Среда, 24 Јануари 2018   
Александар Македонски (16)

am16-1

ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ – СТРАТЕГОТ НА  КОРИНТСКАТА ЛИГА

Позиција како хегемон била долго негувана законска форма што Филип Македонски на крајот ја пронајде за да доминира над Античка Грција. Таа бараше да се дејствува колку што е можно понежно со грчкото чувство и независност. Каков труд тој беше вложил за да не ја повреди грчката чувствителност, се гледа од неговиот опис во договорот, не како крал, туку како хегемон.

Функциите меѓу советот и хегемонот, се поделени така што првиот требаше да ги донесува резолуциите, а вториот да ги спроведува. Федералниот совет што го формира федералниот суд, донесе многу важни одлуки, мерки против прекршителот на договорот, и дали да биде мир или да се води војна.

Во последниот случај хегемонот ги определува воените контингенти за снабдување од членовите и води војна во корист на лигата. Согласно смислата на офанзивниот и дефанзивниот сојуз, во ваков случај тој требаше да ја поддржува лигата со својата античка македонска армија и, обратно, доколку тој беше нападнат или ако требаше да се води офанзивна војна под негово раководство, античките Грци требаше да се стават со своите контигенти под негова команда.

Во врска со последната спогодба, изворите потврдуваат дека несомнено ова била определбата за војна против Персија. Се покажа дека во текот на заседанијата Филип Македонски избегнувал официјално да зборува за војнички и политички прашања и за персискиот крал. Co цел предвремено да не го предизвика кралот, Филип Македонски сакал да ја зајакне античката грчка лига и цврсто да ја земе во свои раце командата над античките грчки трупи што беа на копно и на море, пред да настапи сред народот со планот за војна со Персија.

Сепак, како што беше неопходно да се определи бројот на претставниците, тој започна да ја определува официјално моќта на одделните членови. Тоа произлезе од силата на двете страни: хегемонот Филип Македонски не беше само војнички лидер на Лигата, туку имаше и целосна контрола на надворешната политика на античка Грција.

am16-2
Коринтската лига на Филип Македонски

На тој начин Филип Македонски ја обедини цела Античка Грција (со исклучок на Спарта) во Лига на држави и така првпат во историјата создаде античка грчка обединета држава. Се разбира, за се’ што беше речено погоре околу панелинистичката идеја, тој не ги следеше, како што често се претпоставуваше, поттикнувањата во делото „Филип" од Исократ, кое бараше обединување на Античка Грција во една држава.

Формирањето на оваа Коринтска лига не беше резултат на панелинистичката идеја, туку на политиката на Филип Македонски да ја подигне моќта на античка Македонија. Наспроти напорите на Филип Македонски со решението на античко грчко-македонското прашање што е можно помалку да ги засегне античките грчки чувства, сепак ладно беше примен од широките маси во споредба со она што очекуваше.

Античките Грци ја сметаа хегемонијата на Филип Втори Македонски, пред се’, како странска доминација. Тие не гледаа на античките Македонци како на антички Грци.

И покрај тоа што Лигата на државите под водството на Филип Македонски не ги усогласи намерите на панелинистите, сепак можеме да го признаеме влијанието на Исократ за „општиот мир" прогласен од Филип Македонски на Конгресот. Доколку внатрешното единство на античките Грци, како што имаше желба Исократ, не се реализираше во рамките на Лигата на државите, ќе се преземеа мерки да се обезбеди спокојство и мир во античкиот грчки свет.

Според тоа, одредбите за еден „општ мир" беа вклучени како витален и фундаментален услов во договорот на Сојузот. Пред се’, тоа беше мир меѓу Филип Македонски и Лигата. Така, на пример, секој член мораше да се заколне дека нема да се обиде да ја собори монархијата на Филип Македонски и на неговите потомци. Според додатокот „потомци" се гледа дека договорот е „вечен", ако тоа се однесува само на Филип Македонски. Во спротивно, античките Грци не би зеле обврски за неговото потомство.

Тоа беше од големо политичко значење. Меѓутоа, античките Грци се врзаа со заклетва вечно да го чуваат меѓусебниот мир. Ниеден член не може да се здружи во непријателство против друг на копно или на море. Пиратството беше забрането и така слободата и безбедноста на морето беше ставена под заштита на Лигата. Секој што не се потчинуваше беше третиран како непријател и требаше да очекува казна од другите членови.

На овој начин се воспостави мир во сите држави. Претставниците во интерес на хегемонот увидоа дека егзекуциите или казните на прогон не беа незаконски, дека немаше конфискации, распарчување на земјата, поништување или ослободување од долговите, или, манумиција со робовите за бунтови и со сите оние обични страшливи придружувачи на постојаните бунтови во непосредното минато.

Секој член мораше да се заколне дека нема да ги крши правилата што владееја во државите од времето кога беше дадена заклетвата, независно што многу од нив беа изменети од Филип Македонски за да одговараат на неговите погледи. He смее да се заклучи дека тоа претставува задушување на политичкиот живот во градовите. Револуцијата со насилство беше забранета. Ништо не можеше да го исклучи. мирољубивиот развој на конституционалниот живот.

Тоа беше форма на „општ мир". Филип Македонски сакаше да ја реализира идејата на Исократ за смирување. Надворешниот и внатрешниот мир на сојузничките држави беше загарантиран со строги санкции кои се содржеа во договорот. Бездруго, едно вистинско помирување на душата би било најдобро. Но тоа беше утопија, како што веќе видовме, и мора да се признае Филиповото заменување со насилно наметнат мир беше единствениот можен излез во постојните услови. Тој барем ветуваше олеснувања за нацијата, доколку се почитуваше духот на Коринт.

am16-3
Македонска фаланга на дело

Откако скицираниот договор едногласно беше прифатен од конгресот, дипломатските претставници се вратија во своите држави и договорот беше насекаде прифатен и потврден со заклетва. Изборите за претставници започнаа веднаш, бидејќи заклучокот на Конгресот беше советот да заседава што е можно поскоро.

Така, Федералниот совет го одржа својот прв состанок на Коринт во раната пролет на 337 година. Дојде и часот Филип Македонски да ја спроведе и последната цел на својата македонска политика. Сега кога ги имаше античките грчки контингенти во своите раце, тој можеше јавно да ја обнароди својата долго чувана намера за војна со Персија.

Од голема важност беше тоа што Исократ во своето дело „Филип" го подготви јавното мислење на Античка Грција за панелинистичка национална војна под раководството на Филип Втори Македонски, кому му се овозможи да ја искористи оваа панелинистичка идеја, со цел да ги прикрие своите чисти антички македонски намери.

Филип Македонски се надеваше дека со војната ќе ги добие симпатиите дури и од оние Антички Грци што беа против него, во чии очи бараше морална поддршка на својот статус што го доби на Конгресот. Тој ќе се здобиеше со значајна позиција, ако ги ослободеше античките Елини-Грци во Мала Азија од персискиот јарем, a co тоа ќе го поништеше првиот член од Кралскиот мир кој ја оптоваруваше Елада педесет години.

Вториот член од Кралскиот мир веќе го поништи по дипломатски пат, бидејќи според федералниот устав, сега беше Филип Македонски, а не Големиот крал, тој што им гарантираше слобода и автономија на античките грчки држави.

am16-4
Агора на Коринт

Но која беше причината тој да се залага за војна со Персија? Обичните и единствените антички грчки мотиви на Исократ беа некорисни, ниту пак Филип Македонски можеше да ги обнародува своите лични антички македонски планови за освојување.

Поумна идеја му се јави при најавувањето на војната како војна за реванш, како војна на одмазда за злосторите што еднаш беа извршени од Ксеркс врз храмовите на античките грчки богови. Оваа идеја беше истакната од Филип Македонски, а не од Исократ, како што се претпоставуваше, бидејќи тоа нему сосема му беше туѓо.

Го гледаме и се одушевуваме на нежното проникнување со кое Филип Македонски можеше да навлезе во античко грчкиот менталитет и колку остроумно ја зеде позицијата во свои раце како вистински Хераклид, издигнувајќи ја националната војна во религиозна војна на одмазда. Во исто време тој зацрта спиритуална паралела меѓу својата иницијативност и многуте години на војна со Персија.

Веројатно оваа митска паралела го окупира и на конгресот го припои сојузот кон „универзалниот мир", бидејќи и при доаѓањето на Ксеркс сојузниците антички Грци склучија мир кој се однесуваше на целата земја.

am16-5

Така Филип Македонски на првата седница на Советот предложи тој со античката македонска армија и со контингентите на античките грчки сојузи да води војна со Персија, за да се одмазди за злосторствата на Ксеркс во античките грчки свети места. Потоа претставниците гласаа за војна и му ја доверија на Филип Македонски врховната команда во војната со Персија со звањето командант со неограничена моќ.

По овие брилијантни успеси Филип Македонски се врати во античка Македонија. Наредната пролет (336) испрати преку Дарданелите извидница од десет илјади луѓе под команда на Парменион и Атал, за да се подготви и да ја искористи првата можност за ослободување на градовите во Мала Азија. Повеќе од тоа Филип не можеше да направи, бидејќи неколку месеци потоа беше убиен.

Она што Филип Втори Македонски го направи на Коринт претставува компромис меѓу античката македонска политика на моќ и панелинистичката програма на Исократ, компромис во кој античките македонски интереси најмногу дојдоа до израз. Во извесна мера желбите на Исократ се исполнија, но во форми што тој не ги предвиде, бидејќи тие се реализираа врз основа на целта на Филип, а тоа беше доминација над Античка Грција.

Во оценувањето на неговата дејност на Коринт, може да се рече дека доколку му се овозможеше, наместо да умре во четириесет и седмата година, да води успешна војна против Персија и да владее во неколкуте наредни децении, неговата реорганизација на Античка Грција ќе беше благородна и за античкиот грчки свет, а особено извршувањето на „универзалниот мир", кој беше неопходен за напредокот на неговото античко Македонско царство.

Тоа значеше постепено создавање на услови за доминација на неговиот син Александар Македонски во светот, што беше сосема непознато за неговиот татко, кој со Коринтската лига ги измени условите на живот. Каков силен впечаток Филип Македонски беше оставил на своите современици се гледа од зборовите на Теопомп, историчар кој во почетокот на своето дело „Филипика" го напиша следново: „Земено во целина, Европа никогаш немала маж како Филип Македонски , синот на Аминта".

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Отворено писмо од Арбен Таравари Градоначалник на општина Гостивар до Зоран Заев

Историја

News image

Коренот на Македонците

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословна...

Иселеници

News image

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Ег...

Култура и туризам

News image

СУРАТИ

СУРАТИ

Фељтон

News image

Александар Македонски (19)

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.