Среда, 28 Март 2018   
Александар Македонски (25)

am25-1

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА

Александар Македонски започна да го прогонува непријателот по целата линија, како и на неговиот татко така и неговата цел беше целосно уништување на непријателот. Им дојде зад грб на античките грчки наемници, кои беа сведоци на несфатливата тактика на персиските дворјани.

Александар Македонски и нареди на својата фаланга да нападне фронтално, додека коњицата нападна отстрана, со што овие антички грчки единици беа целосно уништени, со исклучок на околу 2.000 преживеани. Тоа спречи еден дел од коњицата да учествува во натамошното прогонување на непријателот.

Така, по неколку часа на едно попладне во мај 334 година, беше извојувана голема победа, пред сé, како резултат на генијалната стратешка подготвеност на Александар Македонски, како и на супериорната вооруженост на единиците. Како што раскажува добро информираниот Аријан, во решавачката коњичка битка античкото македонско фрлање на копје се покажа подобро од персиското.

Ова фрлање на копјата беше ужасно, бидејќи Античките Македонци под команда на Александар Македонски ги погодуваа своите цели што е можно повеќе, а ваквата супериорност на оружјето ја поттикнуваше коњицата да победува.

Загубите на кралските следбеници беа сосем мали и изнесуваа само 25 души од полкот што беше испратен да се бори против Мемнон, додека другата коњица даде околу 60, а пешадијата околу 30 жртви. Вака малите загуби звучат сомнително, но кон тоа мора да се додадат ранетите од кои голем број умреа.

Александар Македонски му нареди на скулпторот Лисип да направи статуи за тие 25 кралски следбеници, кои беа поставени во Дион во Македонија, а нивните семејства беа ослободени од плаќање данок. Кај Персијците веројатно мнозина настрадаа, а особено загинаа многумина нивни водачи.

На денот по битката Александар Македонски направи свечен погреб не само за своите луѓе, туку и за Персијците. Тој покажа човечност и големо внимание спрема ранетите. Ги повика пред себе да му ги покажат раните и да му раскажат како ги добиле. Им посвети големо внимание дури и кога тие покажуваа извесна суетност. Оттука може да се сфати со каков ентузијазам војската се жртвуваше за таков водач.

am25-2
Битката кај Граник

Co итра дипломатија што ја стекна во неодамнешните незгоди во Атничка Грција, Александар Македонски со способност на генералисимус од панелинистичката војна за одмазда, оваа победа на Граник ја обнароди во светот како победа на Коринтската лига.

Ова е значењето на посветениот напис што беше изгравиран по негова наредба на триста персиски оклопи што ги испрати во Атина за да бидат приложени како жртви за доброто на Акропол, а на кои пишуваше: „Александар Македонски, синот на Филип Македонски, и сите Елини, но не и Лакедемонијанците, го присвоија ова од варварите кои ја населуваат Азија".

Немаше ниту збор за неговите Македонци.  A од античките грчки контингенти беше ангажирана само коњицата. Исто така, значајно е што Александар Македонски не се опишува сам како крал, a co јазикот на панелинистичката пропаганда, Персијците ги нарече варвари.

На ист начин, со намера да се почитува Лигата и ставајќи се себеси во положба на избран генералисимус, заробените антички грчки наемници ги испрати во окови на принудна работа во Македонија, затоа што „спротивно на одлуката на Лигата на Елините, тие се бореа за варварите, а против Елините".

Дворскиот историчар Калистен го прослави Граник како панелинистичка победа. Кога вели дека бербата се водела на Адрастеанското поле, a во објаснување на името го спомнува и стариот крал Адраст, кој направи култ од Немас во овој регион, тој веројатно гледа божественост во фактот што Александар Македонски победи овде како „одмаздник" на Античка Грција.

Александар Македонски не отиде да војува единствено како генерал на Лигата, туку исто така и како крал чии цели беа да освои територии засебе. Несомнено, точно беше пренесена идејата со приказната на Клитарх, кога Александар Македонски го фрлил копјето пред себе при истоварувањето на азискиот брег.

Од моментот кога стапи на азискоатичката почва, како што покажаа неговите натамошни акции, тој ја сметаше како „земја освоена со своето копје". Во таа смисла Дијадохите го употребија истиот израз за да го потврдат незаконското постоење на своите освојувачи.

Несомнено, како генерал на Лигата, на Александар Македонски прва должност му беше да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сé што беше надвор од овие градови и нивните територии, тој покори за себе. Александар не дојде како опустошувач, туку како иден владетел и во покорениот народ виде свои поданици.

Тој имаше желба да ги смири народите со новата власт, но притоа ги зеде предвид нивните национални традиции, онолку колку што можеше да дозволи неговата империја, при што во новите услови тие требаше да бидат мирољубиви.

Веднаш по навлегувањето во новата земја, Александар Македонски започна да владее како нејзин нов крал. По битката на Граник ја организира администрацијата во намесништво на Хелеспонтинската Фригија, чиј намесник Арсит избега по борбата.

Наместо него го наименува античкиот македонски благородник Кала. Беше најинтересно, а можеби и многу изненадувачко за неговите антички Македонци, што тој не му даде на Кала македонска титула, туку му даде стара персиска татула намесник (Ксатрапаван - заштитник на државата) на што населението беше навикнато во минатиот период.

am25-3

Co титулата, Кала доби исто толку функции колку и Арсит. Александар Македонски не направи ниту една измена со своите барања од новите поданици, истиот данок што тие дотогаш му го плаќаа на Големиот крал, сега требаше да му го плаќаат на новиот господар. Веднаш го натера Парменион да го заземе местото во владата на намесништвото Дасцилиум. Така Александар Македонски му се вмеша во правата на Големиот крал, чија круна подоцна ја зеде засебе.

Овие мерки, со кои Александар Македонски не ги спои новите освоени земји со своето античко Македонско кралство, туку ги остави настрана, независни, ни покажуваат дека покрај тоа што може да се формира точна претстава за неговите планови и надежи, туку не пројави ни најмала намера за заокружување на своето македонско кралство.

Непосредниот ефект од победата на Граник се состоеше во тоа што соседните делови на западна Мала Азија паднаа во рацете на Александар Македонски без борба. Кога дојде во Сард, седиштето на владата на лидијанското намесништво, му се предадоа не само градот туку и тврдината која беше неосвоива заедно со големото богатство, каде што за командант постави антички Македонец. Исто така, Александар Македонски им покажа дека тука не дошол да ги зароби туку да ги ослободи и со почит гледаше кон нивните национални карактеристики.

На Лидијците, луѓе од старата цивилизација, кои ја поттикнаа античката грчка култура особено во религијата и музиката, Александар Македонски им ги врати старите лидијски закони што владееја пред да бидат покорени од Персија. Тој, исто така, покажа дека дошол да ја воведе античката грчка култура на Исток, затоа во тврдината на Сард изгради храм и олтар посветен на олимпиецот Зевс, панелинистичкиот бог.

Откако го именува Македонецот Асандер за намесник на Лидија, Александар Македонски му ја довери финансиската контрола на еден свој офицер, потоа дојде до брегот во Ефес и според својата панелинистичка задача започна да ги ослободува античките грчки градови. Од Ефес со голем број единици ги освои аеолијанските и северните јонски градови, а на југ Магнезија со Трал на Меандер кои ја изразија својата приврзаност кон кралот.

Александар Македонски насекаде ги исфрли олигархиите, а воспостави демократија со нивните поранешни закони. Тоа го направи овде и насекаде како противмерка на персиската влада која постојано ги фаворизираше олигархиите.

am25-4

Притоа, плаќањето данок на Персија од страна на античките грчки градови беше укинато. Насекаде ослободувањето од персиската власт беше поздравено со одушевување, а Александар Македонски се прославуваше како ослободител. Преку пренесувањето на правото на имот на античките народи од Мала Азија според Кралскиот мир,

Персиската империја доби многу економски предности, бидејќи овие антички Грци имаа подобри материјални услови од слободните античките народи во татковината кои се судруваа со крвави караници.

Инаку, во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме преку „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор пред референдумот

Владев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред реф...

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.