Среда, 01 Ноември 2017   
Александар Македонски (4)

qleksandar-veliki

КОЈ Е УРЛИХ ВИЛКЕН АВТОРОТ НА РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛКИ“?

Урлих Емил Елијас Фридрих Вилхелм Вилкен е роден во Стетин (сегашен Шчецин) на 18 декември 1862 година. Вилкен го започна своето редовно школување во Тибинген, потоа се пресели во Лајпциг каде што студираше египтологија и асириологија, од каде што на крајот дојде во Берлин да работи со Теодор Момсен. Дисертацијата за историјата на римскиот Египет му овозможи на младиот научник да добие звање асистент за египетски студии на Берлинскиот музеј, каде што од 1883 година беше одговорен за една пристојна колекција од папирусни документи.

Во текот на наредните три децении Вилкен со успех предаваше во Бреслав (каде што стана универзитетски професор во 1891 година), потоа во Вирзбург, Хале, Лајпциг, Бон и Мидхен, пред да се врати во Берлин како следбеник на Ото Хиршфелд. Во 1921 година Вилкен стана член на Германската академија во Берлин. Тоа беше во текот на почетната фаза на неговата научна кариера, станувајќи еден од основачите на папирологијата. Во тоа време песокот на Египет откри поголем број прецизни папирусни документи, а папирологијата беше се‘ уште непозната во последната деценија од деветнаесеттиот век.

Користејќи го своето одлично познавање и на египетските и на класичните студии, тој стана првокласен самоук експерт. Многу години подоцна, во признанието на неговата пионерска работа во оваа егзактна дисциплина, Меѓународното братство на научниците на неговиот седумдесетти роденден го прогласи за главен папиролог.

Интересот на Вилкен се прошири многу брзо. Во 1899 година ги публикуваше двата тома за античките грчки прогонети граѓани во Египет и Нубија, научен труд кој веднаш беше признат како значаен есеј во економската историја. Многу рано овој брилијантен Германец откри дека проучувањето на документите за прогонетите граѓани не беше цел сама за себе, туку средство за поголемо разбирање на големата историска сцена. Тој се‘ повеќе навлегуваше во проучувањето на елинистичкиот Египет и во 1917 и 1921 година објави материјали за Александар, за елинистичкиот економски систем и за птоломејскиот меркантелизам.

Економските погледи на Вилкен во книгата „Алсксаидар Велики" очигледно се јасни за читателот. Во последната глава, посебно е предадена веројатно најшироката економска ориентација на Александар и на неговите следбеници. Вилкен е во таа група на европски историчари која ја согледа важноста на примената на новата интелектуална дисциплина за проучување на историјата.

Во 1924 година Вилкен го напиша своето дело „Грчката историја во рамките на стариот век", прирачник за студенти и наставници, кое до 1958 година доживеа осум изданија! Триесеттите години за Вилкен беа особено плоден период. Историјата, папирологијата, правните науки, палеографијата и епиграфијата, сето тоа беше негов делокруг. Тоа беше во таа деценија кога се појави неговата книга „Александар Велики", заедно со бројни кратки студии за македонскиот крал.

Втората светска војна ги спречи активностите на Вилкен, како што беше случајот со многу европски научници. Ни‘ беше речено дека политичките настани од тој период го разлутија и го разжалостија. Наскоро по прославата на неговиот осумдесетти роденден во 1942 година, Вилкен го напушти Берлин поради лошата здравствена состојба и поради интензивираните сојузнички воздушни напади. На 10 декември 1944 година умре во Баден-Баден.

leipzig
Лаипциг- градот каде е објавен романот „Александар Велики“ од Урлих Вилкен

Книгата „Александар Велики" беше публикувана во Лајпциг во 1931 година, а две години подоцна преведена на англиски и на француски. Таа брзо беше примена со ентузијазам. Критиките во тоа време ја прогласија како „восхитувачко целосна и точна слика", „најдобра биографија за Александар дотогаш" и „ремек дело на историска интерпретација".

Имаше и неповолни коментари во ревиите кои забележија грешки во помали детали или се противставија на скудните забелешки (праведна критика за сериозните научници на материјата), или несогласувања со одделни интерпретации на личноста и на плановите на Александар.

Тешко е да се најде публикуван биографски материјал за Вилкен. Тој имаше лоша среќа (ова би одговарало на неговиот поглед кон историјата) што ги помина своите последни години во хаосот на военото време на Германнја. Во текот на тој период многу европски весници кои во друг случај би ја забележале неговата смрт, беа или исклучени или им беше редуцирана нивната публицистичка актнвност.

Веднаш по воениот период често беше тешко да се обноват научните проучувања, особено кај оние нации кои во голема мера страдаа во големата несреќа. Така смртта на важниот научник привлече помало внимание одошто обпчно. Доволно е да се спомне дека Вилкен ја продолжи традицијата установена од Драјзен. Вилкенсоновиот Александар е важна историска личност. Тој, меѓутоа, не ги поседува сите идеализми што Тарн му ги припиша. За Вилкен, Александар е битно немотивиран од некој голем предомислен план, но тој е оној што во многу случаи реагира рационално во овие историски околности, кои го сместија во позиција на голема сила.

Нашите литературни податоци за животот на Александар се скудни, потпирајќи се речиси целосно врз пет биографски и историски извори, плус еден роман кој потекнува од античкото време. По хронолошки ред писателите се следните:

Диодор, Елин (антички Грк) од Сицилија, од средината на првиот век пред н.е., кој напишал општа историја во четириесет книги, од кои петнаесет се зачувани, а една од нив (седумнаесеттата) целосно се однесува на Александар.

Квинтус Куртиус е латински автор од средината на првиот век од н.е., од кого е познат само научниот труд „Историја за Александар" во десет книги, од кои поголем број се зачувани.

Веројатно најславниот од древните автори за Александар е моралниот есеист и биограф Плутарх, чија книга „Животот на Александар" е напишана во почетокот на вториот век.

Исто така, од вториот век датира скратената верзија за Александар во трудот на Јустин, кој,имал фундаментално различни интерпретации за Алексанлар, мегутоа, тоа не е ништо повеќе од епитом на раната општа историја од Помпеј Трог. За несреќа Трог е изгубен, затоа Јустин се смета дека има слаб одраз од оригиналот.

На крајот целосно е зачувана книгата „Војничкиот успех на Александар" од Аријан, која е напишана во средината на вториот век, a e најцелосен и најточен извор што постои. За одбележување е и верзијата на популарниот роман за Александар од почетокот на четвртиот век. Исто така, интересен е класичниот роман за Александар, во кој може да се сретне малку нешто како сериозна историја.

Треба да се спомне дека меѓу најраните зачувани извори, оној од Диодор, е напишан речиси три века по смртта на Александар, а најдобрата верзија е од Аријан, околу два века подоцна. Најсуштествените прашања со кои се соочуваат современите научници, меѓутоа, се однесуваат на изворите и традициите кои ги следеа живите автори.

Изданието е комплицирано поради фактот што најголем дел од литературата од елинистичкиот период е изгубена, вклучувајќи ги многуте познати дела напишани за Александар во периодот веднаш по неговата смрт. Но, сепак, има останато некои преданија за Александар. Илјадници веќе изгубени фрагменти од десетици историчари на Александар постојат во трудовите на подоцнежните класични автори.

На пример, Плутарх вели: Кар од Митилен раскажува дека еднаш за време на еден банкет, Александар по пиењето му го дал пехарот на еден од своите пријатели...". Почетокот на овој пасус покажува дека Плутарх знаел или од прва или од втора рака за исказот на поранешниот писател за Александар чие име е Кар, кого тој го наведува како извор за прикаската на банкетот, а чиј труд е загубен, со исклучок на околу дваесетина вакви или слични фрагменти.

Некои од овие историски фрагменти им овозможуваат на современите автори да реконструираат некои од трудовите на тогашните писатели, а во некои случаи дури и да ги критикуваат сега живите писатели врз основа на тоа колку тие биле зависни од изворите на податоци. Така, се добива една замаглена слика во напорите да се реконструираат тривековните еленистички преданија за Александар.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.