Среда, 21 Март 2018   
Александар Македонски (24)

am24-1

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК - ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ

Кога командниот брод на Александар Македонски премина на тројанскиот брег, во центарот на Дарданелите им принесе жртви на боговите на морето, Посејдон, Амфитрит и Нереид. Кога дојде блиску до брегот скокна сосе оклоп, го забоде копјето во песокливата плажа и извика дека ја добил Азија од боговите како „земја добиена со копје".

Ова симболично присвојување на непријателска земја е направено и од Клитарх, но тоа е многу карактеристично и за однесувањето на Александар Македонски што може да се смета како историско. Наведувањето, меѓутоа, на неговиот извик се засновува врз извор премногу сомнителен за да ги оправда претпоставките за големината на неговите воени планови од тоа време.

Потоа Александар Македонски отиде во Илиум и со ентузијазам ги обнови сеќавањата за Тројанската војна. И го посвети својот штит на Атина и наместо својот зеде еден свет штит божем од времето на херојските години и на олтарот од Зевс Херкеј принесе жртва на Пријам, кој според легендата беше убиен од Неоптолем, синот на Ахил.

Така, како наследник на Ахил, Александар Македонски сакаше да ја ублажи болката на Пријам. Во рамнината под ридот Александар и неговиот пријател Хефестион положија венци на насипот со кој претпоставуваа дека се покриени останките на Ахил и Патрокле. Оваа екскурзија до Илиум овозможува длабоко да се проникне во романтичната душа на младиот крал.

Откако повторно се соедини со својата војска, која во меѓувреме Парменион целосно ја префрли од другата страна на морскиот брег, Александар тргна напред, извидувајќи ја внимателно земјата каде поминува, за да се сретне со непријателот, кој, како што беше информиран, ги беше концентрирал своите воени сили недалеку од Зелеија, јужно од Мраморното Mope.

am24-2

По наредба на Големиот крал, кој сé уште немаше вистинска претстава за опасноста што му се закануваше од Александар Македонски, намесниците и генералите веднаш загрижени ги собраа своите воени трупи од земјите на оваа страна на планината Таурус и му се придружија на Мемнон и на неговата војска.

На воениот совет во Зелеија, Мемнон веднаш предложи алтернативен план за битката. Да се повлечат во внатрешноста и со опустошување на населбите и со уништување на жетвата целосно да го ограничат Александар Македонски и да го натераат да се повлече назад, а во меѓувреме со помош на флотата да ја пренесат војната во Европа.

Овој вешт план, кој покажува длабоко проникнување во критичната ситуација на Александар Македонски, што би го ставил во положба слична на онаа на Наполеон во Русија, не беше прифатен, бидејќи беше предложен од еден странец, па затоа гордите Персијци најжестоко му се противставија. Поттикнати од чувството на супериорност, Персијците решија да го натераат Александар на битка на прагот на Азија.

Сепак тие беа доволно свесни дека не треба да го сретнат Александар Македонски на отворено поле, односно сакаа да го избегнат неговиот фронтален напад. На тој начин, тие отидоа на запад до долниот тек на реката Граник, планинска река која се спушта од Ида и се влева во Мраморно Mope и зазедоа позиција на десниот јужен брег.

Таму реката минува низ рамнина, а јужните брегови се издигаат на места стрмно дури и по два-три метра. Co очигледна грешка во тактиката, Персијците ја поставија својата коњица (според Аријан таа броеше 20.000) пред стрмните брегови, од каде не можеше да напаѓа, a пешадијата од античките грчки наемници (исто така 20.000, според истиот автор) ја поставија на извесно растојание зад коњицата.

am24-3

Кога Александар со своите колони во маршевски строј пристигна од северозапад, го разгледа местото за војување и реши да ја искористи грешката на непријателот и да го изненади со еден брз напад. Внимателниот Парменион му советуваше на Александар Македонски вечерта да се улогорат и да нападнат рано изутрина, но Александар го отфрли советот и им нареди на своите единици кои беа искусни во маневрирањето да формираат борбена линија.

Првпат Александар Македонски тука го примени „кос борбениот строј", што неговиот татко го позајми и го разви според идејата на Епаминонда. Ја подели својата војска во офанзивно крило десно командувано од него лично и дефанзивно крило на левата страна, чија команда му ја довери на Парменион.

Во наредните две големи битки на Ис и Гавгамела ја употреби истата тактика, меѓутоа во секоја од овие три битки ги покажа особеностите кои одговараа на локалните услови, бидејќи Александар не признаваше шаблони во војувањето.

Основната цел на сите три битки беше, со непопустлив напад на античката македонска коњица на десната страна да го пробие левото крило на непријателот. Потоа, завртувајќи налево да ја обиколи непријателската линија, додека полковите на фалангата, кои беа сместени во центарот, а заштитени со коњица од левата страна, требаше да се судри со непријателот и да го поврзе него со помош на коњицата.

Посебна карактеристика на битката на Граник беше таа што Александар Македонски не го нападна крајното лево крило на непријателот, каде што беше Мемнон и каде што, во очекување на Александар Македонски, Персијците ги поставија своите борбени линии во многу густ строј. Александар Македонски ги построи лесните единици од пешаци и ескадронот на тешка коњица да нападнат и да го задржат непријателот, додека тој на чело на своите кралски следбеници бараше место за напад понапред и лево од центарот.

Co звуци на труба и бојни извици, луѓето на Александар Македонски јуришнаа кон реката, која беше надојдена, бидејќи беше мај. На другата страна од стрмниот брег, силната коњица беше ангажирана на широк фронт.

am24-4
Битката на Граник

Понатаму кон лево неговите други единици постепено го освојуваа спротивниот брег и така започна борбата. Битката беснееше најмногу околу Александар Македонски кој се бореше со неколку персиски дворјани, меѓу кои беше и Митридат, зетот на Дариj, кому му зададе смртен убод.

Додека сé уште се бореше со Роесак, Александар Македонски беше во најголема опасност кога Спитридат, намесникот на Лидија и Ијонија, се приближи кон него одназад со крената крива сабја и тргна да го убие. Животот му госпаси Клит, синот на Дропид, командантот на кралскиот полк, кој го прекина налетот на војската на Спитридат, или како што вели Плутарх, Клит го прегази непријателот.

Страшна е помислата колку поинаков ќе беше текот на светската историја ако Клит не го употребеше мечот во критичниот момент, а ако Александар загинеше на прагот од својата слава. Меѓутоа, грешат оние што сакаат да го лишат Александар Македонски од титулата еден од најголемите генерали на светот, бидејќи и овојпат, а и подоцна, тој храбро се вклучуваше во вистинските борби.

Во „косиот борбен строј" местото на командантот беше на чело на офанзивното крило. Решавачка измена на нападот спрема центарот можеше да се случи во текот на битката, Во тоа време немаше резервна војска која во модерната стратегија го принудува генералот да остане зад борбената линија, со цел да ја уфрли во вистински момент.

Кога Александар Македонски победоносно ја проби борбената линија со своите кралски следбеници и тргнувајќи лево напаѓаше кон центарот, персиската коњица почна да бега. По преминувањето на реката, Парменион успешно го одби непријателскиот напад во кој тесалискиот коњ ја реши битката. Поразот на левата страна ги принуди персиските воени единици да отстапат и бегањето да им стане главна цел.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.