Среда, 11 Октомври 2017   
Александар Македонски (1)

aleksandar-makedonski-1

Урлих Вилкен: ВОВЕД ВО СТУДИИТЕ ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Денес, ние Македонците, правдолјубивите научници и реалниот свет сме сведоци на тоа дека одреден број земји, „потковани„ со ненаучни факти и невистини, а поддржани од некои глобални политики на одредени големи сили, за жал и голем страм сакаат да ни го одземат нашето минато, сегашност и иднина и да ја изменат античката македонска библиска и денешна историја, култура, религија, јазик и македонската вистина.

Често се поставуват прашањата: Од каде потекнува Александар Трети Македонски? Кој е Александар Велики? Какво е неговото потекло, образование, воспитание? На која нација му припаѓал? Кои беа неговите знаења, умеења, намери, погледи, постигнувања? Каков бил неговиот одност кон културите надвор од античката Македонска империја  кон античките Елини-Грци и кон нивните градовите-држави (полисите), кон империите, кон глобалниот свет воопшто? Како тој станал најголем освојувач во целокупната историја на човештвото?

Многу прашања, многу одговори од илјадници научници, намерници и вљубеници на ликот и делото на Големиот Александар Трети Македонски, кој оставил вечни траги и за кој се напишани милиони страници од папируси до современи средства за информирање.

Затоа, со цел читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за Александар и неговата античка Македонска империја, за политичките, културните, интелектуалните и економските прилики, неприлики и тенденции на античките Елини-Грци и тогашниот свет во четвртиот век пред Христа. Да ги запознаеме како Александар Трети Македонски отвори една нова страница во историјата на светот и со своето животно дело го определи развитокот во многу наредни векови.

Во поголем број продолженија ќе се обидеме да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на делото „Александат Македонски“ беше прво дело за античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Тој ги отвори широко портите ние денешните Македонците да се запознаеме со нашето минато, а таа дејност да ја продолжат бројни интелектуалци, зошто во овој долг и богат со настани временски период, само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци  и сегашните Македонци кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот.

Често за преведувачот на вака голем, значаен и одговорен превод, на латински се вели – „traduttore, traditore„ („преведувачот е издаица“), сепак авторот на овие редови се потруди да биде реален и преводот од англиски на македонски на романот да го приспособи за читателите на македонски јазик, со цел преводот да биде најсоответен на оригиналот на преводот од германски на англиски јазик.

aleksandar-makedonski-1-2

Уште на почетокот авторот Урлих Вилкен во романот „Александар Македонски“, пишува дека откако се беше појавило од донекаде заостанатата античка македонска нација за да присвои за себе поголем дел од античка Елада-Грција и Азија, Александар Македонски сигурно загосподарил со човековата имагинација.

Природата на оваа појава е комплексен феномен. Доволно е да се рече дека има многумина со името Александар, веројатно толку многу колку што ги има и оние што покажуваат голем интерес за него. Сложената природа на Александар бара јасно испитување на дилемата во која современнот научник често се наоѓа самиот себеси.

Се доаѓа до сознанието дека навистина се работи за тројца Александровци, или подобро речено, Александар   на три  понекогаш  јасни, понекогаш   нејасни посебни нивоа. Првиот од нив е митолошко-романтичниот Александар. Тој е Александар кој се појавува во литературата на  осумдесет нации од  британските острови до Малајскиот Полуостров.

Тој е херој во многу религиозни и световни дела во европскиот средновековен романтичарски период, квази-посветен човек во талмудската литература, Бог во Коптската црква на Египет, а и нов Ахил во грчката традиција Неговото персиско име Искандар, се уште предизвикува необични реакции кај некои народи кои се населени во пустите предели што се протегаат од Каспиското Mope до горните притоки на реката Инд.

Горчивите спомени за Александар како освојувач се‘ уште се многу силни во народниот фолклор, Така, еден патник од Запад, со цел да го проследи патот на Александар преку Азија бил  изложен  на пцости  на некои авганистански селани, само поради тоа што прашал дали Александар поминал оттаму.

Според многу легенди, тој е крал, херој, бог, освојувач, филозоф, научник, пророк, државник и визионер, чиишто идеали за универзалното братство се сметаат како основа на стоицизмот, кој датира три века пред христијанството. Тој, исто така, е пијаница, убиец на родителите, арамија и колач. Обвинуван е од развратниците дека не ги почитува чувствата на сите возрасти. Накусо, тој е џин во литературата и во народната традиција и неговото име и подвизи, измислени или вистинити, веројатно се нашироко познати повеќе од кои да било до денешно време.

Вториот Александар е историскиот Александар. Познато е дека со својот татко Филип Втори Македонски, потчинил и скарал многу грчки градови на кои во тоа време беше им поминал златниот период. Следејќи го Филипа, преминал од Европа во Азија, а на бојното поле го уништил древното, но колебливо величество на Персиската империја.

Бидејќи ја исполнил својата улога како водач на света војна против традиционалниот непријател, Александар ја довел војската дури до реката Инд, крајот на тогашниот познат свет, a ce вратил за да умре во Вавилон, во својата триесет и трета година од животот. За овој неверојатен поход се познати оскудни податоци со несредена хронологија.

Сигурно е дека тој го променил делот на светот низ кој поминал, поставувајќи ги темелите за евентуално воведување на елинската (грчката) цивилизација во огромниот дел на Западна Азија. Процесот на елинизација делумно довел до развој на институции кои, покрај другото, овозможиле ширење на римската хармонија и на христијанската религија.

Неговата оставнина го опфаќа важниот и фасцинантен град во Египет, кој се уште го носи неговото име, како и други дваесетина Алексадрии, расфрлени во централна Азија. Потомците на неговите војници влијаеле можеби врз антропоморфната форма што, евентуално, ја прифатил Буда. И во некои оддалечени долини на Каракорум и денес живеат луѓе кои, веројатно се Ариевци, зборуваат индо-ариевски јазик и водат потекло од војската на Александар. Историски, тој е рангиран меѓу најважните луге кои некогаш живееле врз основа на неговото духовно и телесно совршенство и врз промените што ги направил во историјата на тој дел од светот.

Третиот Александар е Александар човекот. Она што овозможува да се сфатат вистинските тешкотии на човекот е постојаниот конфликт меѓу митолошките и историските фигури. Александар стана легенда на своето време, која се прошири во античкиот свет и го направи загатка, влијаејќи како и секое делче од сериозните или од лекомислените текстови за него.

Така, секој што сака да го изучува Александар се соочува со митолошките и со историските ликови. Она што ќе го протолкува од тоа, за него тоа е вистинскиот Александар, интерпретација што станува лична. Проблемите со кои се соочува биографот на Александар, иако не се ретки, сепак се темелат врз многу скудни податоци. Биографот на Винстон Черчил или на Франклин Рузвелт се среќава со премногу материјали што овозможуваат вистинско и сестрано проучување што ќе му дозволи на некој начин да ги редуцира многуте податоци.

Интерпретацијата чии резултати ќе зависат не само од тоа како авторот ги чита податоиите, како ги селектира, туку исто така и од условите за самото почетно селектирање, од стандардите на вештината и приоритетот на податоците.

Кога се работи за древни настани, меѓутоа, тогаш не е возможен таков произволен избор на податоци. Времето и текот на настаните си го сториле своето и неколкуте податоци што останале, мора да се прочитаат во целост. Почетните неусогласени портрети на Александар што произлегуваат од современите историчари можат да им бидат припи-шани повеќе на психолошките лични склоности на научниците отколку  на  состојбата на   доказите.

„Македонска нација“

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.