Среда, 05 Јули 2017   
Архиепископот Стефан – денешен поглавар на МПЦ-ОА (11)

gospodin-stefan

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  - ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Немајќи своја сопствена држава, Македонците добија, во некоја смисла, национална независност за долг временски период, преку Охридската архиепископија. Црквата беше таа која организираше голем дел од духовната,  културната и друга дејност дејност на својот народ, пред сé, преку градење на цркви и манастири.

Инаку, Македонската православна црква во Република Македонија е сопственик на околу 2.000 цркви, манастири, параклиси и други верски објекти, кои припаѓаат на седум епархии во Република Македонија, потоа под нејзина јурисдикција се околу осумдесет македонски православни цркви, манастири и црковни општини во дијаспората, кои припаѓаат на четири епархии со околу петстотини свештенослужители и монаштво, дванаесет високодостојници (владици), на чело со поглаварот на Македонската православна црква  - Охридска архиепископија, господин господин Стефан во Република Македонија и светот. Таа има Богословско средно училиште и Факултетот за богословија „Свети Климент Охридски“ кој е во состав на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

На 12 ноември 2009 година, Македонската православна црква во своето име ја вклопи додавката Охридска архиепископија, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија. Покрај додавање на додавка, Македонската православна црква  – Охридска архиепископија изврши и промени во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата „Света Богородица–Перивлепта“, сега е црквата „Света Софија“ од Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

crkva-dobrusevo
Црквата „Христово Вознесение“ во Добрушево

Денес во Македонија живеат мал број еврејски семејства, но тие здружени во еврејска заедница претставуваат значаен мост на зближување меѓу Република Македонија и Израел. Затоа, придонесот на еврејската заедница во Македонија е огромен и со непроценлива вредност токму во активностите за изградба на македонска православна црква во Израел. Доколку идејата за изградба на македонски храм во Светиот град стане реалност, тоа ќе биде потег со кој ќе се потврдат одредени размисли и визии дека Македонската православна црква пред себе има широко отворени патишта и дека таа безусловно мора да биде призната од сестринските православни цркви.

Македонските православни црковни општини, цркви и манастири во дијаспората се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини, пред сè, имаат добиено широка поддршка од тамошните влади и од мајката - Светиклиментовата црква.

Со формирање на црковните општини во дијаспората, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија, во дијаспората, без разлика од кој дел на Македонија се, и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.

Преку МПЦ-ОА, преку членување во тие духовни домови, добиваат документи што сведочат дека се Македонци, а со тоа стекнуваат право да избираат и да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добиваат крштеници, венчаници, посмртници и други документи кои се официјални и законски пред тамошната администрација.

МПЦО, под водството на поглаварот господин господин Стефан, преку своите епархии: Американско-канадско-македонската епархија, Австралиско-новозеландската епархија, Австралиско-сиднејската епархија и Европската епархија ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархиите обезбедуваат услови за сè поголема афирмација на целокупното културно наследство и напредокот на македонскиот народ.

Денес поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, господин господин Стефан, кој има титула архиепископ охридски и македонски, е петти по ред. Првиот поглавар беше господин господин Доситеј, кој, пред сè, има големи заслуги за духовното, националното и црковното живеење на Македонците. Тој ја возобнови Македонската православна црква и од него почна сè. Вториот поглавар беше господин господин Ангелариј, третиот поглавар господин господин Гаврил го направи првиот македонски превод на Библијата, а четвртиот поглавар беше господин господин Михаил. Петтиот поглавар на Македонската православна црква е денешниот архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан.

Тој е роден на 1 мај 1955 година, во село Добрушево – Битолско, како Стојан Велјановски, во патријархално православно македонско семејство, како шеста рожба на неговите родители Тале и Стојанка.

Добрушево, родното место на архиепископот господин господин Стефан е битолско село сместено во југозападниот дел на Република Македонија и припаѓа во Општина Могила. Се наоѓа во срцето на Пелагонија, североисточно од Битола. Населението се занимава исклучително со земјоделска работа.  Во селото има  осумгодишно основно училиште, пошта, амбуланта, ветеринарна станица, земјоделска задруга, дом на културата и селска црква „Христово вознесение“ а  селска слава е Спасовден.

Добрушево има фудбалски клуб ФК „Добрушево“, кој е основан во 1948 година и кој опстојува и денес. Инаку, по повод 50-годишнината на овој фудбалски клуб излезе од печат пригодна монографија, на која рецензенти беа архиепископот господин господин Стефан и авторот на овие редови, Славе Катин.

sv-jovan-krividol
„Свети Јован“  Скопје

Карактеристично за ова село е тоа што во неговата околина се наоѓаат археолошките локалитети: Ерековски Ливади - населба од римско време; Плочи - населба од римско време и Селиште - некропола од средниот век. Селото Добрушево отсекогаш било едно од подобрите села, па и денес не го изгуби тој примат, туку напротив. Во него живеат  повеќе од 600 жители и е единствено село што има и сопствен парк. Инфраструктурно селото е поврзано и со Прилеп и со Битола, со асфалтни патишта.

Од  Добрушево се иселиле голем број луѓе во минатото, посебно во текот на 60-тите години на минатиот век. Најголем број се населиле во Австралија, во градовите Мелбурн и Сиднеј, во Соединетите Американски Држави, во Њу Џерси, Канада во Торонто, Германија во Минхен и Франкфурт, во Шведска во Малме и Гетеборг. Селото Добрушево кое е познато и како попско село, изнедрило околу 20 свештеници, меѓу нив и Стојан Велјановски, архиепископот господин господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

По завршувањето на основното училиште, есента 1969 година се запишал во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево - Скопје, која со успех ја завршил во 1974 година. Потоа се запишал на Белградскиот православен факултет. 

По дипломирањето на Факултетот, во 1979 година, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го поставил за професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево - Скопје, а веќе идната година бил испратен на постдипломски студии на Екуменско-патролош-киот институт „Св. Николај“ во Бари-Италија, на кој магистрирал во 1982 година. 

По враќањето од Италија бил поставен за предавач на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Свето писмо на Стариот завет и Патрологија, должност од која е избран за архијереј на Македонската православна црква. 

Инаку, архиепископот господин господин Стефан беше замонашен на 3 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски-Чудотворец“ во Охрид, а хиротонисан за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје како митрополит злетовско-струмички, а кратко потоа бил именуван за митрополит на Брегалничката епархија.

soborna-crkva
Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Во наредните години тој работел како професор на Православниот богословски факултет во Скопје, бил главен уредник на весникот „Црковен живот“ и ја вршел функцијата ректор на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје во периодот од 1991 до 1999 година, а бил и портпарол на Светиот архијерејски синод.

На Црковно-народниот собор, одржан на 9 октомври 1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска архиепископија „Света Софија“ во Охрид, беше избран, а на 10 октомври 1999 година востоличен како петти поглавар на МПЦ-ОА и оттогаш тој ја извршува должноста архиепископ охридски и македонски, а истовремено е и надлежен архијереј на Скопската православна епархија. И покрај 44-годишната возраст на господин господин Стефан, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ја вложи довербата во неговата интелектуална и морална зрелост.

Оваа 2017 година, на 17 јули ќе се одбележи 47-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, период во кој таа се соочи со бројни последици. Во врска со тоа архиепископот господин господин Стефан вели: „Возобновената автокефалност на Охридската архиепископија е темелот на Македонската православна црква. Како резултат на возобновената автокефалност се отворија Богословијата и Богословскиот факултет, се обнови монаштвото, се изградија и се градат нови, а се обновија и се обновуваат старите цркви и манастири.

Исто така се отворија македонски цркви и манастири ширум светот: во Австралија, Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија... На оваа и на ваква црква, има на што да се радуваат и апостолот Павле и Македонката Лидија, и светите Климент и Наум, и Прличев и Теодосиј, и Натанаил и Мисирков, а таа е таква по нивните  далекусежни визионерства, несебични заложби и како дар од небото.

Паметиме какви беа, и тоа со децении и столетија, а знаеме какви се сега, и Плаошник и свети Наум, и Бигорски и Рајчица, и Вељуса и Водоча, и Зрзе и Осоговски, и Марков и Лесново, и многу, многу други. Но, неспоредливо најважна од сите градби е онаа изѕидана во душите на овој македонски народ“ вели поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефанн.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.