Среда, 31 Јануари 2018   
Александар Македонски (17)

am17-1

МЛАДОСТА НА ИДНИОТ КРАЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

И во третиот дел во поголем број продолженија ќе се обидеме преку „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Филип Македонски, таткото на Александар Македонски, беше син на антички Македонецот Аминта, додека мајката на Филипа, Евридика, беше од Илирија. Веројатно во подоцнежниот живот, под влијание на елинистичкото воспитание на античкиот македонски двор, таа научила да чита и да пишува старогрчки, сакајќи да им даде на своите деца повисоко образование, но по крв таа остана чиста варварка, ќерка на илирскиот принц Ирас.

Според тоа, таткото на Александар Македонски беше половина варварин, а неговата мајка Олимпија му стана законска жена на Филип Македонски во 357 година. Олимпија беше ќерка на Неоптолем, кралот на Молосијанците, чија династија имаше потекло од синот на Ахил и се сметаше за античка грчка, но Молосијанците како племе во Епир изгледа беа варвари и веројатно беа сродни со Илирите.

Во 356 година Олимпија, на дваесет години, го роди Александар, а наредната година ја роди неговата сестра Клеопатра. Од овој брак немаше друга рожба. Значи, Александар не е чист антички Македонец туку имаше и варварска крв во своите вени.

Несомнено, Александар Македонски наследи многу карактеристики од своите родители, но тоа не ги објаснува во целост неговите лични особини. За неговиот дедо и баба, кои често имаа силно влијание врз внукот, знаеме многу малку и не може ништо да се претпостави. Двајцата родители, и Филип Македонски и Олимпија, беа необично силни и поттикнувачки личности.

Постапките на Филип Македонски се карактеризираа со неуморна енергија и јачина, а огромната упорност беше придружена со тајни намери. Неговото тело обележано со лузни ја покажуваше неговата храброст и восхитување во битки што беа речиси рамни на безумие. Сите овие квалитети, дури и на повисок степен, се манифестираа и кај Александар Македонски.

Од друга страна, пак, Филип Македонски ни е претставен во својот приватен живот како разуздан блудник кој безмерно се препушта на задоволствата на својот страстен темперамент. Контрадикторните извори што го претставуваат Александар Македонски како ладен по природа во љубовните врски, веројатно се вистинити. Бездруго, љубовта спрема жените не е главна цел во животот на Александар Македонски, а и тој никогаш не дозволи да дојде до израз друго влијание врз водењето на неговите големи амбиции.

am17-2

Мошне е едноставно да се објасни дека се измислици плуските за неговата љубов спрема истиот пол. Кога тој се појавува како човек со демонска страст, во голема мера дојде до израз наследеното од неговата мајка Олимпија, кај која ова беше интензивирано до највисок степен. Но, тоа е дел од извонредните комбинации на спротивностите на природата на Александар Македонски, што покрај оваа страст тој покажуваше и голема ладнокрвност и претпазливост.

Бидејќи само наследените особини не можат да го објаснат неговиот карактер, поголем интерес побудува прашањето какво било влијанието на образованието. Филип Македонски, уште од почетокот виде наследник во Александар Македонски, потомокот на Олимпија. Покрај неа, Филип Македонски имаше и други жени, меѓутоа се посвети со љубов и грижа на образованието и воспитанието на својот син.

Во младите години, веројатно под влијание на мајка си, Александар Македонски го чуваше роднината на Олимпија, Леонид, кој се обиде со строгост да го смири разузданото и непослушно момче, бидејќи тој беше одговорен за педагозите и учителите кои го учеа принцот заедно со другите деца од античкото македонско дворјанство. Кога Филип Македонски увиде дека врз момчето не може да се влијае со сила туку со убедување, во 343 година, кога Александар имаше 13 години, го повика Аристотела да му биде тутор. Ова бездруго имаше длабок ефект врз развитокот на Александар Македонски.

За да се разбере овој адекватен чекор на Филип Македонски, ќе треба да се претстави Аристотел од тоа време, бидејќи се смета за извонреден научен творец во текот на целиот тој период се’ до денес. По смртта на неговиот учител Платон (347), Аристотел учеше и воспитуваше други платонисти на Асос во Троад и стапи во тесни врски со Хермија, принцот од Атарнеј, кој како што веќе е спомнато беше политички поврзан со Филип Македонски. По неговата женачка со внуката и посвоената ќерка на Хермија, оваа врска уште повеќе се зајакна.

am17-3

По престојот од околу три години на Асос, Аристотел се пресели во Митилен на Лезбос каде што отвори свое училиште и каде што му пристигна поканата да го учи и да го воспитува законскиот наследник на Античка Македонија. Годините на Асос беа важни за развојот на Аристотел, бидејќи во тоа време тој не беше најславниот човек. Неговиот татко Никомах едно време бил дворски физичар на Аминта од античка Македонија, но тоа беше малку значајно за изборот што го направи Филип.

Неодамнешните претпоставки за политичките врски на Филип Македонски со Хермија беа факторот што го одлучија неговиот избор. Без сомнение за Аристотел беше привлечно да учествува во интелектуалната еволуција на наследникот на големото античко Македонско кралство, кое стана важен фактор на владеење со богатството на Античка Грција, а во кое спаѓаше и неговиот роден град Стагира, кој беше освоен и уништен од Филип Македонски. Така, отприлика на четириесетгодишна возраст Аристотел дојде во Пела.

Co цел да го заштити да не биде вознемируван од животот на дворот, Филип Македонски му ја даде на Аристотел резиденцијата во мирното и малечко село Миеза. Селото беше во непосредна близина на храмот на Нимфите каде што Аристотел го учеше и го воспитуваше Александар Македонски во период од три години. Можеби Хефестион кој беше најмилиот пријател на Александар Македонски, беше еден од оние што учеше и се воспитуваше заедно со Александар.

am17-4
Пела

Природно е што подоцна имаше многу измислици во врска со ова учење и воспитување, кога Аристотел стана владетел во интелектуалната сфера, а Александар Македонски господар на тогашниот свет. За несреќа, се располага со многу малку информации за тоа, на кои може да им се верува. Детали за подоцнежниот карактер на Александар Македонски веројатно се стекнати под влијание на Аристотел.

Тој беше оној што всади голема љубов кај Александар Македонски спрема античката грчка култура и интелектуално го преобрати. Тоа длабоко влијаеше врз животот на Александар. Природно, во работата со ова момче, што со срце го освои, Аристотел се однесуваше со поинаков тон од оној во своите научни расправи.

Тој беше готов да изрази топлина, како што се гледа во длабоко религиозниот и емоционалниот тон на химната „Мажествена особина", што ја напиша во тоа време во чест на својот пријател Хермија, кој беше предаден во рацете на персискиот крал и беше мачен во Суса со цел да ги открие плановите на Филип Македонски. Но, Хермија не стана предавник, поради што беше распнат на крст.

Длабоко возбуден и раздразнет од ова, Аристотел напиша во негова чест убав спомен дитирамбична химна, во која зборува за хероите што порано ги дадоа своите животи, а сега жртва стана Хермија, кого исто така музите го нарекоа бесмртен. Co оваа мажествена одлика, која, заради типичната одвратност спрема варварите, ја наоѓа само во Елада, Аристотел го поттикна младиот принц и секогаш пред него го држеше моделот на хероите, кон кои беше приклучен и неговиот пријател Хермија.

Двајца од тие херои, што тој постојано му ги спомнуваше на Александар Македонски, всушност, му го осветлија патот за освојување, а тоа беа Херакле и Ахил, кои Александар Македонски длабоко ги почитуваше како свои прадедовци. По таткото Александар водеше потекло од Херакле, a no мајката од Ајацид, потомок на Ахил.

Ако во подоцнежните години повеќе беше нагласен Херакле, во раната младост Александар Македонски беше инспириран од примерот на младиот Ахил. Оваа длабоко всадена и јасна концепција во неговиот личен афинитет, со примерите на овие херои, е една од оние рационални и инстинктивни причини без кои воопшто не можеме да го разбереме големиот Александар Трети Македонски.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Отворено писмо од Арбен Таравари Градоначалник на општина Гостивар до Зоран Заев

Историја

News image

Коренот на Македонците

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословна...

Иселеници

News image

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Ег...

Култура и туризам

News image

СУРАТИ

СУРАТИ

Фељтон

News image

Александар Македонски (19)

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.