Среда, 14 Март 2018   
Александар Македонски (23)

am23-1

ПОЧЕТОЦИ НА ПОБЕДОНОСНАТА ВОЈНА ВО МАЛА АЗИЈА

Блискоста со кралот, што ја дознавме од делото на Калистен, изискувала посебно внимание. Тој пренесува дека Александар Македонски сакал да мисли како античките Грци, но бидејќи гледиштето е мошне пристрасно, природно мора критички да се користат неговите изјави. Од друга страна, пак, официјалниот опис на дневните акции на Александар Македонски во кралскиот весник не беше наменет за пошироко публикување.

Во почетокот описот го правеше Еумен од Кардија, шефот на неговиот секретаријат, а тоа започна уште со Филип Македонски кому Еумен му служеше неколку години со иста задача. Овој официјален весник Птолемеj I, кралот на Египет, го употреби како извор за своите мемоари, a бидејќи тој беше еден од главните извори за Аријан, тоа објаснува зошто неговото дело се чита како дневник. Весникот немаше намера да го велича монархот, туку да служи за практичните цели на власта.

Во патувањето на кралот, покрај Калистен, беа вклучени и други историчари, како и филозофи и поети, кои главно подоцна му се придружија на патувачкиот двор. Геодетската група што го придружуваше кралот од самиот почеток имаше задача да ги мери и да ги забележува во дневник растојанијата што ги освојуваше војската на Александар Македонски и да ги опише карактеристиките на земјите каде што се патуваше.

Меѓутоа, специјалистите кои го испитуваа богатството на флората и фауната, како и минералите на новооткриените земји на Далечниот Исток колку што одминуваше времето се повеќе беа ангажирани.

Уште од самиот почеток му стана јасно на Александар Македонски, ученикот на Аристотел, дека азискоатичкото војување не беше само обичен поход, туку и голем настан за цивилизацијата, бидејќи не само што ја воведе античката грчка култура на Исток, туку на античките Грци им ја откри и азиската култура и природа.

am23-2

Неговото војување во исто време беше испитување и откривање на многу нови простори и појави што требаше да најдат свое место во науката. Треба да се каже дека Александар Македонски немаше претходна концепција каков ќе биде неговиот успех. Несомнено, тоа беше случај само во текот на неговото победничко напредување кога овие цели добија повеќе определена и стабилна форма.

Персиската империја, против која Филип Македонски го започна нападот, а сега Александар Македонски ја започна војната, ја загуби виталната сила што ја имаше кога беше на власт Дариј I. Ho, сепак таа не беше обесхрабрена и внатрешно расцепкана како неколку децении порано, кога дојде речиси до нејзино распарчување, поради востанијата  на амбициозните  намесници  и  вазали, како и поради востанието во значајни места на Египет и Кипар.

Енергичниот Артаксеркс III (Охус), со совладувањето на овие опасности, а особено со повторното освојување на Египет, чиј успех беше постигнат главно со помошта и учеството на античките грчки офицери и наемници, уште повеќе ја зајакна државата која стана една од светските империи и сам им се противстави на античките Македонци.

Во пролетта на 336 година, кога Филип испрати извидница преку Дарданелите, Арс, кој по смртта на својот татко Охус (338) го презеде престолот со помош на Багоа, беше се уште владетел. Но брзо потоа, можеби во мај 336 година, Багоа го отстрани Арс и го постави на престолот Кодоман, принцот од лозата на Ахеменидите, кои брзо го отруја за да добијат поголеми слободи.

Овој Дариј III, како што самиот се нарекуваше, беше несреќен владетел на чии плеќи падна задачата да го штити кралството од Александар Македонски. Се знае за неговата голема храброст што во младоста ја покажа во борбата со Кадусијаните.

Меѓутоа, во решавачкиот момент на Ис и Гавгамела, кога го виде надворешниот изглед на суперменот Александар Македонски, го фати силна паника при што ја сврте колата назад и ги остави сами своите храбри луѓе да се борат на бојното поле и да загинат. Тој во голема мера лично е одговорен за пропаѓањето на својата империја.

Војската што Филип Македонски ја испрати во Мала Азија под команда на Парменион и Атал, по првиот победоносен настап беше принудена на повлекување кон Дарданелите. Според некои неадекватни извори, пак, се вели дека единствено Парменион, кој прво напаѓаше од Ефес кон Магнезија, беше поразен од Мемнон, одличниот генерал на Големиот крал, кој го присили да се повлече кон север и да се врати кон Дарданелите, така што античките Македонци ги задржаа само Абуд и Роетеум на тројанскиот морски брег.

Иако убиството на Филип Македонски и трагичниот пад на Атал имаа парализаторско и уништувачко влијание врз нападите, може да се заклучи дека Мемнон се покажа како подобар генерал од Парменион. Александар Македонски можеше да биде задоволен со резултатот кој му обезбеди мостобран за преминување во Азија и значаен пресврт во ослободувањето на тамошните градови. Затоа, Александар Македонски не издаде наредба за втор напад, туку есента 335 година го повика Парменион во Пела за да му помогне при вооружувањето на војската.

Така Александар Македонски, во споредба со другите команданти, му даде повисока позиција на Парменион, кој тогаш беше на околу шеесетгодишна возраст и ја имаше докажано својата способност во многу битки во времето на Филип Македонски. He го назначи Парменион за постојан командант на одделна дивизија, туку го држеше до себе без да му даде некоја посебна команда.

Сепак не треба да го опишеме Парменион како „шеф на персоналот на Александар", или како „негов Молтке". Понекогаш пред важни одлуки, заради брзо разгледување на ситуацијата, Александар Македонски свикуваше воен совет на офицери или другари кои лично беа поврзани со него, но никогаш немаше редовен генералски персонал во современа смисла на зборот. Парменион беше негов Молтке.

am23-3
Филип и Пармениот

За стратешките прашања Александар Македонски не дозволуваше внимателниот Парменион да му врши влијание. Тој очигледно имаше голема доверба во Парменион како тактичар, бидејќи во три битки во Азија му дозволи да командува со дефанзивното крило, а тој командуваше со офанзивното крило.

Колку ѝ беше верен стариот генерал на кралската куќа, покажа во Мала Азија, каде што како покорност на наредбата на Александар дозволи да му се суди на Атал, кому тој му беше зет, веднаш по откривањето на Аталовото предавство.

Исто така, беше загрижен за династијата, за која тој и Антипатер го советуваа Александар да не преминува во Азија се додека не се ожени и да има наследник за престолот. Може да се сфати колку Александар Македонски страстно копнееше да започне голема војна, и затоа го одби овој совет.

Но, загриженоста на овие генерали не беше неоправдана, бидејќи, доколку се случеше Александар да загине, тогаш неговиот син од законскиот македонски брак ќе беше готов да го земе престолот, а судбината на неговата светска империја веројатно ќе беше поинаква.

am23-4

Најпосле сите подготовки за војна завршија и нападот започна во раната пролет на 334 година. Александар Македонски ја поведе својата војска од Амфипол долж античко македонскиот морски брег до Хелеспонт, каде што стигна до Сестон во Херсонес.

Имаше среќа бидејќи Персијците не мислеа да го спречат неговото преминување со својата огромна флота, пропуст кој беше голема грешка. Така со помош на 160 триреми и трговски бродови направени за оваа намена, без борба, војската беше префрлена од другата страна на брегот во Абид.

Додека оваа задача му ја препушти на Парменион, Александар беше поттикнат од романтичните чувства да го посети светото место Илијад. Придружен од пријатели и мал број пешаци, отиде до јужниот рид на Херсонес, каде се наоѓаше гробот на Протесилај, кој според легендата беше првиот од луѓето на Агамемнон, убиен при истоварувањето на азискиот брег. Александар му принесе жртва на Агамемнон со цел и тој самиот да има поголема среќа при истоварувањето.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

По Првата светска војна (1914 - 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември...

Иселеници

News image

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаково

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаков...

Култура и туризам

News image

Улогата на МПЦ-ОА во Преспа

Македонската православна црква одиграла значајна улога во Преспа. Христијанското население од етничк...

Фељтон

News image

Александар Македонски (33)

Co сигурност е потврдено дека Александар Македонски го префрли во Александрија пазар...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.