Среда, 06 Декември 2017   
Александар Македонски (9)

aleksandar-makedonski-9

МОНАРХИЈАТА - СИСТЕМ НА ВЛАДЕЕЊЕ КАЈ  ЕЛИНИТЕ

Во античките грчки полиси имаше реакција против идејата за индивидуална склоност. Се појавија многу мислители, кои, и покрај негативното чувство кон тогашната држава, не ја негираа идејата за држава, туку сакаа да ги лекуваат душевните болести на полисите со предлагање реформи. Најрешителна и најрадикална е извонредната творба, што Платон, најславниот Атињанин од тоа време, ја изгради во своето дело „Република" во кое го зацрта идеалот на државата и правдата.

Подоцна, тој беше приморан да согледа дека таа конструкција беше единствена што одговара на боговите, а на крајот од животот тој ја претстави новата идеална слика, земајќи го повеќе предвид вистинскиот свет, ја стави во „Законите" најнапред точно правната кохезија што ја отфрли во „Република".

Иако почетоците и заклучоците на теориите се разликуваа во голема мера, многумина се сложија со идејата дека монархијата е идеална форма на власт. Ова пробудување на монархистичката идеја е едно од влијанијата кои го трасираа патот на Филип Втори Македонски  и Александар Трети Македонски во Античка Грција.

Тоа може да произлезе и од индивидуализмот на петтиот век. Во практиката тоа беше унапредено не само со смалувањето на полисот, туку и со појавата на здрави закони на периферијата на античкиот грчкиот свет, кои ги штитеа или ги прошируваа античките грчки интереси, како Дионис I од Сиракуза, кој ги заштити западните антички Грци од Картагена, или Јасон од Фера, моќниот господар на Тесалија, на кого многу се сметаше, па дури и Еугора од Кипар.

Првиот од теоретичарите што дојде до монархистичкото решение беше гореспомнатиот циник Антистен. Тоа беше последица на неговите погледи што ги најде во циничкиот модел на еден совршено умен човек, чии идеали водат во овој свет на здружено човештво. Стилот на времето беше да се погледа во минатото за да се најде основата за потребите на иднината, па така Антистен го претстави Херакле како митски шаблон, кој со своите постојани услуги беше добродетел на човештвото.

elini

Од историјата на светот Антистен го избра великиот Кирус, основачот на Ахеменидската империја и го прикажа како да го познаваа и персиските легенди, како идеален монарх кој се грижеше за своите потчинети, како татко за своите деца, или како овчар за своето стадо. Исто така, Ксенофон во својата „Киропедија" го претставува Кирус како иден антички грчки освојувач на Азија, како идеал на светски владетел. Така ја презентираше монархијата како правилна форма на владеење, бидејќи таа сама - спротивно на мрачното механичко изедначување на демократите - знаеше како да ги пресмета индивидуалните постигнувања.

Платон во својата „Политика" го изнесе идеалот на апсолутната монархија на мудриот човек, кој можеше тешко да се реализира, и на крајот во своето дело „Закони" тој му даде предимство на ограничувањето на монархијата со закони и на конституционалното управување. Колку силен интерес чувствуваше кон монархијата како вистинско постоење покажуваат неговите повторни посети на Сиракуза и неговите ревносни но и заразни напори да ја облагороди нејзината власт.

Во успешните години Исократ, големиот политички памфлетист, се здружи со оние што во монархијата видоа лек за мизеријата. Во неговите пишани преписи до киприотскиот принц Никокле (во седумдесеттите години од четвртиот век) тој зборуваше сосема јасно за предностите на монархијата, но тврдеше дека самите антички Грци не би можеле да поднесат крал. Токму оваа монархиска идеја го доведе до неговиот крај.

И во овие политички мрачни денови на четвртиот век античката грчка цивилизација ги продолжи големите традиции на петтиот век и беше во целосен процут. Како во интелектуалните, така и во уметничките сфери постигнаа извонредни резултати кои останаа вечни. Непротивставувајќи се на својата политичка пропаст на крајот од Пелопонеската војна, особено Атина се‘ уште ја одржуваше водечката централна положба, што ја стекна во петтиот век во Јонија.

Доколку атичката цивилизација прими панелинистички карактер, Атичката империја од петтиот век, и покрај краткиот век на траење, не малку придонесе во таа насока. Од Атина, главата на империјата од стотина вазални градови, широка река на атичка цивилизација се пролеа во Елада на островите и во крајбрежните делови на Егејското Mope: атичките закони и атичките институции, атичкиот говор и носии надалеку се проширија, особено во Јонија.

Но, ова влијание не беше ограничено само на Империјата. Штом Атина, со пристаништето Пиреј стана економски центар не само на сојузниците туку и на целиот елински свет, таа исто така, како центар на цивилизацијата, како со магнет ги привлече истакнатите интелектуалци и уметници од сите делови. Софистите го најдоа својот центар во Атина, работеа на атичкиот говор и дури помогнаа да се создаде уметнички атички прозен стил, покрај тоа што тешко имаше софист кој беше роден во Атина.

Сите овие влијанија навлегоа многу длабоко за да можат да бидат отстранети со пропаѓањето на Империјата.   Исократ,  господарот  на  новиот  ораторски стил, можеше да се фали во своето дело „Панегирик" (380) дека неговиот роден град го оставил зад себе другиот свет во мислењето и говорот - во филозофијата и реториката - што неговите учени луѓе станаа учители на другите, дека градот е причина терминот Елин да не значи повеќе расно потекло, туку начин на мислење, а оние што се нарекуваа Елини беа тие што ја зедоа атичката култура од оние што имаа обично потекло.

Тоа значи дека Искорат го виде вистинскиот Елин само кај античките грчки воспитаници на атички начин и според тоа го стесни концептот за Елинот. Но, тоа не значи, како што обично се претпоставува, дека варварите со атичко образование ги сметаше за Елини. Оваа        подоцнежна идеја, што ја менува расната разлика на Елинот и варварот, спротивно на цивилизациите, беше сосема туѓа за него поради неговата омраза кон Персија, наследниот непријател, за која тој многу остро се изрази во самата расправа. Секако, тоа е манифестирано во елинистичкото време по формирањето на светската империја на Александар Трети Македонски.

sokrat-isokrat

Сепак уште кога Исократ го напиша тоа, веќе имаше многу варвари кои повеќе или помалку беа под влијание на античката грчка цивилизација. Во наредните неколку десетлетија таа навлезе подалеку и во негрчките предели, а во некои делови дури и целосно. Доколку овој феномен имаше свои причини во ширината и потребата од експанзија на античката грчка цивилизација, тоа има најголемо значење за разбирањето на делото на Александар Македонски. Тој ги вложи сите сили не претпоставувајќи ги можностите на стварноста. Но, феноменот имаше и други причини. Едната беше безнадежниот услов на мајката земја која протера многу силни елементи да ја бараат својата среќа во други земји. Веќе ние зборувавме за масите кои отидоа преку море и кои служеа како наемници во Мала Азија или во Египет за или против Големиот крал.

Тажни од загубата на мајката земја, овие многу илјадници наемници, кои живееја во други држави, во период од многу децении, беа приморани, свесно или несвесно, да придонесуваат за ширењето на античките грчки обичаи и живот во туѓите земји. Од друга страна, пак, овие антички Грци од најразлични области на мајката земја, живееја заедно во војнички единици и не беа подготвени да го прифатат тоа ниво на локалните особености, што беше надминато според Александар Македонски. He беа само наемниците и трговците, кои отидоа во други држави заради своите потреби, туку беа прогонети и уметниците кои не можеа да најдат работа во своите сиромашни места.

На Пелопонез, каде цветаше училиштето на Сикион, на почетокот од овој период слушавме за изградбата на славниот храм на Атина Алеа во Тегеа, изграден од Скопа, славен според својата големина и убавина, слушавме за прекрасните нови згради на Херон од Епидаурус. Но, Атина тогаш беше толку сиромашна, што само потребните згради се градеа и затоа често атичките уметници ги среќаваме во други земји.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.