период се истакнувал по своето образование, а која била историски значајна за сите славјански народи.

Доаѓањето на свети Климент Охридски во Македонија, е од голема важност за првата словенска азбука, бидејќи судбоносниот момент дошол кога Македонците можеле да се образуваат учителите на својот мајчин јазик. Како надополнување на другите мисионерски активности, во период од седум години, околу 3.500 студенти се здобиле со образование на Климентовиот универзитет во Охрид.

Ова била вистинска ренесанса на Македонците. Тука не само што ја потврдиле македонската вера, туку и се здобиле со повисоко образование, бидејќи покрај теологијата на Климентовиот универзитет, се учеле и други предмети вклучувајќи молитва на старомакедонски (словенски) јазик, пеење, општа и црковна историја, природни науки, филозофија, медицина и други јазици. Меѓутоа, најважната работа било тоа што, со извршените преводи и заедно со транскрипцијата формирале една цела литературна школа. Охрид станал центарот од кој македонската литература се раширила кај сите славјански народи. Во исто време Охрид станал вистински центар на христијанството - „христијански Ерусалим”,   или  “балканскиот Ерусалим “како што се нарекува денес.

Во времето на цар Самуил, Охридската црква била подигната на ранг на патријаршија, за потоа во 1767 година, таа да биде укината. На крајот од Втората светска војна била возобновена Македонската православна црква, во лицето на Охридската архиепископија.

kiril-metodij
Свети Кирил и Методиј

Црковните споменици во Македонија навистина биле свети места на зближување меѓу христијаните од сите балкански земји и од светот. Затоа македонскиот народ и денес ги заштитува со најсовремени научни методи, ги чува и се грижи за тие објекти кои постојано се отворени и достапни за секој добронамерен верник, почитувач и проучувач од кој било дел на светот, а мајсторите и донаторите комуницирале низ овие градби според своите духовно - црковни доблести.

Македонците, никогаш не ги третирале делата на своите творци во други земји за своја сопственост, туку како природна циркулација на културните вредности и добрите верски односи меѓу христијаните и другите верници. Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Со цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во Македонија во периодот од десетина векови си помагал со другите народи на Балканот и пошироко, си пружал христијанска рака, затоа ги издржал и ропството, асимилацијата, прогонувањето а и неправдите. Тој опстанал и ќе опстоти сé додека векот векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со широка христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата црква.

Во историскиот развој на Македонија е забележано дека во времето на Втората светска војна, македонскиот народ активно учествувал во неа со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се здобие со национална слобода, државност и црковно осамостојување. Првиот официјален акт во врска со регулирањето на македонското црковно прашање бил донесен на 15 септември 1943 година, од страна на тукушто формираното Верско поверенство при Главниот штаб на македонската војска.

Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената територија, во селото Издеглавје - Охридско, бил одржан Првиот свештенички собор, на кој едногласно биле донесени решенија од првостепено значење за натамошната иднина за црковното управување во Македонија. Тогаш македонското свештенство одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да е туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија и црковниот живот на слободниот македонски народ да биде раководен од Македонската православна црква.

kliment-naum
Свети Климент и свети Наум Охридски

Одлуката за самостојност на денешна Македонската православна црква-Охридска архиепископија беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година, во црквата „Свети Мина“ во Скопје, и, истовремено, е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа, Светиот архијерејски синод на Српската православна црква даде самостојност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со тоа што, таа и понатаму останува во канонско единство со Српската православна црква преку нејзиниот патријарх.

По неколку дена во црквата „Свети Никола” во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија господин. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ-ОА  според нејзиниот Устав, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година, во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи  на Српската православна црква, во посета на Македонската православна црква-Охридска архиепископија дојде патријархот московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот Свети Кирил и Методиј во црквата „Света Богородица” во Охрид беше одржана и архијерејска литургија, на којашто зедоа учество патријархот московски Алексиј, патријархот српски Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Ова беше прво сослужување на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со поглавари на други автокефални цркви.

Во 1966 година, односите со Српската православна црква повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија  на 17 јули 1967 година, во Охрид, го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Свети Климент Охридски” ја прогласил денешната Македонската православна црква-Охридска архиепископија за автокефална.

Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија беше извршен на светата архијерејска литургија, отслужена во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ (тогаш позната и како „Свети Климент Охридски”) на 19 јули 1967 година, од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, точно по 200 години  од нејзиното укинување од страна на Отоманската Империја.

Последниот Устав на Македонската православна црква-Охридска архиепископија беше донесен во 1974 година, според кој, Македонската православна црква своите работи ќе ги управува и ќе ги води независно, во согласност со догматското и канонското единство со другите православни цркви. Македонската православна црква-Охридска архиепископија има свој грб, свое знаме, а службен јазик е македонскиот.

Црковно–епархиски тела и административни органи на МПЦ-ОА се: 1. Архиепископот, 2. Светиот архијерејски синод, 3. Архијерејскиот црковен суд, 4. Епархиите, седум во Република Македонија и три во прекуокеанските земји (Американско – канадска, Австралиска и Европска епархија), кои се управувани од надлежни владици со помош на архијерејски заменици во градовите на овие епархии. Основни единици на територијалната поделба се парохиите, управувани од свештениците.

Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците во земјата и надвор од неа. Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се бореше и за независност на својата православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во последниве илјада години секогаш беше тесно врзана со Македонската православна црква, со Охридската архиепископија.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.