Среда, 22 Ноември 2017   
Александар Македонски (7)

aleksandar-makedonski-7-1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКИТЕ ГРЦИ  ВО ЧЕТВРТИОТ ВЕК

По пропаста на Атина и на Атинската империја во Пелопонеската војна, Спарта стана победник и продолжи со брутална жестина да ја воспоставува својата врховна власт над античките Грци и да воведе олигархиски институции наместо демократиите што претходно им беа омилени на Атињаните. Победата, меѓутоа, не беше извојувана со сопствени сили, туку преку скандалозниот сојуз со Персија, откажувајќи се од своите братства во Мала Азија, потомците на аеолијанските, ионијанските и доријанските колонии, во полза на Големиот персиски крал.

Иритирани од бесмислениот став на радикалните демократи на Атина, наместо да го обноват Мирот на Калијас со Дареј II, се вплеткаа во внатрешните работи на Персиската империја, а Големиот персиски крал од 412 година, ги помага Спартанците со своите неисцрпни средства. За возврат на тоа, тие беа подготвени, без национално гнасење, да се откажат од античките Грците во Мала Азија, за чија слобода Делијанската лига што била организирана од Атина се бореше активно сеʼ до 448 година, која се зема за дата на Мирот на Калијас.

Персиското злато е тоа што ја изгради флотата со која Спартанците го совладаа отпорот на Атина, и најпосле (404) се истошти и капитулира, и така во еден напад Персиската империја, и покрај внатрешната слабост, станала значаен фактор во античката грчка историја. Вистина е дека Спарта, која наскоро се скара со својот сојузник, веќе се компромитира во Суса со тајната помош на принцот Кирус во нападот со славните десет илјади против својот брат Артаксеркс Мнемон и го крена мечот против Персија, според официјалните извори, со цел да ги заштити азиските Антички Грци, кои беа казнети за нивното учество во таа експедиција.

Но, патриотските мотиви одвај можеа да бидат решавачкн фактор за тоа, зашто пред тоа тие ладнокрвно ги наградија градовите на Персијците. Тоа, всушност, беше повеќе алчност да се задржи силната позиција што ја освоија во Мала Азија, главно, пред големиот Лисандер, а можеби исто така желбата, како што сакаа боговите на Античка Грција, да се исчистат самите себеси од дамката на сојузот со Персија.

Меѓутоа, додека спартанските војски најпрвин под други команди и на крајот под командата на Агесил се бореа против Персијците преку море, дома владее омраза од бруталното владеење на силата. Затоа се појави заедничко движење во Спарта, Теба, Атина, Коринт и Аргос, кое го принуди Агесил да ја прекине војната со Персија и да се бори во Елада против сојузниците.

Потоа повторно персиското злато ја одигра својата улога, меѓутоа, овојпат на страната на сојузот. Повеќе решавачки ефекти од победата на Агесил кај Коронеја имаше победата над персиската флота во Книд под команда на Атињанинот Конон (394); тоа значеше пропаѓање на моќта на Спартанците на море, а Конон можеше да ги обнови ѕидовите околу своите градови со помош на персиското богатство. Оваа меланхолична граѓанска војна, меѓутоа, која увредливо ја покажа бедата и неизлечливите делби на античката грчка групација, продолжи многу години со променлив успех.

aleksandar-makedonski-7-2
Партенонот во Атина

По бунтот во Атина, Атињаните беа охрабрени и го поддржаа револтот во Персија на кипарскиот принц Еугора и непослушноста на Египет, a co новото групирање на силите ја доведоа Спарта во врска со Персија, па таканаречениот Кралски мир беше склучен во 386 година, што исто така беше именуван според вештиот Спартанец кој го договори мирот со Анталкид.

Уште во 392 година, тој Анталкид, заедно со намесникот Тирибаз имаше дебатни расправи со претставниците на сојузите на Сардис. Тогаш Атињаните сеʼ уште беа доволно силни да бидат единствена сојуз на држава која, врз  патриотска основа, го одбија персиското барање за отстапување на брегот на Мала Азија и не признаваа оти античките Грци кои живееја во Азија му припаѓаат на Големиот персисики крал.

Поради тоа и поради други причини, спогодбата беше прекината. Меѓутоа, сега Анталкид, кој исто така беше вешт адмирал, успеа со дополнителна поддршка на бродовите на Дионисиј I од Сиракуза да ги затвори Дарданелите за Атињаните и да ги притисне исто како и во 405 година. За отпор повеќе немаше можност. Античките Грци покорно го примија мирот што Големиот крал им го испрати од Суса до Сардис во најпонижувачка форма преку Анталкид, со кој тој ги имаше поставено своите услови.

Кралскиот проглас содржеше два параграфи и едно одобрение. Првиот параграф вели дека сите античките грчки градови во Азија, како и островите на Клазомена и Кипар треба да му припаднат на Големиот персиски крал, според вториот параграф сите други антички  грчки градови, големи и мали, треба да се слободни и независни, а исклучок да бидат Лемнос, Имброс и Скирос, кои и беа оставени на Атина. Одобрението, пак, потврдува дека кралот во сојуз со градовите што беа со ист дух би водел војна на море и на копно против секој оној што не го прифаќа мирот.

Врз основа на овој проглас мирот беше потврден во Спарта по пат на заклетва на сите присутни на конгресот. Така, елинистичките братства од другата страна на морето најпосле му припаднаа на Големиот крал. Параграфот за автономија се однесуваше не само на интересите на персиската монархија, во која влезе и дел од античка Грција со безбројни суверени заедници, (полиси), туку и поединечно на интересите на Спарта, уште повеќе што беа укинати сите лиги на државите на кои не им се гарантираше автономијата.

Според тоа, Тебанската лига беше веднаш распуштена, додека Пелопонеската лига, чии членови само по името беа автономни, останаа да постои под раководство на Спарта. Во таа смисла, Кралскиот мир беше триумф за Спарта, која требаше сега да врши надзор над точното  извршување  на условите  во  жалосна улога на персиски застапник.

Несомнено, многу кусогледите партикуларисти, кои беа неспособни да научат од практиката, беа против тоа стариот идеал за слобода и независност да му биде загарантиран на секој полис. Така, подобрите елементи паднаа во немилост, зашто овој мир, кој, како што Исократ го постави, не беше договор, туку диктатура, им беше наметнат од персискиот крал, а тој сега како официјален заштитник вршеше врховна контрола над античката грчка политика.

Срамот беше уште поголем откако војничката супериорност на античките Грци беше загрозена по експедицијата на Десетте илјади, и можеше да го направи можно освојувањето на Персија, доколку наместо нивното неединство се постигнеше обединување на силите. Од најголема важност за да се разбере четвртиот век е да се сфати дека срамниот мир од 386 година беше основен Закон во Елада во период од половина век, а товарот сега беше многу поголем.

aleksandar-makedonski-7-3

Филип Втори Македонски прв ја поткопа основата на овој мир со обединување на нацијата во неговата Коринтска лига, а Александар Трети Македонски целосно го укина со уништувањето на Персиската империја.

Крајот на Кралскиот мир беше проследен со тешки години за Античка Грција, во кои Спарта ја искористи својата нова хегемонија за да ја прошири својата сила уште подалеку. Како заштита од спартанското напредување, Атина успеа во 377 година да формира една нова Атичка морнаричка лига, во која според условите на Кралскиот мир им гарантираше слобода и автономија на секој член на лигата.

Co претпазливост кон грешките кои предизвикаа разединување на првата морнаричка лига во петтиот век, беше формирана друга организација, чија главна цел беше во тоа што секој член требаше да испраќа претставник во Федералниот совет (Синедрион) со седиште во Атина, а кој требаше да биде во врска со Собранието на атинскиот народ.

Додека оваа лига во неколкуте наредни години се прошири во Северна и во Централна Античка Грција и на островите на исток и на запад, со успешни операции на атичките генерали Камбриј и Тимотеј, Теба во меѓувреме брзо зајакна во борбата со Спарта, под раководството на Епаминонда, со обнова на тврдината Кадмеја, која Спартанците ја зазедоа во времето на мирот со брутално насилство според тогашните правила.

Непосредната цел на Епаминонда беше формирање на една обединета Ботијанска држава, и кога мировниот конгрес во Спарта во 371 година се противстави на ова, врз основа на Кралскиот мир, тој го налути конгресот и кај Леуктра му зададе силен пораз на спартанскиот крал Клеомброт, така што спартанската воена надмоќност заврши засекогаш.

Оваа борба кај Леуктра исто така беше од најголемо значење за развојот на македонскиот воен систем: со таканареченото „косо борбено-постројување", кое Епаминонда - неговиот пронаоѓач и еден од најголемите воени гении на сите времиња, најпрвин го примени овде, а подоцна беше приспособено и проширено од кралот Филип Македонски, Александар Македонски победуваше во своите најголеми битки, како што направи и Фредерик Велики кај Леутен.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.