Среда, 18 Октомври 2017   
Александар Македонски (2)

aleksandar-makedonski-kniga

Урлих Вилкен: СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Александар Македонски“ се дел од истоимениот роман на Урлих Вилкен. Уште во Воведот тој јасно признава дека проблемот е личен и вели: „Секој научник има еден Александар за себе". Еден од поактивните научници кој во најново време работеше на Александар го потврди случајот кога напиша: „Ние сите ја интерпретираме големата драма на Александар во прифатливите услови на нашето искуство и во нашите соништа".

Тоа потсетува на Теодор Момсен кој еднаш, во една малку поинаква смисла, напиша: „Оние што живееја низ историските настани, како мене, почнуваат да гледаат дека историјата не е напишана и направена ниту без љубов, ниту без омраза..."

Може да се рече дека современото проучување за Александар почна во 1833 година, со првата публикација на една биографија од Јохан Густав Драјзен. Драјзен е ученик на германската историографска школа од XIX век, која ги разви принципите на современиот критичко-историски метод. Но, уште поважно е што Драјзен длабоко ги следеше историските настани на своето време.

Тој ја виде Прусија кога се појави како моќна германска држава и, во текот на својот живот, се бореше за унификација на германските  народи  под  пруско  водство. Драјзен особено беше оптимист во 1848 година и, навлегувајќи во политиката (во периодот во кој историчарите немаа волја да учествуваат во пишувањето на историјата), тој стана член на Парламентот.

Неговите надежи за германско единство наскоро беа уништени, и, со исклучок на едно кусо враќање на политичката сцена во 1859 година, тој го помина својот живот во пензија, повторно работејќи врз материјалот на древната историја и енергично пишувајќи за Прусија и за германското единство.

Во светлината на своето лично историско искуство и политичката ориентација како пруски националист и жесток монархист, концепцијата на Драјзен за Александар дојде без изненадување. Заплетканите проблеми на грчките градови-држави во класичниот пери-од, заедно со нивните постојани судири и крвави конфликти, не се интересни за Драјзен.

Античките Елини-Грци успеале да ја задржат персиската закана надвор од грчката земја, но со големи напори, и не можеле да претпостават како ќе ја сфати Драјзен подоцна нивната историска мисија. Меѓутоа, случајно се појавил Филип Македонски. За Драјзен, Филип е најголемиот обединувач на античка Македонија и античка Елада-Грција, а неговиот син Александар посредник во ширењето на грчката цивилизација. Александар е светска личност, историски херој кој завршува една и почнува нова, пославна ера. Така нацијата и големиот национален водач се појавуваат како доминантни историски теми.

filip-makedonski
Филип Македонски

Улогите на Филип и на Александар како обединувачи и новатори поединечно влијаеја врз личноста на Драјзен во Германија во средината на XIX век. Згора на тоа, Драјзен е тој кој го објаснува поимот на елинизмот, т.е. спојувањето на грчката со ориенталските култури што го направи Александар и што влијаеше врз курсот на медитеранската цивилизација во наредниот период од античкото време. Концепциите на Драјзен се изнесени толку убедливо што беа прифатени од сите подоцнежни стручњаци за оваа тема. За многу следбеници на Драјзен, Александар остана двигател на светот, иако се разликуваат мислењата за неговите лични мотиви и за точниот опсег на неговите достигања.

Сериозните биографски истражувања за Александар не беа карактеристични за класичните проучувања при крајот на XIX век и во почетокот на XX век. Во овој период повеќе внимание и‘ се обрнуваше на зголемената софистичка техника на историското учење, a особено на развојот на бројните помошни дисциплини како што се папирологијата, палеографијата, нумизматиката и епиграфијата.

Уште повеќе, тоа беше период на класифицирање и каталогизирање на разните видови податоци. Десетина илјадници ракописи беа собрани, уредени и публикувани, текстовите од најпознатите грчки и латински писатели беа ревидирани според последните филолошки и палеографски техники. Потоа, беа составени значајни лексикони за древните јазици, а беа собрани монументални енциклопедии и извршени библиографски прегледи.

Британските и германските универзитети, каде што постоеше силен дух за класичното учење, успеаја да го средат големиот број вредни податоци и да им обезбедат на истражувачите подетално запознавање со антиката зазеле став, дека техничката методологија употребена во изучувањето на историјата докажа дека сите подоцнежни биографи на Александар четиристрано се потпираат врз Драјзен. Што се однесува до Александар на Вилкен, Валсер оди малку подалеку отколку новото издание на Драјзен. Валсеровата статија обезбедува добро подредени податоци за историските студии за важните аспекти на кариерата на Александар.

Уште повеќе, следејќи го современиот „татко на античката елинска-грчка историја", Џорџ Грот, се појавија голем број разбирливи истории за античка Елада-Грција. Бидејќи Александар е важен дел од античката елинска-грчка историја, тој му дава истакнато место. Имињата на историчарите Белох, Бусолт, Мајер и Берве се исто така значајни.

Bo 1926 година, Хелмут Берве ја објави книгата „Александриски просопографски основи" на германски јазик. Германската традиција за педантно класифицирање е присутна и во ова време и во ова вредно дело во кое сите податоци за имињата од античките извори за Александар се собрани и средени во енциклопедиска форма. Така, за да се добие информација за Хефестион, другарот на Александар, на пример, потребно е само да се побара името Хефестион во Берве и ќе се најде се‘, вклучувајќи ги и цитатите од сите извори на информации, како и критички коментар за карактерот на податокот.

Потоа во 1927 година се појави првиот том од серијата „Фрагменти од грчката историја" (изд. Ф. Јакоби), која содржи нови средени текстови и коментари на стотици фрагменти од непознати историчари од времето на Александар. Како резултат на оваа голема активност, сега постои на располагање добро среден документарен материјал кој служи за нови проучувања на Александар.

Биографијата на Александар имаше нов тек во дваесеттиот век со појавата на шесте тома на книгата „Античка историја" печатена во Кембриџ, во која В. Тарн дава голем број податоци за младиот македонски монарх. Тарн, кој остана најголем елинистички исто-ричар на овој век, напиша неколку кратки студии за Александар, во кои ги развива идеите определени да го направат неговиот Александар човек за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век. Тарн ја зема основната концепција на Драјзен за Александар како двигател на светот и на тоа му додава димензија на една нова социјална филозофија. Аристотел смета дека само античките Елини-Грци можат да владеат, а странците да бидат потчинети.

Но, кога Александар се закани да ги обедини срцата и да направи сојуз меѓу античките Македонци и Персијците, тој првпат го прокламираше братството на народите, братството меѓу луѓето... Александар ја прифати визијата на Зено за свет во кој сите луѓе треба да бидат членови здружени еден со друг, граѓани на една држава без разлика на раса и државно уредување да се покорат и во слога со основниот закон што постои во светот, да бидат обединети во еден социјален живот, не со принуда, туку по сопствена волја или (како што тој прокламираше) со љубов.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.