Среда, 15 Ноември 2017   
Александар Македонски (6)

am6

ВИЛКИНСОНОВАТА  БИОГРАФИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја се служел со различна и огромна литература. Затоа, може да се рече дека горе изнесеното е состојбата на литературните податоци за животот на Александар Македонски. Интерпретациите на неговата кариера се потпираат само врз оваа мала група извори. Биографите на Александар Македонски се разликуваат во зависност од тоа кој извор го избрале: се прифаќа Куртиус овде, или се одбива Аријан таму, се прифаќа Диодор овде, се одбива Плутарх таму итн.

Некои современи писатели го достигнаа врвот на своето истражување, каде што концептот за Александар Трети Македонски стана повеќе определен, а тие почнаа да го одбиваат или да го прифаќаат податокот во зависност од тоа дали тој се содржи во нивната карактеризација.

Овде нема потреба да се нагласува таа опасност. Стапицата лесно се поставува ако се има предвид дека податокот е брзо прифатен и конфузен. Освен тоа, современиот научник, веројатно под влијание на други научници, понекогаш присилно бара модел во карактерот на Александар. Но, зошто Александар Македонски (или која да било друга историска личност) мора да се однесува секогаш исто? Зарем мора да има некаков систем во Александровите акции?

Може да биде вистина, на пример, дека Александар Македонски можел да биде и брутален и љубезен, во зависност од своето расположение, или според она што било погодно за неговите намери во моментот. Можеби во неговиот карактер доаѓале до израз и малку мистика и нерационално однесување, но не во нормалниот портрет како лукав војник и пресметлив државник.

“Вилкенсоновата биографија за Александар Македонски е трајна, бидејќи содржи комплексност на човек. Таа не настојува да го прикаже како посебен модел. Го опишува како индивидуа со различно расположение и амбиции, чии хоризонти се проширија со постигнување на успе-хот кој му донесе моќ. Вилкенсоновиот Александар Македонски не е обичен човек. Никој што има направено толку многу и во толку кус период не може да биде обичен, но за Вилкен тој сепак останува човечен. Тоа е судбината на Александар да се однесува како човечко суштество, да се движи на голем простор, учествувајќи врз животите на безбројните луѓе во своето време и предизвикувајќи фантазии кај оние што живееја по него“, ќе напише Еуген Н. Борза. кој е автор на англиската предговор на романот „Александар Велики“ од Урлих Вилкен, а Славе Катин е автор на преводот на македонски јазик на истиот предговор.

Според Урлих Вилкен, нe e лесно да се пишува за посебниот живот на Александар Македонски во континуитет, поради празнините и искривеноста на настаните кои преминале вo    преданија. Без сомнение, тешко е кога описот е наменет во прв ред за широкото население и за образованите читатели со нивните различни интереси и различни склоности и ставови кон древниот свет.

He e лесно да се сфати личноста на Александар Македонски. Откако Драјзен во 1833 година го поплочи патот за идните истражувачи со своето извонредно дело, правејќи го првиот чекор, ваквите различни концепции на великиот монарх беа забрзани и затоа не би било претерано ако се рече дека секој истражувач има еден Александар за себе.

Како дојде до тоа и по еден век на ревносно проучување, Александар Македонски се‘ уште да биде проблем и предмет на расправа? На прво место треба да се земе предвид фрагментарниот карактер на нашите традиции. Како последица на доминантното влијание на класицизмот во времето на кралевите голема загуба претрпе, главно, елинистичката проза, а особено литературните дела за Александар, посебно помеѓу неговото време и владеењето на Августин.

Зашто подоцнежните автори ги искористија и создадоа идеи приближни на старите автори кои пишувале или во времето на животот на Александар или веднаш потоа, како што се Калистен, Онесикрит, Неарх и други, или Клитарх, кој околу 310 година пред н.е. го направи, веќе делумно легендарниот Вулгате, или Аристобул и Птолемеј, синот на Лаг, кој како крал на Египет, од лично сеќавање и со употреба на официјалниот дневник на Александар Трети Македонски, ги напиша своите мемоари, кои се толку многу важии од војнички аспект.

am6-2

Разбирливите зачувани кажувања почнуваат само од периодот на Августин. Најнапред тука се Диодор и Помпеј, последниот само во бледите цитати на Јустин од вториот век, потоа доаѓа Куртиус Руфус во текот на владеењето на Веспазијан и на крајот Плутарх и Аријан во вториот век.

Првите тројца ги црпат податоците од Клитарх. Аријан најдобро информира за воените подвизи на Александар, бидејќи неговиот најдобар извор му е Птолемеј. Меѓутоа, штом се сака да се даде оценка за Александар Македонски како државник или економист, или да се навлезе во неговиот живот или во неговата личност во целина, вед-наш се соочуваме со тоа што треба да се опише една натрупана урнатина.

Второ, во самата древна литература има дијаметрално спротивни концепции и оценки за Александар Македонски. Од една страна, има погодни, не панегирички слики, од друга, пак, омаловажување, дури непријателски судови кои го прикажуваат како извештачен деспот од Исток, или како авантурист што се здобил со среќа. Ова двокарактерно предание придонесе да се има широко несогласување меѓу современите автори.

Најголемата тешкотија лежи во личноста на Александар Македонски. Покрај тоа што неговиот карактер е многу комплексен и содржи јасно непомирливи спротивности, има и натчовечки квалитети. Неговиот гениј никогаш докрај не може да се објасни и затоа некои работи остануваат неразјаснети.

Загатката за неговиот живот не може да се реши само со разум, бидејќи, покрај чистиот трезвен интелект, тој во себе има и многу нешто што не е разбирливо. Доколку Александар Македонски едноставно биде опишан како ладен пресметлив политичар, ќе се запостават романтичните и мистичните црти во неговиот карактер.

Најпосле, неговите достигања предизвикувагт голема збрка поради тоа што прераната смрт го прекинала во средината на неговата активност. Пред нас имаме еден сјаен почеток, но во ниеден момент не е кажан последниот збор.

Изучувањето на историјата често може да биде потешка задача отколку обидите да се добие вистинската слика зa личноста на Александар Македонски. Никој не може да претпостави дека го добил вистинскиот портрет. Но, приближно на тоа е искушението како обид што претставува лична награда на авторот затоа што се занимавал со тоа.

Ова бара многу испитувања во нашево време, па така тоа стана моја преокупација уште од млади денови. Мојата цел во оваа книга е да го прикажам растењето и развојот на личноста на Александар Македонски, која е во постојан процес на еволуција, и да покажам како идеите постојано се ширеа и се создаваа во неговиот ум.

Во врска со тоа се обидов да му презентирам на читателот поврзано раскажување за неговиот живот. Тоа го претставувам со описот на времето во кое тој се родил и на крајот додавам преглед на ефектите од неговото животно дело врз идните периоди. Ова го напиша Урлих Вилкен во Берлин, во јануари 1931 година.

am6-3

Исто така, тој напиша дека Александар Македонски отвори една нова ера во историјата на светот и со своето животно дело го определи развитокот во многу наредни векови. Тој е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе на историјата, бидејќи неговото дело е остварено во многу кратко време.

Кога умрел, тој се‘ уште немал наполнето триесет и три години. Како голем освојувач ја импресионира човечката имагинација на сите раси. Го подјармил Исток и навлегол во Индија, земјата на чудата. Легендата за него, еднакво прифатена на Исток и на Запад, го доведува до тогашните граници на Земјата, па дури и до вратите на рајот.

Трајниот резултат на неговиот живот, меѓутоа, не е импресијата што ја освои со тешка борба, туку со развој на цивилизацијата широко во светот. На овој начин неговата моќ влијаеше и влијае врз историјата на човештвото дури и до наше време. Прво имал желба да создаде своја империја, решен на бојното поле да создава услови за проширување на новата цивилизација.

Во дискутабилното прашање, кои се силите што ја создаваат и ја формираат историјата, Александар е најочигледен пример во корист на погледот што ја определува решавачката улога на личноста. He може да се сфати Александар како гениј од околината во која живеел, или како продукт на неговото време и на државата.

Тој како и секој друг човек е под влијание на своето време и родното место, но неговиот дух беше зазел таков тек, до кој природниот развој на неговото време и околина никогаш немало да доведат до крај. Како и секој голем водач на луѓе, тој самиот се уфрлил во текот на епохата, но, не си дозволил да биде понесен или издигнат од брановите, спротивни на неговите идеи на кои жестоко им се противставувал.

Несомнено, тој може да се смести како феномен во четвртиот век и може да се смета како претходница на елинизмот - име на кое му се додава подоцнежната трансформација на класичниот елинистички свет што тој го започна - претходница на која тој прв и дава целосен сјај. Се покажа дека во многу случаи тој ги исполнил задачите на своето време.

Почетната работа на неговиот велик татко Филип Втори Македонски била најзначајна. Од него тој не само што го наследил инструментот за победа, неспоредливата македонска војска, туку и решението на античкото грчко прашање во Коринтската лига и идејата за панелинистичка војна на освета против Персија.

Несомнено, во исполнувањето на своите идеи, Александар Македонски постепено беше го модифицирал она што го наследил, односно, отстапил од татковата врвица. Но без Филипа, кој исто така е една од големите личности на светската историја, Александар не може да се сфати.

Затоа прво треба да се претстават политичките, интелектуалните и економските тенденции на тогашниот свет во четвртиот век, односно во колкава мера тие придонесуваат да се оцени издигнувањето на Македонија под Филип Втори Македонски и нашата почит кон Александар Трети Македонски.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.