Среда, 08 Ноември 2017   
Александар Македонски (5)

aleksandar5-1

ИЗВОРИ ЗА ВИСТИНАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Според Урлих Вилкен. Александар го добил епитетот „Велики“ од Римјаните. Имено, се знае, дека Александар е многу популарна личност во сериозни историски пишувања и во прикаските, дека тој го заслужуваше епитетот „Велики", дека славните Римјани се споредувале со него и дека неговиот вечен дом во Александрија стана место на аџилак за многу прочуени луѓе. Прикаските за Александар очигледно се едноставни и вистинити или невистинити, евентуално го формираат главниот дел на литературата, односно само оној дел што е зачуван.

Оригинален извор за походот на Александар во Азија е Калистен од Олинт, кој бидејќи беше внук на Аристотел, беше препорачан на Александар. Калистен беше си обезбедил место како славен историчар за античка Елада-Грција во четвртиот век пред н.е. и во тоа учествувал со силна желба, станувајќи хроничар на амбициозниот млад крал. Задачата што му била дадена од Александар има две значења: да води официјална историја за походот во Азија, односно да води белешки и кога ќе се врати да ги публикува во античка Елада-Грција. Но, македонскиот владетел не бил во најдобри односи со античка Елада-Грција.

Иако имале желба да го поддржат Александар во Азија, каде што би бил помал проблем за нив, тие вистински не го сакале. Така задачата на Калистен била да го направи Александар поприфатлив кај античките Елини-Грци, да ги објавува извештаите за активностите на кралот кои ќе ги убедат Елините дека нивниот владетел не е примитивен македонски селанец.

Co време, меѓутоа, односот меѓу кралот и историчарот се изменил откако Александар присвоил некои церемонијални обичаи од Азија, карактеристика на животот во дворот против кои дури и ласкавецот Калистен бил против.

Смртта на Калистен во 327 година пред н.е. силно се одразила врз пренесувањето на кажувањата за Александар. Прво, дошло до застој на „официјалните" податоци, како што била пропагандата што се испраќала во античка Елада-Грција и хрониката што ја водел Калистен. Второ, неговата смрт веројатно предизвикала реакција против Александар меѓу членовите на школата на Аристотел.

Се спомнува дека мнозина од следбениците на Аристотел, меѓу кои биле вклучени и некои од најдобрите писатели и мислители од тоа време, го прифатиле непријателскиот став спрема Александар, поради егзекуцијата на внукот на големиот филозоф. Анти-Александровата предрасуда се задржа дури и до денес. Така, многу од последните преданија за Александар не се темелеа само врз ласкавото пишување на Калистен, туку и врз пост-Калистеновото непријателство.

Други елинистички преданија се темелат врз лични сеќавања. Александар не успеа да номинира наследник. Набргу по неговата смрт, целиот источен Медитеран и западна Азија биле зафатени со непријателска војна помеѓу неговите војсководци. Борбата за наследство продолжила и траела околу две децении.

Во почетокот на третиот век пред н.е., меѓутоа, потомците решиле да се изврши поделба на старата Алексан-дрова империја во бројни елинистички кралства. Освен тоа, кога војната завршила, некои од генералите кои се бореле на страната на Александар, започнале да ги пишуваат своите мемоари (генералите во секое време не се воздржувале од пишување).

2

Плутарх

1

Во целост, раскажувањето на Плутарх е поволно за Александар Македонски, на некои места е многу трогателно и е изведено од бројни извори, од кои некои тој ги именува. Ако се суди според бројот на другите писатели што тој ги цитира, Плутарх бил еден од најчитаните во античко време. Никој толку многу не успеал во формирањето на преданијата на својот „Александар". Изгледа дека неговиот одбран начин на композиција го прави ова возможно.

Диодор презентира дури и поголеми проблеми. Никаде во книгата за Александар Македонски не ги спомнува изворите на податоците, иако има доста заедничко и со Плутарх и со Аријан. Диодоровото кажување обично е бледо, често конфузно во одговорите на прашањата за хронологијата и географијата и заостанува во идентификацијата за големата тема или за мотивот во животот на Александар Македонски, зад улогата што Фортун ја игра во определувањето на курсот на човековите дејства. Тој е автор кој дава многу подобар материјал, но кој мора да се употребува со внимание се‘ додека не се каже за неговите методи и традициите што ги следел.

Куртиус, пак, ни дава најколоритни зачувани историски податоци. Неговата книга History of Alexander (Историја за Александар) e високо реторична, загонетна со невозможен јазик, a содржи добро определени неласкави преданија. Во содржината на неговата книга се дадени и информации за бројот на настаните, забележани на различни места, иако често е тешко да се определи до која мера ваквите кажувања се веродостојни.

Природата на книгата History (Историја) од Куртиус е таква што ги поведе современите критичари да се сомневаат дека неговиот главен извор е Клитарх, како мноту популарен автор кој веројатно пишувал во третиот век пред н.е., а чија лага за значењето на подвизите на Александар можела да биде најшироко позната во класичниот свет. Освен тоа, Куртиус дури и го спомнува Клитарховото име во две пригоди, и доколку Куртиус навистина се потпирал врз Клитарх, за кого класичната антика има лошо мислење како сигурен историчар, тогаш изворот на Куртиус е сомнителен.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.