Сабота, 28 Април 2018   
Александар Македонски (29)

aleksandar1

ПОБЕДОНОСНАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАЈ ИС

Главните единици од коњицата на Александар Македонски беа поставени десно од античките грчки наемници на левиот брег на реката Пинар, кој беше рамен, а матицата на реката формираше тешка препрека на погодната почва за ангажирање на коњицата дури до морето.

Преостанатите единици беа повлечени во длабоки формации зад овој фронт и построени според нивната националност. На левото крило на стрмнините на Аман, Дариј постави напред еден корпус, кој доколку беше возможно требаше да го зафати Александар Македонски од зад грб. Тој самиот беше во величествена кола во центарот зад античките грчки наемници.

Пред битката Александар Македонски тајно ја помести тесалиската коњица од десното крило зад фронтот кон лево, правејќи, всушност, ист распоред како на Граник. Единствена разлика беше тоа што требаше да се сретнат со корпусите на падините каде што остави неколку единици на десниот агол до своето десно крило.

Но, кога корпусите бегаа кон ридот пред дождот од стрели, овие единици беа веднаш готови да се вратат назад на фронтот. Како и на Граник Александар Македонски командуваше со десното, а Парменион со левото крило. На Парменион му беше дадена стриктна наредба во никој случај да не ја прекине врската со морето. Важноста на оваа положба на морето му беше јасна на Александар Македонски уште вечерта пред Миријандр кога прво ја испланира битката. Потоа им принесе жртва на боговите на морето, а фрли и една кола со четири тркала во брановите како понада на Посејдон.

Така Александар Македонски се потпре врз милоста на боговите и врз својата одлична коњица предводена од Парменион. Повторно мора да се отфрли неверојатниот број Персијци за кои се смета дека божем биле дури до 600.000. Нема сомнение дека војската на Александар Македонски, иако доброволна, беше помногубројна од онаа на Граник, но сепак мораше да се соочи со понадмоќна сила.

Александар Македонски ја започна битката сходно со тактиката на коса формација: ја поведе тешката коњица преку Пинар и го нападна левото крило на непријателот. Co жесток напад го натера непријателот да се повлече, при што доби мала рана на ногата.

Арно ама, во меѓувреме полковите на неговите фалангисти при качувањето на стрмниот брег од реката се преместија и ја прекинаа борбената линија. Наскоро античките грчки наемници од првата линија им се противставија и кога го забележаа ова навлегоа во празнината и започнаа жестока борба на брегот на реката.

2

Се повеќе се распламтуваше борбата во која и античките Грци и античките Македонци беа исполнети со амбиции да ја покажат својата супериорност над респектираниот непријател. Силната антипатија што постоеше меѓу двата народа дојде до израз во оваа битка. Македонците кои беа тешко притиснати од непријателот добија помош не само од соседната фаланга туку и од Александар Македонски, кој по совладувањето на левото крило на Персијците изведе решавачки маневри и брзо го нападна центарот.

Всушност, Александар Македонски ја реши битката. Веднаш штом Дариј го виде брзиот напад на Александар Македонски, ја сврте својата кола кон север и панично избега. Тоа е претставениот момент со драматичното преувеличување на Клитарх во познатиот мозаик на Помпеј во „Куќата на паунот".

Александар Македонски имаше голема желба да го зароби Големиот крал, но не можеше да мисли на гонење, зашто поважна му беше борбата против античките грчки наемници, a пред се‘ беше зафатен со коњицата на левото крило која требаше да ја реши битката. Во почетокот бројно посупериорната персиска коњица на левата страна го премина Пинар и жестоко нападна на тесалиските и пелопонеските коњаници што ги командуваше  Парменион, кои наскоро се соочија со серозни тешкотии.

Мошне беше важно овде да не се направи пробив на борбената линија, бидејќи во таков случај позицијата на Александар Македонски би можела да се измени. Текот на битката во центарот и покрај морето покажа колку повеќе Александар Македонски беше во опасност овде кај Ис, отколку на Граник.

Должноста на коњицата беше да дејствува на двете страни со најголема брзина. Тогаш персиските коњаници слушнаа дека нивниот крал избегал и дека ги оставил на цедило. Ги свртеа своите коњи, арно ама гонети од Тесалијците, паднаа во стапица при повлекувањето, така што се најдоа во општата положба на целата персиска војска.

3

Битката кај Ис

Веднаш штом Персијците почнаа да бегаат, Александар Македонски ги гонеше со надеж дека сé уште ќе го фати Дариј. Меѓутоа Дариј веднаш беше ја заменил колата за коњ, ја исфрлил кралската маска и избегал, оставајќи ги зад себе штитот и лакот. Неговото бегство предизвика огромни загуби за Персијците, бидејќи северно од Аман борбената линија се повеќе се приближуваше до морето и така оставаше тесен премин низ кој поминуваа војските кои бегаа.

Птолемеј кој јаваше зад Александар Македонски пренесува дека во бегството тие јавале преку клисурата која била исполнета со непријателски корпуси. Кога падна мракот Александар Македонски го прекина гонењето и се врати на реката Пинар. Овде, персискиот кралски логор со сиот свој ориенталски раскош падна во рацете на победникот.

Највредната добивка беше кралското семејство - мајката и жената на Дариј со нејзините три деца - кои како заложници можеа да бидат од голема вредност. Истата ноќ, кога тие го жалеа Дариј мислејќи дека е мртов, Александар Македонски ги извести оти тој е жив.

Тоа, впрочем, не беше вообичаена дипломатска игра, која го натера да се однесува со почит кон оваа жена како спрема кралица, бидејќи и по смртта на Дариј тој се однесуваше на ист начин како кон мајка која го спасила. Но, подобро е овде да го разгледаме витештвото што беше типична особина на Александровиот карактер.

Александар Македонски отиде толку далеку со своето почитување кон мајката на Дариј, што дури и не ја зауши кралската сопруга Статеира, која што во тоа време ја сметаа за најубава жена во Азија.

a

aa

Големиот крал Дариј и неговото бегство

Така, на почетокот од ноември 333 година, огромната војска на Големиот крал беше победена и разединета, а тој самиот прогонет. Само 8.000 антички грчки наемници побегнаа преку планините. Веста за возбудливиот настан се пренесе низ целиот антички свет, при што исходот од битката беше пречекан со голема возбуда.

Сите непријателски расположени елементи се надеваа на персиската победа, а најмногу Демостен, кој по добивањето на писмата од Исток триумфално ја обиколуваше Атина, објавувајќи дека Александар е отсечен од Киликија и дека наскоро ќе биде уништен од персиската коњица.

Оние, пак, што беа пријателски расположени спрема античките Македонци беа многу загрижени. Потоа, веста за брилијантната победа на Александар Македонски одекна како гром од ведро небо, предизвикувајќи веселба на бојното поле, а потиштеност во Античка Грција.

Чувствата на пратениците на федералниот совет на Коринтската лига мора да биле многу различни кога на наредниот редовен состанок за Истмијанските игри во 332 година, решија на Александар Македонски да му испратат златен венец преку амбасадорот, со цел да му ја честитаат победата и да му заблагодарат за она што го направи за спасувањето и слободата на античка Елада.

Веста за победата ги скрши персиските адмирали во Егејот и сите изгледи за нивна соработка со античките Грци исчезнаа засекогаш. Тие штотуку започнаа да се договараат со Агис, спартанскиот крал, на островот Сифнос, но кога пристигна приливот и одливот, веднаш се разотидоа.

Фарнабас брзаше кон Киос за да го заштити од победникот по дознавањето на веста. Агис, меѓутоа, не го напушти својот план за водење војна, туку позајми триесет таланти и десет триреми од Персијците, со цел да го присвои Крит за свои цели.

Победата кај Ис предизвика многу измени и кај самиот Александар Македонски. Додека по битката на Граник силно ја изразуваше својата хегемонија во Еленистичката лига, сега тој првпат јавно го побара владетелството над целата персиска империја. He ce знае дали оваа голема амбиција не беше била присутна кај него од порано.

Може да се претпостави дека веројатно пророштвото од Гордион, кое му вети суверенитет над Азија, му ги определи мислите, а таа намера не му беше целосно чиста се до Ис кога лично го порази Големиот крал.

Продолжува


Slave Nikolovski - Katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.