Среда, 03 Јануари 2018   
Александар Македонски (13)

aleksandar-makedonski-13-1

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ – КРЕАТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА

Епаминонда го подели фронтот во офанзивно и дефанзивно крило со цел брзо да ја реши битката. Офанзивното крило беше необично длабоко - како што пред тоа понекогаш се случуваше во Бојотија - и беше формирано од најдобрите коњички единици.

Неговата задача беше да тргне напред со концентриран напад, да го пробие фронтот и да ја реши битката, додека дефанзивното крило се движеше напред пополека и остануваше повеќе во одбрана, така што во моментот на судирот на борбената линија беше фактички косо поставено, како што античките луѓе ја нарекуваа формацијата.

Епаминонда, формира две крила од тешка пешадија и ги зацврсти на левото крило готови за напад, а неговата коњица служеше само да ги заштити страните. Бидејќи досега со паралелни борбени формации битката главно се решаваше од двете страни на десното крило, неговиот напад од лево имаше ефект на изненадување.

Тактика што на Епаминонда му донесе победа во Леиктра и Мантинеја сега беше прифатена од Филип Втори Македонски, но модифицирана во зависност од различниот состав на античката македонска војска. Офанзивата и‘ ја определи на својата одлична коњица, кралските следбеници, а дефанзивата на пешадиската фаланга што ја создаде за оваа цел.

Филип Македонски не ја затвораше офанзивата на едно крило, туку ја пушташе својата коњица да напаѓа понекогаш и на десното крило, а понекогаш, како кај големата победа на Херонеја, на левото, веројатно зависно од особеностите на земјиштето или позицијата на непријателската војска.

За да се оствари предходно наведената тактика Филип Втори Македонски мораше темелно да ја реорганизира својата војска. Планинските единици што ги презеде ги трансформира во регуларна коњица, поделувајќи ја во полкови, тактички единици кои беа регрутирани според подрачјата. Овие кралски придружници беа вооружени со шлемови, оклопи, сабји и со копја направени од најдобро дрво.

Бидејќи стремените се’ уште не беа пронајдени, тие не можеа, како јавачите во средниот век, со притискање врз јажето да ја зголемат силата на убодот на своето копје, туку мораа да ракуваат со слободна рака, како што стои на мозаикот, претставувајќи го Александар Трети Македонски во битка.

aleksandar-makedonski-13-2

Реорганизацијата на пешадијата беше совршена. Дали и колку пред Филип Македонски имаше воопшто организирана пешадија која можеше да се нарече пешадија е спорно, како што е наведено погоре за името кралски придружници. Секако, Филип Македонски беше креаторот на славната античка македонска фаланга. Co цел да ги продолжи косите формации, потребно беше да се создаде пешадија за дефанзивното крило. Тоа го објаснува необичната опрема и употребата на фалангата.

Очигледно беше дека сите овие иновации, особено изведувањето на косата борбена формација, бараа многу поголемо тренирање на коњичките единици. Затоа тие беа добро извежбани и истренирани за борба, за марширање и маневрирање. Така Демостен со восхит признава дека и лето и зиме и дење и ноќе не постоеја пречки за акциите на Филип Втори Македонски.

Додека во слободните антички грчки држави луѓето обично не сакаа да одат на воени вежби, туку повеќе сакаа да бидат платени наемници. Античките Македонци, пак, како дворјаните така и селаните, го следеа својот крал со ентузијазам, кој ги водеше од победа во победа и како што беше покажано од лузните што му го покриваа телото, тие со него ја делеа и опасноста и заморот.

Филип Втори Македонски успеа да им се наметне посебно на своите офицери со својата личност преку институцијата корпус на „дворски пажови". Co ангажирањето на оваа дворјанска младина, во чие физичко и интелектуално тренирање лично присуствуваше и монархот, тој создаваше еден вид кадетни корпуси за своите офицери. Тоа исто така значеше постојано сплотување на интересите на македонското дворјанство, кое во минатото беше често незадоволно.

Според примерот на лесно вооружените пелтаси (со кружен штит), кои беа воведени од атињанинот Ификрат и вооружени со долги копја и само со кружен штит (пелта), Филип Втори Македонски им даде на своите фалангисти како главно оружје, покрај мечот, многу подолги и потешки копја, заедно со малите „пелти" носени со придржувач на раката, шлем, заштитник на потколената и веројатно кожно плато со метален заштитник.

Според тоа, тие беа нешто меѓу тешко вооружената пешадија и пелтасите, погодни за бавно настапување и за поддршка на нападите, потоа да вршат побрзи напади во движење и по потреба да се способни брзо да се движат. Построени во збиена формација на полковите, во битката на дефанзивното крило тие мораа да го следат полека нападот на коњаницата и да го задржуваат непријателот.

На страните на оваа формација имаше лесно вооружена пешадија, чија борбена улога беше брзо да настапи и да направи врска меѓу коњицата и фалангата. Тоа беше 'рбетот на античката македонска војска, но подоцна беше дополнета со помошни единици од Тракија и од други соседни варварски држави.

Филип Втори Македонски зазема истакнато место во историјата на вештината на војувањето, бидејќи тој беше првиот кој ги спои сите видови борци во една тактичка единица. Тој исто така ја означи пресвртницата во развојот на стратегијата, бидејќи беше првиот - доколку тоа не му се припишува на Епаминонда - кој за целосно уништување на непријателот совесно ја водеше „одбранбената стратегија", како што обично се нарекува според класичната книга на генералот Фон Клаусевич, „Од војната".

Бидејќи поранешните битки античките Грци обично ги сметаа како натпревари, победник беше оној што го држеше бојното поле и што подигнал трофеј, додека победената страна се повлекуваше, Филип Македонски по победата застануваше на чело на коњицата и го гонеше непријателот до последен здив на човекот и коњот.

Какво немилосрдно гонење, се гледа од изјавата што е наскоро добиена, а според која, по победоносната борба со Трибал, при гонењето Филип Втори Македонски беше несреќно ранет во ногата со копје од еден од неговите што го следел.

makedonska-falanga
Македонската фаланга – кос дтрој

Филип Македонски ја означува и епохата на вештината на опсадување на градови. Стариот метод на гладување на непријателот не беше доволно добар за оние што ја воведоа стратегијата на одбрана.

Тој беше првиот кој на Исток ја примени опсадната техника, како што Дионис I од Сиракуза постапи со античките грчки и картагенските инженериски единици. Филиповите опсади на Перинт и Византиум (340), и покрај неуспехот, беа епохален изум во науката. Поради ефектот од оваа револуција во правење опсади, Атина и другите градови започнаа да ги градат своите ѕидови од камен наместо од тули кои не беа доволно цврсти.

Очигледно беше дека сите овие иновации, особено изведувањето на косата борбена формација, бараа многу поголемо тренирање на коњичките единици. Затоа тие беа добро извежбани и истренирани за борба, за марширање и маневрирање. Така Демостен со восхит признава дека и лето и зиме и дење и ноќе не постоеја пречки за акциите на Филип Втори Македонски.

Додека во слободните антички грчки држави луѓе обично не сакаа да одат на воени вежби, туку повеќе сакаа да бидат платени наемници. Античките Македонците, пак, како дворјаните така и селаните, го следеа својот крал со ентузијазам, кој ги водеше од победа во победа и како што беше покажано од лузните што му го покриваа телото, тие со него ја делеа и опасноста и заморот.

Филип Втори Македонски успеа да им се наметне посебно на своите офицери со својата личност преку институцијата корпус на „дворски пажови". Co ангажирањето на оваа дворјанска младина, во чие физичко и интелектуално тренирање лично присуствуваше и монархот, тој создаваше еден вид кадетни корпуси за своите офицери. Тоа исто така значеше постојано сплотување на интересите на македонското дворјанство, кое во минатото беше често незадоволно.

Но, во друг однос, односно во воената моќ, оваа монархија беше супериорна над античките грчки полиси. He само што врховната команда беше во рацете на кралот, туку исто така и целото раководење на надворешната политика. Додека во слободните држави, растроени од внатрешните клики, прашањата на надворешната политика беа решавани сега на еден начин, подоцна на друг, со одлука на мнозинството по долги контрадикторни говори на демагозите, во македонската монархија одлучуваше самиот крал.

Демостен го призна тоа како голема предност на својот противник. Во такви услови можеше да се формира постојана еднообразна далекусежна политика, планирањето и извршувањето беа во исти раце, а државникот и генералот беа обединети во еден човек.

Во 346 година Исократ во своето дело „Филип" ја определи токму таа силна позиција на владетелот во извршувањето на панелинистичката програма. Во првиот дел од расправата Исократ го опишува помирувањето на античките елинскигрчки држави што, како и Горгија, лично го покажа во своето дело „Панегирик" (380), каде беше потребна обична воена претприемчивост.

Тој му даде практичен предлог на Филип со тоа што требаше прво да ги смири една со друга четирите водечки држави, Атина, Спарта, Теба и Арго, кои со него би општеле преку своите амбасадори, а потоа другите мали држави би го следеле тој пример.

Нему, како потомок на Херакле, нема да му биде тешко, бидејќи секоја од овие држави има некоја врска со неговиот прадедо Херакле. Нивните очајни состојби ќе ги натераат да склучат мировен договор, а и Филип Втори Македонски би добил слава и наклоност низ цела Античка Грција. Во вториот дел од расправата Исократ зборува за војната со Персија. Тоа беше најпогоден момент, бидејќи Персиската империја слабееше поради револтот во голем број територии.

На Филип Втори Македонски му требаше само да оди во Мала Азија и да најави слобода, а многумина од намесниците би го поздравиле како нивни пријател во нужност и би ја отфрлиле вазалската зависност од Големиот крал. Тука, исто така, Исократ укажува на Филиповиот прадедо Херакле кој еднаш ја совладал Троја за неколку дена, а Филип Македонски може да му парира со човекољубие и наклоност кон античките Грци.

Доколку е изводливо, тој би ја уништил целата Персиска монархија, но ако е невозможно тогаш барем да ја отсече Мала Азија од Галиција до Синоп, да формира колонии за бездомните скитници кои ја тероризираа Елада и така со тој бедем да ја заштити античка Грција од Исток. Доколку тоа беше невозможно, тогаш тој би требало барем да ги ослободи античките Грци во Мала Азија од персискиот јарем.

filip-vtori

Тој беше сигурен дека ќе добие најголема слава и благодарност од античките Грци. Исократ завршува со предупредувањето дека Филип Втори Македонски треба да биде добродетел кон античките Грци, крал а не тиранин на Македонците и дека треба да ги ослободи варварите од варварскиот деспотизам и да им пружи елинистичка грижа и заштита.

Инаку, во поголем број продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.