Среда, 24 Мај 2017   
Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

kim5

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  - ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи.

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства.

По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа, библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Но, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константин. Тој бил наговорен да прифати да биде професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.

solun5
Солун – родниот град на свети  Кирил и Методиј

Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, затоа што, главно, се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методија. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна, во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу Словените по текот на Брегалница, била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголица.

Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за Словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други, пак, според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште шест. Тоа се случило уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалничката област, а особено во градот Равен, кој, исто така, лежел по течението на оваа река.

На тој начин, во овој дел на Македонија, Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан и „О писменах“ од Црноризец Храбар.

europe-map5

Ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека,Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници кои ги обвинувале за ерес.

Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и во три римски цркви богослужбите да се вршат на словенски јазик. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, свети Методиј починал во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив биле распродадени како робови.

Делото на светите браќа по смртта на свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - свети Климент и свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почитувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание „egrigae virtulis“ папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за копокровители на Европа, чиј покровител е свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.

Во пресрет на 1969 година, кога се навршуваа 1.100 години од смртта на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, се роди идејата на 24 мај секоја година во Рим, со пригодна свеченост од името на македонскиот народ, да му се оддава должната почит на свети Кирил за неговото епохално дело. Во познатата базилика „Сан Клементе“, каде што се наоѓа скромниот гроб на свети Кирил Солунски, започна да се одвива церемонија во присуство на амбасадорите на СФРЈ при Република Италија, односно при Светата столица, со членови на колективите на амбасадите, Југословенската културна делегација, делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, официјални претставници од редот на италијанските државни и верски органи, организации, институции и асоцијации, новинари и други јавни и културни работници, пријатели на СФРЈ и на Македонија, од Југославија на работа во Рим, странски туристи и групи верници од Македонија што доаѓаат да присуствуваат или да земат учество (црковни хорови) на овој редок и значаен настан. Тоа е трајно запишано на македонски и на италијански јазик на бакарната спомен-плоча поставена 1970 година, преку која веќе се чувствува превезот на патината на времето.

Свечената церемонија отпочнува со чинодејството што го изведува делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со асистенција на хорот на „Русикум“ од Рим и на македонскиот црковен хор. По пригодната беседа на шефот на делегацијата на Македонската православна црква, на гробот на свети Кирил се полагаат венци од амбасадорите на СФРЈ при Република Италија и при Светата столица и Југословенската културна делегација, а букети свежо цвеќе полагаат многубројните почитувачи на споменот и делото на свети Кирил Солунски.

sv-kliment-rim
Цеквата „Свети Климент“ во Рим

Сé до 1978 година, само СР Македонија подготвуваше програма поврзана со чествувањето на свети Кирил. Потоа манифестацијата доби нов и поширок организациски карактер, под наслов „Југославија во чест на свети Кирил“. Се одвиваа разновидни и богати програми во Рим, а дел од програмите на манифестацијата се изведуваа и во Неапол, Л’Аквила и во областа Лацио (Терачино), а секогаш е договарано и за нови видови соработка во областа на културата и науката (Равена, Сицилија и др.). Од 1978 година па наваму програмата и составот на Југословенската културна делегација го определуваше Меѓурепубличкиот координационен одбор за меѓународна културно-просветна соработка (МКО). По одлука на ова тело, координацијата и организацијата на оваа заедничка културна манифестација и беше доверена на СР Македонија, односно на Републичката комисија за културни врски со странство, а денес на Министерството за култура. Така,  откако е Македонија  самостојна и суверена држава, во манифестацијата редовно учествува делегација на МПЦ-ОА, како и претставници од областа на политиката, културата и науката.

Еден дел од програмата за престојот во Рим и надвор од него, односно протоколарниот дел, се покажа како многустрано полезен за двете страни. Престојот во Рим, мотивиран, пред сé, од желбата да му се укаже достојна почит на свети Кирил, се наметна како среќен повод и можност за воспоставување на непосредни контакти на Република Македонија со соодветни претставници на Република Италија.

Овие бројни средби дури и кога се од формална гледна точка, имаат протоколарен белег, тие имаат  позитивна мисија за подоброто меѓусебно запознавање и разбирање, што наполно се совпаѓа со заедничките интереси и желби - преку проширување на меѓусебната соработка - и натаму да се придонесува за продлабочување на заемната доверба и пријателска соработка. Досегашниот историјат на манифестацијата покажа дека престојот и програмата на Македонската културна делегација и на делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, (во која авторот на овие редови бил пет пати на прием во Ватикан и кај папата Јован II), се одржува на мошне високо ниво. Започнаa и редовни средби и со поглаварот на Католичката црква - папата Јован Павле II, а денес  продолжуваат со папата Францис.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.