Среда, 21 Јуни 2017   
Архиепископот Михаил - четвртиот поглавар на МПЦ-ОА (9)

gg-mihail

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  - ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

За духовното, националното и црковното живеење на Македонците големи заслуги имаат, пред сè, првиот поглавар господин господин Доситеј, кој особено е вреден за потсетување, бидејќи ја возобнови Македонската православна црква-Охридска архиепископија и од него почна сè. Вториот поглавар господин господин Ангелариј, кој владееше, како високоморална личност воведе ред во Црквата. Додека, пак, третиот поглавар господин господин Гаврил го направи првиот македонски превод на Библијата, кој се користи до денеска. Меѓутоа, четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија господин господин Михаил, или како авторот на овие редови му се обраќаше со дедо Михаил, има огромна заслуга за афирмација на духовното живеење во Македонија и во дијаспората, особено во возобновувањето на македонското монаштво. 

Архиепископот охридски и македонски господин господин Михаил (Методи Гогов) беше четвртиот поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по нејзиното обновување. Михаил беше свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и остана запаметен по прекрасните беседи. Беше делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје. Напишал повеќе дела и превел богослужбени книги. Беше архипастир со евангелско смирение, со апостолска доследност и со Светиклиментов самопрегор. Тој работеше со ист прегор за градење на единството и угледот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија како дома така и во светот, а беше меѓу првите мисионери во Австралија. Тој е единствениот духовник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија.

Господин господин Михаил е роден во Ново Село, Штипско, на 20 мај 1912 година, како Методи Гогов од родители Панче и Санда. Toj e eдно од најсветлите и најзнаменитите имиња на древното и легендарно Ново Село, на македонскиот црковeн и духовен дом. Сиот свој живот архиепископот Михаил и’ го посвети на црквата, на религијата, на духовното зајакнување, обединување и возвишување на својот народ и својата татковина – Македонија. Љубовта и блискоста со Бога почнува од родното Ново Село во црквата „Света Богородица“. Малиот Методи Гогов бил слаб и со кревко здравје, па по желба на неговата мајка Санда, шестгодишното дете редовно ќе ги посетува богослужбите и ќе се грижи за чистотата на црквата.

stipsko-novo-selo
Ново Село, Штипско

По завршувањето на основното образование во своето родно место, во училиштето во кое голем број личности од македонската историја го добиле своето образование, во 1927 година се запишал на Богословијата во Битола. По извесно време по завршувањето на Богословијата, во 1932 година заминал на студии во Белград на Богословскиот факултет, каде дипломирал во 1936 година како најдобар студент во генерацијата. Како авторитет меѓу студентите влегува во редовите на македонскиот кружок за да биде назначен за секретар на студентското здружение на Богословскиот факултет, а го подготвувал и студентското теолошко списание како главен уредник.

По дипломирањето присилно бил мобилизиран во српската војска, при што неколкупати бил осудуван од Воениот суд. Пред војната дошол во Штип и кратко време предавал веронаука во штипската гимназија, но со судска казна за дела против интересите на царот и царска Србија, набргу бил депортиран во Ужице за да предава српска пропагандна веронаука. Во предвечерието и виорот на Втората светска војна Методи, пак, се вратил во Штип и работел како свештеник во Соборната градска црква „Свети Никола“ во Штип, каде дошол во судир со бугарската власт, па бил принуден да замине во одбрана на татковината.

За време на Втората светска војна, свештеникот Методи Гогов бил учесник во Народноослободителната војна, а при крајот на војната бил член на АСНОМ. Учествувал и во организирањето на Првиот црковно-народен собир во Скопје на почетокот од март 1945 година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мировни лица.

sv-nedela-veles
Света Недела и Света Петка“ во Велес

Михаил се залагал за самостојност на МПЦ-ОА, па во два наврата одлежал повеќе од шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт поради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. На 6 мај 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје.

Методи Гогов ќе остане доследен на крстот и мантијата, на олтарот и молитвата, на црквата и Македонија. Но како да се плашеле од неговиот дух, неговиот ум и знаење, па за да се ослободат од него во 1966 година го испратиле да богослужи далеку од Македонија, преку океанот, во Австралија. Во Мелбурн тој бил свештеник во првата Македонска црква од Македонија „Свети Великомаченик Ѓорѓи Чудотворец“. Тамошните медиуми го нарекувале поп што лета бидејќи работел и неуморно патувал - ги создавал првите црковни општини во Австралија.

Михаил бил меѓу првите мисионери во Австралија во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.

Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архијреј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година. Неговото Блаженство господин господин Михаил бил познат по тоа што не сакал да ги чита своите богослужбени слова, но бил запаметен по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архијереи.

Во 1988 година е хиротонисан, кога е и митрополит во Повардарската епархија. Потоа на 4 декември 1993 година, на Црковно-народен собир во Охрид е избран за четврти по ред поглавар на Македонската православна црква. На тој чин Михаил, меѓу другото, го изјави следното:

 „Ние, Михаил, избран и востоличен архиепископ охридски и македонски, се заколнувам во семоќниот Бог дека на Македонската православна црква и својата татковина Република Македонија ќе им бидеме верни и предани, ќе го почитуваме и чуваме црковниот Устав, ќе ја чуваме чистотата на светото православие, црковните канони и прописи, ќе го чуваме канонското единство на сите православни автокефални цркви, а посебно ќе ја почитуваме Македонската православна црква во сè, па и во своите дела и постапки ќе се раководиме исклучително од доброто и интересите на нашата Света Црква и Татковина, и дека нема да се согласиме со никаква измена што би била спротивна на нивните интереси“.

Архиепископот Михаил доаѓа на чело на Македонската православна црква-Охридска архиепископија две години по осамостојувањето на Македонија, која како држава требаше да докаже дека овој народ има своја државотворност, своја историја и своја црква. Како божји гласноговорник, моќен оратор и беседник, кој се залагаше за автокефална МПЦ-ОА, македонскиот православен народ во него гледаше со надеж и полна доверба дека во спорот со Српската православна црква, нема да ја премине црвената линија на достоинството на МПЦ-ОА. Овој мудар белобрад старец, како што го нарекуваа во Црквата, беше единствениот духовник на кого му е понудено местото за претседател на државата. На почетокот на деведесеттите години дедото Михаил требаше да биде еден вид македонски Макариос, претседател во мантија, но тој се откажа од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,

sv-naum-radisani
“Свети Наум Охридски“ во Радишани

Дедо Михаил бил ревносен богослужител, пријатен соговорник и внимателен кон секого. Иако по чин бил највисок во јатото, за да се развие сплотеноста на Црквата тој ги слушал своите браќа и соборски ги донесувал значајните одлуки за животворноста на МПЦ-ОА. Работел да се зголеми бројот на архијереи, зошто „стадото било големо, а, пак, овчари биле малкумина“.

Како надлежен за Американската епархија, дедо Михаил успеал да ги прибере и сите залутани верници, да ги надмине сите спорови, а со тоа овозможил оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак, тој не успеал да отпатува за Австралија, затоа што не сакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци. Водел преговори и со претставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви. Свесен за сложеноста на ова прашање кое го наметнува Српската православна црква, ќе го остави заветот дека никој нема право да го премине прагот на црвената линија, со што би се нарушило достоинството на Црквата и македонскиот народ и дека секој треба да се заложува за жива и здрава автокефална МПЦ-ОА.

За време на неговото архиепископување направени се потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така, за негово време се збогати издавачката дејност во МПЦ-ОА,  при што се отпечатени сè повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина. Дедо Михаил сфаќајќи ја потребата од новото време, односно од доближување до православните верници и пошироката јавност, често бил присутен во електронските и печатените медиуми, како дома така и во странство. Ваквиот пристап на поглаварот на МПЦ-ОА, овозможил таа да излезе од гетоизираноста.

На 6 јули 1999 година во Скопје почина архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил  . Погребан е во црквата „Свети Наум Охридски“ во Радишани, а за негов наследник на тронот на Македонската православна црква е избран архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.