Среда, 17 Јануари 2018   
Александар Македонски (15)

filip-vtori-2

ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ - ГОЛЕМИОТ ХЕГЕМОН

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак избегнуваше директен судар со Атина. За да го обезбеди своето македонско кралство замина за Добруџа да се бори со Скитите и Трибалијанците (339). Тоа беше кога Амфиктионистичкиот совет му даде наредба од новата „света војна" против Амфис да се пресели во централна Античка Грција по лошо проодниот пат на Термопилите (339).

И така, кон крајот на август 338 година, во Бојотијанската рамнина кај Цефис во близината на Херонеја, се случи голема и решавачка битка, во која Филип Македонски целосно ги порази комбинираните сили на Атина и Теба. Co оглед на курсот што го имаа земено работите во Атина и во цела Античка Грција во период од неколку децении, политиката на Демостен беше изложена на критика, бидејќи во своите атински аспирации не ги зеде предвид вистинските факти и затоа секогаш ќе остане само како очевиден модел на страстен патриотизам.

Тоа е славна страница во историјата на Атина, кога под негово раководство се почувствува нејзиното гордо минато и дека нема да се роди супериорна сила без борба. Сé уште на државните гробишта Керамеикос во Атина со емоција се читаат стиховите испишани на гробовите на оние што паднаа кај Херонеја:

О време, ништо човечно не може да ја прескокне глеткава:

Затоа кажи им на сите каква несреќа може да не снајде.

Како, борејќи се на Бојотијанската историска рамнина

За да ја спасиме нашата света Елада, ние бевме погубени.

Уште еднаш Филип Македонски ја доби битката со формацијата кос строј.

Офанзивата на левото крило и командувањето со коњицата Филип Македонски му ги довери на својот син Александар Македонски, кога беше на осумнаесетгодишна возраст, додека тој лично го водеше дефанзивното десно крило. Така младиот Александар на чело на следбениците на дворот ја нападна „Светата чета" на Тебанците, додека неговиот татко соочувајќи се со Атињаните ја држеше назад својата фаланга и на почетокот се повлече на кратко растојание за да ги измами да излезат надвор од нивните борбени позиции.

Откога успеа во ова, тој напаѓаше победоносно, а Александар Македонски во меѓувреме ги принуди во бегство Тебанците и ги тераше на десната страна што го опкружуваше непријателскиот центар со страничен напад и затоа победата беше целосна.

makedonskata-falanga
Македонска фаланга

Тоа беше необична акција на Филип Втори Македонски во која не го прогонуваше непријателот по Херонеја, туку остана на бојното поле, дозволувајќи му на непријателот да се повлече на југ. Во тоа го гледаме човекот кому, според зборовите на генералот Фон Клаусевич, војната му е само продолжение на политиката, но со други средства.

Сега дојде неговиот момент да ја оствари долго планираната реорганизација на Античка Грција. Таа ситуација и се очекуваше по смирувањето со античките Грци. Co откажувањето да го прогонува и уништува непријателот, многу јасна беше неговата искрена желба за приспособување. Овде повторно можеме да ја видиме големата предност на единството на војничката команда и политичката контрола во личноста на монархот, во споредба со стратезите на полисите зависни од јавните собири.

Тебанците мораа да платат со разочарување затоа што Филип Македонски ги спои со Атина. Мораа да се ангажираат со обновата на Платеја и Орхомен и да го издржуваат македонскиот гарнизон во Кадмеја. Меѓутоа, Филип Македонски покажа кон Атињаните голема благост: ги врати нивните затвореници без откуп, дозволувајќи им на Антипатер и Александар да ја однесат пепелта на мртвите во Атина во свечена поворка, а им понуди и пријателство и сојуз со гаранција дека Атина ќе ја остави слободна и независна.

Но притоа, тие мораа да ја распуштат военоморнаричката лига и да се откажат од тракискиот Херсонес, бидејќи загубата од отстапувањето на Ороп беше ненадоместлива. Co години Демостен правеше таква слика за Филип Македонски пред Атињаните како тој да е најголем бандит чија единствена цел му е да ја уништи Атина. Така, тој ги натера да имаат страшен отпор спрема него. Благоста на Филип Македонски толку многу ги изненади што едноставно се збунија од радост и благодарност. Тие му подарија атичко државјанство на Филип Македонски и на неговиот син Александар Македонски и направија статуа на кралот во нивната Агора.

И во текот на овие преговори за посебен мир со Атина, Филип Македонски сосем малку го поткрена превезот од своите планови, со што ги повика Атињаните да стапат во „универзалниот мир" и да се приклучат кон „Советот на лигата" што тој сакаше да го формира. Освен тоа, тој ги стекна грчките симпатии, со тоа што внимателно го прошири гласот дека сака Античка Грција да ја води во панелинистичка војна против Персија.

Кога се пресели со својата војска од Атина на Пелопонез, со радост му беше посакано добредојде од градовите што му беа верни, а засебни мировни договори беа склучени со оние што дотогаш му се противставуваа. Само Спарта одби да попушти, па затоа доживеа опустошување на Лаконија од страна на Филип Македонски заедно со нејзините стари непријатели Аргивите и Месенијанците, поради што основниот антички грчки арбитражен суд им ги додели на овие нејзини непријателски соседи сите погранични места што ги бараше Спарта во текот на повеќе векови.

Така, всушност, Филип Втори Македонски стана господар на цела Античка Грција и можеше да оди понатаму да ја зацврсти својата власт со легални форми. Co оваа намера тој ги повика сите суверени антички грчки држави на копното (се до македонската граница), како и островите, да испратат дипломатски претставници на Коринт, со цел да се консултираат со него за новиот поредок во Античка Грција.

Спарта, наспроти своето политичко значење, беше единствената држава што тоа гордо го одби. И така на крајот од 338 година почна прочуената Конференција на мирот на Коринт, чии заклучоци претставуваа круна на Филиповата животна цел. Тоа мора посебно да се има предвид, бидејќи тие претставуваа темел за врската на Александар Македонски со Античка Грција.

Филип Македонски ја отвори постапката со читање на манифестот „Диаграма" во кој ги изложи своите предлози пред да се соберат дипломатските претставници. Несомнено, ова ја негира вистината дека во дискусијата за Кралскиот мир на Сардис, пораката од Големиот крал беше ставена пред ѓрчките претставници. Додека тие беа принудени со закана да го прифатат она што им беше диктирано од Големиот крал, Филип Македонски им го поднесе својот документ само како основа за претстојните дискусии.    

hegemony

Тие на Коринт се задржаа со месеци, можеби до пролетта на 337 година. Дека Манифестот „Диаграма" беше ставен во обврзна форма, повеќе од сигурно само може да се претпостави, иако Филип Македонски за време на конгресот им се претстави на дипломатските претставници со сиот свој шарм и љубезност, што можеше да го покаже кога сакаше. Тој беше страшно неспокоен и сакаше да ги добие симпатиите на античките Грци, што беше важно за реализација на неговите цели. Резултатот на овие преговори беше договорот за сојузништво меѓу Филип Македонски и античките грчки претставници на Коринт, а тоа се потврди со заклетва од сите странки.

Неговите главни точки се следните: Филип Македонски склучи со античките Грци   пријателство   и   едностоен  офанзивен   и дефанзивен сојуз. He e определено, но не е и невозможно дека дури тогаш, како на последното обновување на овој договор за сојузништво во 302 година, античките грчки држави се сложија меѓу себе за пријателство и за офанзивен и дефанзивен сојуз. Лигата на античките Грци формирана со овој сојуз беше претставена од општ Федерален совет, во кој секоја држава посебно мораше да испраќа свои пратеници по број кој варира според нивната воена моќ.

Овој совет ги одржа своите општи заседанија во времето и на местото од четирите големи панелинистички игри (на Олимпија, Немеја, Делфи и Истмос), додека за обични состаноци веројатно бил избран Коринт, а тоа е местото каде што беше седиштето на постојаниот деловен комитет од пет претседатели. Во првиот параграф: слобода и автономија, а веројатно исклучување од данок и од воено ангажирање, имаше добиено секој член од лигата.

Независно од Теба, сместувањето на античките македонски гарнизони во Акрокоринт, Јалцис и Амбрација беше во интерес на лигата, а одобрено од конгресот. Како и во втората Атичка военопоморска лига, хегемонијата на Атина беше вон Федералниот совет, во кој Филип Македонски беше хегемон, сојузен генерал, избран доживотно од конгресот. Неговото античко Македонско кралство природно не припаѓаше кон Елинистичката лига.

Преку Филиповата позиција како хегемон, оваа Елинистичка лига на државите, на чии индивидуални членови со закон им беше загарантирана слободата и автономијата, постојано беше сврзана со античкото Македонско кралство со помош на личниот авторитет на Филип Втори Македонски.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Отворено писмо од Арбен Таравари Градоначалник на општина Гостивар до Зоран Заев

Историја

News image

Коренот на Македонците

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословна...

Иселеници

News image

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Ег...

Култура и туризам

News image

СУРАТИ

СУРАТИ

Фељтон

News image

Александар Македонски (19)

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.