Среда, 20 Декември 2017   
Александар Македонски (11)

aleksandar-makedonski-11-1

КОИ БЕА ЕЛИНИТЕ, А КОИ МАКЕДОНЦИТЕ - ВАРВАРИТЕ?

Почетоците на македонската историја се завиени во целосна темнина. Има остри полемики за етнолошкиот проблем, дали Македонците биле Грци или не. Лингвистичката наука има на располагање многу ограничен број македонски зборови, а археолошките истражувања во Македонија се вршат со тешкотии. И уште кога ќе се земат предвид политичките услови, религијата и моралот на Македонците, нашето убедување е зајакнато со тоа што тие биле едно племе блиско до Дорианите.

Останувајќи на крајниот север, тие немаа можност да учествуваат во прогресивната цивилизација на племињата кои отидоа подалеку на југ, и така во времето на Персиската војна се појавија на хоризоитот како и другите Елини, но тие не се појавија како античките Грци, туку како варвари.

Александар I Македонски, кој, иако вазал на Ксеркс, во Персиската војна докажа дека чувствуваше симпатии кон Елините и сакаше да учествува на Олимписките игри, на кои само Елините имаа пристап, најпрво беше одбиен како варварин, но кога го докажа       педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид Темен од Аргос, беше примен како натпреварувач.

Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Елини, како потомци на Херакле; но, како и порано, така и потоа, народот беше сметан како варвари - дури и од Исократ во неговиот „Филип" - иако во меѓувреме мнозина кралеви имаа многу направено за воведувањето на античката грчка култура во своите држави.

Дури во времето на Филип Македонски, Елините видоа во Македонците негрчки странски народ, а мора да се сфати тоа ако се сака да се разбере историјата на Филип Втори Македонски и на Александар Трети Македонски, особено отпорот и пречките на кои наидоа од страна на Елините. Овој елемент е многу поважен од современото убедување дека античките Грци и античките Македонци беа браќа по вера. Тоа беше подеднакво непознато и за едните и за другите и затоа ова тврдење не би имало политички ефект.

aleksandar-makedonski-11-2

Одделно од локалната разлика на двата народа, впечатокот што античките Македонци како варвари го оставија кај античките Грци се објаснува со блиското сродство во кое античките Македонци живееја со векови со нивните варварски соседи Илирите на запад и Тракијците на исток. Во рамниот дел на Долна Македонија, северно од планината Олимп, во долните текови на реката Халиакмон и Аксиус, навлегоа античките Македонци на исток од планината Бермион надвор од планинскиот дел на Горна Македонија, а западниот дел беше окупиран од Илирите, додека источниот од Тракијците.

Античките Македонците мораа да го освојат тој простор постепено со борба. Ова е докажано со имињата на два антички македонски главни градови, Егеј и Пела, кои се македонски преводи од оригиналните илирски имиња Едеса (воден град) и Буномус. Покрај тоа што голем број антички жители беа истерани, сепак како што обично се случува, многу останаа и во текот на времето и на кој и да е степен на цивилизација, беа асимилирани и ставени во пониски класи од освојувачите. Истото се случи и со античките Грците кои отидоа подалеку на југ и со месното анадолско население што таму го најдоа.

Силното илирско и тракиско влијание може да се види во античкиот македонски говор и во обноските. Но, тоа се само дреболии во споредба со античкиот грчки карактер на македонската националност. На пример, имињата на вистинските чистокрвни антички Македонци, особено на принцовите и на благородниците се чисто антички грчки во нивното формирање и изговор.

Меѓутоа, основните карактеристики на античките македонски политички институции не се само антички грчки, туку и примитивно грчки. Старата патријархална монархија над населението и војската заврши во времето на Филип Македонски и Александар Македонски, монархија која еднаш постоеше кај сите антички грчки племиња, додека не отстапи пред аристократските форми на владеење под влијание на полисот. Еден од факторите со кој се објаснува долготрајното задржување на старата монархија е тоа што напредната идеја на полисот не навлезе во Античка Македонија.

Од другата страна, пак, силата на кралот кој беше највисок генерал, судија и поп, кој беше приспособен на фактот дека старата античка грчка заедница и војска, во чии очи кралот беше прв меѓу еднаквите што еднаш во примитивните времиња постоеше кај Елините, се одржа до времето на Александар Македонски и потоа со помош на собранието на војската која имаше определени привилегии.

Ова собрание на војската, покрај поврзаноста кон наследното право на Аргеадскиот дом, имаше право и обврска да избира нов крал, кој се потврдуваше со акламација. Ниеден не беше сметан за законски крал освен оној кого собранието на војската го избрало. Другото право што тој го имаше беше тоа што истрагите за велепредавство мораше да се извршуваат пред него. Исто така, имаше работа и со пресудите и со егзекуцијата. Во друг поглед кралот беше претставник на правдата, а неговите поданици се докажуваа кон него со своите дела и личен пример на вистински патријархален начин на живеење.

Но, Аргеадите не беа првите господари на целата античка македонска нација. Првобитно, племињата во Горна Македонија, Линкеста, Ореста и Елимиота имаа свои принцови и кралеви. Беа потребни мачни борби за да се спојат во македонската држава и веројатно е дека медијатизацијата на овие кнежевски куќи беше извршена од Филип Македонски, кој ја обедини македонската држава.

Војската првобитно се состоеше од дворјанството приврзано на земјата, кое беше обврзано да му служи на кралскиот принц, секогаш подготвено за дејствување. Нивното лично сродство со кралот беше изразено преку  патријархалната титула „Хетаирои",  кралски следбеник, титула  што  порано  се употребуваше во Елада, како што 2.500-те Мирмидони на Ахил во Илијада се наречени исто така кралски следбеници.

Кога кралот формира совет со неколкумина од овие свои следбеници, членовите беа нарекувани следбеници на кралскиот „ентоираге". Но, тоа не беше вистинското потекло на титулата, како што до скоро се претпоставуваше. Старата Хомерова почесна титула опстојуваше во Македонија многу векови, a ja добиваа дворјаните што го следеа кралот.

anticki-makedonec-i-grk
Антички Македонец, Антички Грк

Ова е карактеристично сродство на кралот со дворјанството, бидејќи тој не се разликуваше од  нив  според  облеката.  Тој  немаше посебно кралски амблеми, а пурпурна боја на наметките и широки шапки носеа и дворјаните. Покрај оваа кралска коњица, слободните селани и овчари можеа да дојдат одвреме навреме во неорганизирани групи и да се борат. Тоа беше само во четвртиот век кога тие се појавија како организирана регуларна пешадија, perрутирана и уредена коњица, во зависност од подрачјето.

Потоа почесната титула кралски следбеник и‘ беше исто така давана и на пешадијата во форма на пешадиски придружник. Според една двосмислена изјава, ова беше направено од Филиповиот постар брат Александар. Но, тоа веројатно беше употребено само при Филиповата реорганизација на војската. Секако, воведувањето на титулата пешадиски придружник означува дека пешадијата оттогаш дојде во исто лично сродство со кралот чија дворјанска пешадија подолг период имаше поголеми права.

Значи, владетелот се движеше во долните класи на луѓето, за да го подига нивниот морал и да ја зацврстува својата сила и моќ. Тоа се случи веројатно само по добивањето на титулата пешадиски придружник кога на пешадијата иʼ беше дозволено да учествува во собранието на војската и да ги користи нејзините привилегии.

Bo стекнувањето на правата и слободите античката македонска монархија цврсто се потпираше врз народот. Иако понекогаш имаше судири меѓу кралот и гордото дворјанство, античките Македонци во целост му беа лојални на својот крал и покажуваа голем респект кон него. Вообичаено беше за војникот да го симне шлемот кога му зборуваше на својот крал, додека пак кралот беше во добри односи и другаруваше со офицерите.

Античките Македонци беа наполно здрав народ, не беа тренирани како античките грчки атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа многу лоши навики останати од дамнешни времиња, како што беше неумереното пиење, со што во очите на Елините беа вистински варвари. Антагонизмот беше реципрочен, бидејќи античките Македонци беа израстени во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Елините. Овој факт е исто така од големо значење за разбирање на подоцнежната историја.

Натамошното проширување на источната граница на Античка Македонија, што под Александар I дојде до реката Стримон (Струма), беше запрено од големиот развиток на Атина која беше на чело на Делијанската лига. Атина како држава се утврди и на северниот брег на Егејот, вклучувајќи го македонскиот морски брег. Таа ги потчини градовите на полуостровот Халкидики, a на крајот ја зазеде и колонијата во Амфипол, близу до планината Струма, и така стекна голема благосостојба. Но кога страотната несреќа на Сицилија (413) го предизвика уништувањето на Атина како голема сила, Античка Македонија како и другите држави најде нови подрачја.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Од Божик до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи

Ако го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.