Среда, 28 Февруари 2018   
Александар Македонски (21)

am21-1

ПО СТАПКИТЕ НА ФИЛИП - АЛЕКСАНДАР СЕ ЗАЦВРСТУВА КАКО ХЕГЕМОН

Додека Александар Македонски беше во Античка Македонија, античките Грци беа мирни, иако непријателски расположените групи спрема него во градовите ја чувствуваа неговата хегемонија како тешко бреме. А кога Александар Македонски отиде на север и остана долго време во непознатите и далечни земји, од каде не доаѓаа никакви вести, античкиот грчки свет беше полн со немири и возбудувања.

Во меѓувреме, новиот крал на Персија Дариј III, кој дојде на престолот во мај 336 година, беше свесен за опасноста што доаѓа од Запад, бидејќи неговата војска веќе еднаш се беше судрила со античката македонска извидница што се наоѓаше во Мала Азија. Тој веќе беше запознат со воените резолуции од 337 и 336 година и сфати што најмногу ја привлекува Античка Грција, па мислеше дека лесно ќе може да се заштити од нападот на Александар Македонски само на еден начин, а тоа беше со злато да ги привлече античките Грците на своја страна.

Според тоа, дипломатските претставници на Големиот крал ги повикаа античките грчки држави да кренат востание против Александар Македонски, а како награда им понудија големи суми пари. Арно ама, само Спарта која не беше член на Лигата го прифати златото. Другите држави на Лигата, па и Атина, зазедоа правилен став, со тоа што останаа верни на договорот што беше склучен и ја одбија понудата.

Демостен, меѓутоа, не се колебаше да прими 300 таланти од Големиот крал за да врши пропаганда на персиската кауза, иако неговиот роден град го избра Александар Македонски за главен и одговорен командант против Персија. Тоа беше лекомислена игра што Демостен ја започна на своја одговорност и понесе голем дел од обвинението за големата несреќа што се почувствува во Античка Грција.

Возбудувањето во Античка Грција, што се зголеми со персиските предлози, повеќе порасна поради долгото отсуство на Александар Македонски и ја постигна својата кулминација кога се прошири веста дека Александар ја загубил битката со Трибалијанците. Демостен вешто го искористи тоа за да ја зголеми агитацијата, носејќи во атинската црква еден ранет маж кој изјави дека бил ранет во истата битка во која загинал и Александар.

Верувањето за смртта на Александар Македонски брзо се рашири, а тоа беше важно за донесување одлука за кревање бунт. Ако Александар Македонски беше мртов, се поништуваше Коринтскиот договор и се избегнуваше одговорноста и обврската спрема него, a co тоа античките грчки држави би се здобиле со слободата што ја имаа пред Херонеја. Така Тебанците на кои им пречеше македонскиот гарнизон во Кадмеја, се дигнаа на востание поттикнати од прогонетите кои беа тајно донесени од Атина.

am21-2

Тие убија неколку антички македонски офицери и ја почнаа опсадата на градот, верувајќи на помошта од Атина, која преку Демостен им испрати оружје што го купи со персиско злато. Аркадијанците исто така се кренаа на востание и испратија војска во Истмус и не се повлекоа наспроти пораката од Антипатер. Раздвижување се почувствува и во Аетолија и во Елис.

Овие лоши вести втасаа до Александар Македонски непосредно по завршувањето на битката за Пелион. Веднаш ја поведе својата војска кон југ, иако само што заврши суровата битка, а војската се движеше во просек од околу дваесет милји на ден. На тринаесеттиот ден, Александар Македонски, за кого се веруваше дека е мртов, веќе беше во Онкест во Бојотија.

Тебанците мислеа дека само Антипатер би можел да доаѓа против нив откај Античка Македонија и кога се слушна дека тоа е Александар, помислија оти тоа би можел да биде само линкестијанскиот Александар. Веројатно сметаа дека по смртта на Александар Македонски, Линкестијанците ја презеле круната во Античка Македонија.

Но наредниот ден невозможното стана возможно: Александар Македонски беше пред градот. За правилно да се сфати оваа борба на Александар Македонски, важно е да се спомне дека тој често водеше војна како вешт хегемон на Лигата кој знаеше во името на Лигата да ги казни непослушните членови. Тоа беше исто така антички грчки начин на обноска, бидејќи на Александар брзо му се придружија мали контигенти од соседните држави кои му беа верни, а беа непријатели на Тебанците и се ставија под негова команда согласно договорот.

Бидејќи Александар Македонски разбра дека го сметаа за мртов, што целосно ја измени законската положба, тој прво се заложи побунетите Тебанци да ги врати во Лигата без да се пролее крв. Кога им го предложи тоа тие одговорија со коњички напад врз неговата стража. Грешката на Тебанците беше во тоа што сметаа дека Александар е мртов.

Наредниот ден кралот маршираше околу градот и се улогори на југ пред портата Електра, каде што се уште привлекуваа внимание остатоците на стариот пат кон Атина. Овде, тој можеше да изврши напад со гарнизонот од Кадмеја, бидејќи нејзиниот јужен ѕид на тоа место се спојуваше со тој од градот. Тебанците направија двојна ограда од колје пред портата за да ја пресечат врската на гарнизонот со надворешниот свет.

Александар Македонски го одложи нападот, надевајќи се дека ќе постигне мир. Тој им вети повторно на Тебанците дека тие ќе бидат примени во Лигата доколку му ги предадат водачите на бунтот. На тоа тие му одговорија со презир, велејќи дека тој треба да им го предаде Алтипатер и водачот на Кадмеја. Притоа тие извикуваа од високата кула дека секој оној што сака да им се придружи ним и на Големиот крал за да ја ослободатантичка Грција од тиранијата на Александар, без двоумење може да им се приклучи.

По сето тоа Александар Македонски ја извади сабјата и со голема лутина нареди напад. Арно ама, пред да даде сигнал за напад, Пердика со својот полк ги нападна оние кај оградата од колци и започна да се бори, со што се разви општа борба пред јужниот ѕид на градот. Кога војската која напаѓаше под раководство на Пердика беше поставена на борбената линија на патот, Александар со своите најдобри единици влезе во акција.

Наспроти добрата одбрана, Тебанците беа заобиколени, а античките Македонците со сила успеаја да влезат во градот преку портата Електра заедно со прогонетите. Другите дивизии му се придружија на гарнизонот во Кадмеја и побрзаа кон градот каде што Тебанците направија уште едно упориште близу Амфион. Се случи страшен масакр над населението повеќе поради старата омраза на Бојотијанците и Фокијанците отколку поради лутината на античките Македонци.

am21-3
Теба

Што треба да се направи со освоениот град? Како хегемон на Лигата, Александар Македонски свика вонреден состанок на Федералниот совет и се обрати кон него тој да го реши прашањето, бидејќи ваква одлука требаше да донесе Федералниот суд, а не хегемонот. Само соседниот сојуз, главно Бојотијанците и Фокијанците, брзо ги испратија своите пратеници и така на состанокот најдоа излез со израз на омраза на угнетените чии многу генерации страдаа под врховната власт на Тебанците.

Во оваа случка човек може целосно да го види бедното неединство на античките Грци: по пропаѓањето на Атинската империја (404) Тебанците и Коринтците побараа уништување на Атина, а сега претставниците на Лигата бараа уништување на Теба. Ниеден член од Лигата не го бранеше извршувањето на ваквата казна, како што е примерот со Спарта која потоа направи добро дело во своја корист.

Имено, додека Спарта и оддаваше признание на Атина во војните за слобода од Персија, овојпат претставниците посочија на предавството за кое Теба беше виновна. Поттикнати од ова, решението на Лигата беше Теба да се срамни со земјата, да се подели територијата (со исклучок на онаа што беше света) меѓу бојотијанските членови на Лигата, да се остави постојан македонски гарнизон во Кадмеја, да се продадат жените и децата како робови и да се прогласат тебанските бегалци како одметници на целата територија на Лигата.

Доколку Александар Македонски сакаше можеше да ја ублажи острината на одлуката. Но, во корист на панелинистичката идеја и војната за освета против Персија, тој мораше да им покаже што ги чека бунтовниците кои ја издадоа Лигата и беа играчка во рацете на персискиот крал.

Така, Александар како хегемон без колебање нареди да се изврши одлуката. На тој начин светиот град, градот на Кадмо и Оедип, градот на Епаминонда беше збришан од површината на земјата. Современиците сепак чувствуваа дека Александар Македонски имаше грижа на совеста. Подоцна кога имаше можност да покаже милост спрема одделни Тебанци, тој секогаш го правеше тоа.

am21-4
Атина

Неговата наредба да се поштеди куќата на Пиндар, големиот тебански поет, покажува дека Александар Македонски не наредил да се уништи градот во состојба на „бесен ѓавол", туку под притисок на политичките услови и со поделени чувства во својата душа. Исто така, непобитно е дека тој одлучил да војува само тогаш кога ќе има целосно помирување на античките грчки држави. Овој страшен пример беше добредојден за да им прости на другите бунтовници.

Најмногу изненадени од ова беа Атињаните, свесни за својата вина како поттикнувачи на античкото грчко востание. Сензационалната вест за тебанската катастрофа одекна како гром од ведро небо во периодот кога ги изведуваа големите црковни церемонии, па затоа очекуваа дека ќе бидат казнети од победникот, иако претпазливо ја затаија ветената помош и ги оставија, Тебанците на цедило.

Веднаш испратија пратеник кој му го честита на кралот неговото безбедно враќање од север и казнувањето на Тебанците. Ваквото поведение е толку бесрамно што тешко може да се оправда. Откако ја почувствуваа кралската склоност кон милоста, Атињаните решија, по барање на Александар Македонски, да ги предадат антимакедонските водачи на чело со Демостен и да молат за повлекување на барањето испратено по втората делегација предводена од Фокион.

Александар Македонски, надвор од симпатиите спрема Атина, сметаше дека е важно да не го вкрсти оружјето со персискиот крал, со најсилната военопоморска сила. Затоа се согласи и го поддржа прогонството на генералот Харидем, негов најжесток противник, кој пребега во Персија придружен од свои истомисленици.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.