Среда, 25 Октомври 2017   
Александар Македонски (3)

aleksandar-makedonski-3-1

Урлих Вилкен: СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

Според Урлих Вилкен Александар е човекот за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век. Меѓутоа, кога критиката го нападна Александар на Тарн зашто беше премногу идеалистичен, тој одговори во еден научен труд дека Александар бездруго бил првиот кој размислувал за обединување на човештвото. Неговата унија ја опиша (употребувајќи го терминот „хомонија") како една од најголемите револуции на човечката мисла.

Тарн беше адвокат по занимање, a им посвети големо внимание на овие настани со цел да го поддржи својот став и покажа бистроумност во работата. Неговата лоша здравствена состојба го присили да се повлече во 1905 година, a co тоа беше спречен остатокот од својот живот да го посвети на историските работи. Тарн беше добро ситуиран и не сметаше дека треба да бара универзитетска позиција како средство за помош. Сместен на својот шкотски имот, повремено патуваше во Лондон за да прибере материјал. Тој живееше „добар" живот на повисоката британска класа.

Една критика се однесува на: „мирниот џентлменски и спортски Александар на Тарн", дополнета „со извонредни погледи за животот, смртта и честа, како и за воздржаноста во љубовта и виното кои се здружени во англиското благородништво". Тарновиот идеалистички Александар стана доминантен портрет. Покрај тоа, пореалната и поточната (иако можеби помалку интересна) концепција на Вилкен избледе кај поголемиот број проучувачи на оваа материја.

Делумно како одговор на критиката кон него, a сигурно во одбрана на делото на својот херој, во 1948 година Тарн ја издаде книгата „Александар Велики" во два тома. Првиот том претставува кратка биографија за Александар, малку ревидирана верзија на него-вите поранешни статии од книгата „Античка историја" издадена во Кембриџ, во која главните тези за мотивите и концепциите на Александар енергично се презентирани.

Вториот том со поднаслов „Потекло и студии", е серија на проучувањата на главните про-мени во учењето на Александар, како и детално размислување за потеклото на проблемот. Иако следбениците не се сложуваат во целост со погледите и заклучоците на Тарн, општа е оцената дека ова дело претставува чекор напред во проучувањето на Александар, манифестирајќи ја внимателната истражувачка дејност и ерудицијата со која авторот го изгради портретот на Александар.

Спротивно на идеализираниот лик од Тарн, A. P. Брн врз Александар фрла друга светлина. Одличен генерал, моќен владетел, силна личност, Александар на Брн остава послаб впечаток надвор од античкиот грчко-римскиот свет. Неговата империја пропадна, па дури и митологијата ја опкружи неговата личност, која формира широка традиција во азискиот фолклор, и беше единствен производ на класичната романтичност.

kartata-na-makedonskata-imperija
Картата на Македонската Империја

За Брн единствена заслуга на Александар е проширувањето на македонското и грчкото влијание на Исток, но ова го исцрпе елинизмот и ги спречи античките Елини-Грци да се здобијат со доволна моќ за да ја одбијат римската доминација. Можеби ниту еден од современите писатели не се противставувал толку силно на стандардната интерпретација на Александар како историски херој.

Вo 1949 година, Ф. Шахермаер ја издаде книгата „Александар Велики, неговата природна надареност и моќ" на германски јазик и претстави таков Александар кој, според еден критичар, е како „концепција што би била невозможна пред Хитлер и Втората светска војна". Александар на Шахермаер е брилијантен, иако немилосрден, човек со амбиција кој ја определил и границата на античка Македонија, која беше малечка, па затоа решил да го прошири својот свет и своето кралство.

Поседувајќи силно его и неограничена моќ да дејствува решително, овој Александар успешно ги отфрлил ограничувањата на македонското феудално благородништво и во Азија се покажал како немилосрден.

Немилосрден, моќен и мистичен, тој го урнал стариот поредок и создал нова светска држава, според своето сопствено убедување. Однесувајќи се „како млад нацист што се изгубил во Алпите", се покажал способен да го исполни сонот за освојување на светот. Ваква е концепцијата на Шахермаер, која делумно е предание започнато од Драјзен, но секако речиси поинтензивирано врз искуството во Германија. Шахермаер на крајот се зазема за тоа дека светот видел многу титани, па нека се соочи уште со еден.

Во последниве години делото на Ернс Бадијан придонесе да се разбере Александар преку претставување на делото на Тарн и друг вид критика. Бадијан како и Шахермаер го поддржува мислењето дека Александар барал пошироки хоризонти отколку неговото кралство во античка Македонија.

Издигнат на престолот од благородниците, кои се надевале да владеат преку него, Александар наскоро сфатил дека треба да ја зачува својата независност од различните античко-македонски фракции на кои тој им бил играчка.

Редејќи успех по успех на бојните полиња во Азија, Александар почнал да,ги заменува постарите антички Македонци со други луѓе. Многумина протерал од својот двор и станал крал со свое сопствено владеење. Цената што ја платил за својата слобода, меѓутоа, била бариера што ја изградил меѓу себе и европските традиции, бидејќи Александар се однесувал како ориенталски деспот.

Тој не бил способен да се повлече од врвот на моќта, кој во исто време бил и врв на осаменост. Бадијан не дава точни биографски податоци (а се очекуваше дека тој ќе го стори тоа), но Александар кој почна да се појавува во неговиот популарен напис е човек кој се искачил на врвот со цел да се пронајде себеси, но притоа се одделил од своите сопствени обичаи, а станал немилосрден поради несигурноста.

Александар на Бадијан е чист прагматист без да поседува филозофски погледи на светот што му ги дава Тарн. Кај Бадијан тој е со особена волја одвреме навреме да го искористи секој погоден миг за да ја постигне својата цел. Ова е еден неморален Александар, целосно окупиран со борбата за да ја осигура својата позиција како апсолутен господар.

Co цел да го добие ова, а поттикнат од својот огромен талент, тој ја завршува едната и достигнува друга ера. Тоа е се‘ уште слика на светски сподвижник, чии мотиви се поврзани со неговите сопствени амбиции и намери за опстанок.

Џори Радет направи мистичен Александар, убеден за своето потекло од Бога, барајќи ја својата апотеоза во Индија, а однесувајќи се како во „Илијада". Пленувачката прикаска на Радет е современ роман, ставен во религнозни и политички рамки, но дава особености на карактерот на Александар што го привлекува современиот читател. Тоа помага да се објасни каризматичкото држење на субјектот што секогаш се манифестираше за време на приемите.

Ц. А. Робинсон, помладиот, пак, следејќи ја традицијата на Тарн, ја прифати идејата за сонот на Александар за братството меѓу луѓето. Портретот што го направи Робинсон за Александар фрла поголема светлина, а избегнува многу од преданијата непријатни за кралот. А има и други Александровци.

Испитувањето на литературата покажа дека до биографијата на Вилкен (1931), се појавија повеќе од педесет серии биографски проучувања, поголем број белетристика, вклучувајќи ги и романите, поезијата и драмата, а и бројни преводи и критички есеи за постари епски песни. Нема сомнение дека популарноста на Александар продолжува со несмалено темпо и во сегашно време.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.