Среда, 30 Мај 2018   
Александар Македонски (34)

am34-1

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВО ОАЗАТА СИВА ВО ЕГИПЕТ

Античките колонии на соседниот град Кирен во тоа време имаа трговски врски со оазата која беше многу богата со урми. Тие беа првите кои го идентификуваа Амон со нивниот Зевс, а овој Амон беше како гранка на Амон од Теба и Горен Египет. Тие беа први кои го ставија на своите ковани пари ликот на Зевс со рогови на овен свиткани околу ушите, исто онака како што имаше Амон. Од Кирен верувањето во пророштвото се рашири насекаде во античкиот свет.

Пиндар напиша црковна песна за господ, а подоцнежните податоци покажуваат дека верувањето во пророштвото се зголеми. Co пророш-твото се консултираа Цимон, Лисандер и други. Тоа е посебно истакнато во делото „Птици" од Аристофан, a заедно со Делфи и Додона постојано добиваше повисок ранг. Кратко пред посетата на Александар Македонски и Атињаните изградија во Атина свето место посветено на Амон, кого го боготвореа веќе со децении.

На тој начин може да се разбере зошто Александар, доколку чувствуваше потреба од вистински одговор, ја искористи можноста на својот престој кај морскиот брег на Египет, каде што значително беше поблиску до Бога, да се консултира со пророштвото. Покрај овие примарни мотиви потврдени во изворите, тој со задоволство го прифати ефектот од пророштвото што им одговараше на античките Грци. Co оглед на големата важност на нивната приврзаност кон пророштвото, Александровата претприемчивост во овој случај наиде на религиозно одобрување во нивните очи.

Калистен, неговиот дворски историчар кој го придружуваше при патувањето во пустината и направи одличен опис за тоа, кажува дека Александар Македонски отишол до Амон не само поради наводната непогрешливост на неговото пророштво туку и затоа што имал амбиции против соперникот Персеј и Херакле кои исто така претходно се консултирале со Господ.

Ако се земе предвид колку Александар Македонски јасно ги сфати сродните односи со своите херојски прадедовци од својата раса, оваа изјава е веродостојна и одговара на сликата што треба да ја направиме за него.

Тој можеби го пренел овој мотив во официјална прокламација на своите пријатели и единици што го придружуваа, со цел да го поттикне нивниот морал за да ги издржат претстојните маки во маршот низ пустината.

am34-2

Кога Александар тргна кон запад од местото Ракот по должината на морскиот брег, ги сретна амбасадорите на Кирен, кои му изразија почит од нивниот град. Тие му донесоа вредни подароци и го поканија да го посети Кирен и неговите потчинети градови. Според изворите, едноставно се потврдува дека Александар Македонски склучил сојуз и пријателство со Киренците.

Може само да се претпостави колку бил задоволен со ова неочекувано признание на неговата моќ и колку безволните очи на завојувачот се завртеа кон запад, каде што со приклучувањето на киреничкото подрачје неговиот простор се прошири до Сиртите и до границите на Картагенската империја.

Кога втаса до Параетониум сврте кон југозапад по стариот каравански пат што води кон оазата и патуваше околу дванаесет дена. Овде неговите Македонци првпат се запознаа со стапиците и опасностите што се случуваа при патување во пустина. Бидејќи порано повлекувањето на морето кај памфилијанскиот брег и се припишувало на директната интервенција на боговите, така сегашната божја заштита беше потврдена со дождот што заврна, зашто се намали количеството на вода што ја носеа во кожи на грбовите од камили.

По неколку дена јужната песочна бура и топлиот пустински ветар таканаречен симун го затрупа патот со големо количество песок. Тогаш водичите информираа дека два гаврана гракаат и летаат пред нив. Александар Македонски нареди да се следат гавраните, верувајќи дека Господ ги испратил за да им го покажат патот во знак на милост кон посетата.

am34-3
Александар Македонски во Сива

Овие прикаски се сметаа дека се литературни украсувања или инвенција на Калистен. Но, во сето тоа се гледа високото религиозно чувство на ациите, што се јавува поради ужасот во пустината и поради опасноста од смрт која ги претвора природните појави во натприродни чуда.

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може точно да се лоцира местото на цитаделата.

 Од тој храм е зачувана големата порта на предната колонада, крунисана со египетски лак кој лежи во храмот на свештениците зад гробиштата. Исто така е зачувано и внатрешното свето место и неколку декорирани ѕидови со релјеф и хиероглифски натписи.

Ќалистен во своето раскажување за посетата на Александар Македонски вели дека давањето на пророчки одговори било вообичаен ритуал. Ова е потврдено со ритуалот во храмот на Амон во Теба, а храмот во оазата беше само дел од тој храм. Според Калистен, одговорот на пророкот не беше даден како во Делфи и Бранхида.

Идолот на Богот во форма на курбан беше носен во дворот околу храмот во канџи на плеќите на свештениците во свечена процесија, придружена од распеани девојки и матрони (стари немажени девојки). Неговата желба беше изразена преку идолот, носен од свештеници кои се вртеа „мавтајќи" со главата и пеејќи.

Главниот свештеник како олицетворение на пророкот ги објасни овие сигнали како прифаќање или одбивање, како последица несомнено на примитивни традиции, a потоа го најави консултантот.

Човек би.можел да претпостави дека возбудата на свештениците беше како онаа од вознемирениот рид на мравките, кога од височината на Агхурми во далечината видоа дотогаш невиден караван кој доаѓа со болскотливо оружје, a ce рашири веста дека доаѓа новиот Египетски крал, бидејќи никогаш порано не се случило фараон да ја посети оазата. Подготовките за свечениот прием мораа да бидат направени многу брзо.

Некои свештеници без двоумење беа испратени да го пречекаат кралот и неговата придружба надвор од влезот и да ги запознаат со својот традиционален церемонијал пред да влезат во храмот. Co оглед на постојаните контакти со античките ации, се претпоставува дека во ова големо свештеничко братство имало доста свештеници кои зборувале антички грчки јазик.

Така им беше најавено на посетителите дека само Александар Македонски како фараон може и без промена на облеката да влезе во храмот на свештениците што беше ограден со трем наречен „Свет на Световите", а неговата придружба откако ќе направи извесни измени во облекувањето што се запишани со церемонијалот. Во меѓувреме, се појави пророкот.

Тој беше еден почитуван стар човек, кој нареди идолот да биде носен од свештениците надвор од „Светот на Световите" во дворот на храмот, тука да го поздрави Египетскиот крал колку што е можно побрзо и тргна лично да го пречека пристигнувањето на кралот.

Кога Александар Македонски со својата свита, раководен од свештениците, побара да се сретне со пророкот, влезе во дворот на храмот, а тој тргна да го прими и му се обрати според египетскиот церемонијал, но секако на антички грчки и го поздрави како „син на Амон" во името на Бога. Само што останаа сами во храмот на свештениците, Александар му постави прашање на пророкот. Потоа поворката со идолот направи како што погоре е опишано, а пророкот го најави одговорот на Господ за кралот во „Светот на Световите".

am34-4
Ра најважниот Бог на сите Богови

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што „тој го слуша, a e во согласност со неговата желба".

Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашања на Бога во своја лична корист. Тие исто така добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвоц, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го зачува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе ѝ ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет над Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПО БОЈКОТОТ има шанси да БИДЕМЕ затоа и ќе БОЈКОТИРАМЕ!

Отец Ивица Тодоров: Бојкот за да нé биде, инаку ќе не снема!

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.