Среда, 06 Јуни 2018   
Александар Македонски (35)

am35-1

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА СРЕДБА СО ПРОРОКОТ ВО ХРАМОТ ВО СИВА

Преку зборовите што Александар Македонски им ги рече на своите пријатели, може несомнено да се заклучи дека тој добил поволен одговор од Бога, а античкиот свет кој веруваше во непогрешливоста на Зевс Амон, може сега веројатно да се заблагодари, бидејќи се што Александар Македонски направи од тогаш правеше во согласност и со благослов на Бога. Дури тоа да беше само ефект, сепак Александар Македонскии претходно беше поздравуван како син на Зевс Амон.

Ова поздравување му беше јасно на пророкот, бидејќи пред себе го имаше Египетскиот крал, а од египетска гледна точка тоа беше исто така признавање на Александар Македонски како крал на оазата. Александар Македонски веќе беше поздравен во храмот на Птах во Мемфис или во други египетски храмови во кои тој влезе како син на посебен Бог.

Но, сомнително е дали овие поздрави длабоко го импресионираа Александар Македонски, дали навистина неговото внимание беше посебно свртено кон овие титули што беа закитени со национални фрази и доделувани на Египќани, потоа дали нивните значења му беа објаснувани.

Во оазата, меѓутоа, поздравувањето кон него како кон син на Господ го прими со големо изненадување и остави длабок впечаток врз него. Александар Македонски за Бог го сметаше Зевс, големиот античко грчки Бог на пророштвото, еднакво умен за него и за неговата придружба, а пророкот при обраќањето кон него го опиша како син на Бога. Тоа значи дека Александар Македонски беше поздравен како син на Зевс. Тоа мора длабоко да навлезе во неговата душа како болскот од светлина и предизвика длабоки емоции.

am35-2
Александар Македонски во храмот на Амон

Тој подоцна се консултира со пророкот, кој го поздрави во своето место и од името на Бога. Во ова Александар виде откровение на Бога, откровение што го прифати како надеж за потврдување на посебната Божја заштита што долго ја чувствуваше како благодарност на божјата сила што ја имаше во себе и што го поведе кон големи успеси. Тој се повеќе веруваше во ова, бидејќи според античката концепција натчовечките подвизи го воздигнуваат човекот во божјата сфера.

Во текот на целиот свој живот Александар Македонски беше проникнат со ова мистично верување дека е син на Зевс Амон. Поради тоа тој се откажа од својот татко Филип Македонски како што и секој фараон се откажуваше од својот роден татко, бидејќи во исто време тој беше син на Ра, како и на други богови. Во гоа време мистицизмот и реалноста одеа паралелно.

До крајот на животот Александар Македонски послушно го признаваше Филип Македонски како свој татко, меѓутоа неговата политика отстапуваше од онаа на Филип Македонски. Од друга страна, пак, колку длабоко се оддалечи со свите божествени права како син на Бога е прикажано со тоа што подоцна одлучи да биде погребан во оазата близу до својот татко Амон.

Освен тоа Александар Македонски никогаш не мислеше да направи политички култ од себе како син на Зевс. Ниту пак се слушна во многу нецелосната традиција дека тој презел чекори да ги пропагира или да ги прогласува своите божествени права што можеше да ги ужива како син на Бога. Во дадениот момент, веста за оваа сензационална случка наскоро се прошири нашироко и надалеку.

Пред да го напушти Египет, го посетија амбасадорите од Милет и го известија дека светиот извор во храмот Дидима, што се исуши во времето на Ксеркс, повторно протече и дека пророштвото го потврди Александар Македонски како син на Зевс, а и Сибил од Еритра исто така го призна како таков. Можнр е, но не и неочекувано, Александар Македонски да се интересирал брзо да се рашири оваа вест, но нема никакви докази за вакви постапки.

Ниту пак кажувањето на Калистен, каде што случајот беше јасно опишан, ја објаснува брзината со која се рашири веста, бидејќи тоа не беше објавено до 330 година. Тоа е сфатливо, зашто пријателите и придружниците беа сведоци на поздравот испратен дома во писмото до својата мајка.

am35-3
Богот Амон, Александар Македонски

Така, не случајно првото ехо од веста втаса од Јонија. Како ослободител од персискиот јарем Александар Македонски беше повеќе популарен во Јонија отколку во Елада, а Јонците порано му посветија божествена чест на Лисандер.

Мора да се нагласи дека надвор од Египет оваа идеја на Александровите Божествени права како син на Бога имаше ефект само во античкиот грчки свет, кој во Зевс Амон почитуваше највисоко божјо пророштво, но не и меѓу Македонците кои се однесуваа сосема туѓо и непријателски кон вакви идеи.

Освен блиските пријатели во свитата на Александар Македонски, ниту еден меѓу Азијатите не знаеше ништо за Амон. Па дури и во античкиот грчки свет имаше традиција да се остави секој сам да реши кои божествени права ќе ги земе како син на Бога.

Иако пророкот тајно се задржа со Александар Македонски, по извесно време Клитарх бесрамно им пренесе на своите читатели детали во врска со прашањата што Александар му ги постави на пророкот. Прво тој прашал дали Бог би му овозможил доминација над.светот и дали ги казнил сите убијци на Филип Македонски-неговиот татко. Подоцна авторите во поголема мера се фаќаа за овие очигледни измислици, а многу луѓе дури и денес веруваат во тоа. Тие се забележани од Плутарх.

Инаку, многу фантазија е внесена за настаните во оазата. Бидејќи меѓу античките Елини божјото право како син на Бога привлекло поголемо внимание отколку пророштвото, беше пренесено дека Алексан-дар отишол кај Амон за да добие признание како негов син.

Против тоа беше Клитарх кој го воведе во литературата овој фалсификат на историјата, со што непредвидената случка стана цел на патувањето. Дури беа измислени прикаски дека Александар испратил гласници да бараат од свештениците да го признаат како син на Амон!

Објаснувањето на патувањето на Александар Македонски за да го побара божјото право како син на Бога не само што имаше најширока распространетост во антиката, туку доминира и кај современиците. Од оваа премиса се извлечени најразлични заклучоци. Констатирано е дека дури и во раната младост Александар Македонски имал за цел да добие божји почести, или се тоа само политичките мотиви што му се препишуваат, a ce мисли дека отиде во оазата да обезбеди една друга потврда за своето сродство со античките Грци и античките Македонци. Ова се сложува со она во премисата.

Од друга страна, пак, напорот на античките Елини да се претстави идејата за божјето право како син на Бога во рационалистички начин, води кон прикаската дека Амон преку некоја света змија имал лични врски со Олимпија. Некои пак знаеја дека Олимпија му ја признала оваа врска на својот маж Филип Македонски, поради што тој ја отфрлил како прељубница.

Така, во текот на времето во голема мера се преувеличуваа легендите, митовите и фантастичните измислици од патувањето на Александар Македонски до оазата, со што ги прикриваа вистинските факти.

На враќањето од оазата Александар Македонски тргна право кон Мемфис, следејќи го патот во пустината до Гара и Могхара за што му беа потребни осумнаесет дена. Во Мемфис го пречекаа многу амбасадори од Античка Грција, а тој беше расположен и ги прими со милост. Од Антипатер дојдоа 400 нови антички грчки наемници и 500 тракиски коњаници. Потоа Александар Македонски му приложи жртва на Зевс и повторно направи свечена поворка со својата вооружена војска, а беше одржано гимнастичко и музичко натпреварување.

Овој Бог не треба да се гледа ни како Бог на оазата, ни како Осерап од Мемфис. Овој крал Зевс не е ништо друго туку чистокрвниот антички Зевс. Важно е дека младиот син на Зевс ја приложи својата прва жртва на античкиот грчки Зевс, а не на некој египетски бог. Откако Александар Македонски се здоби со титулата син на Зевс, неговиот карактер евидентно се измени и под влијание на овие чувства подготви извонреден фестивал во главниот град на Египет што беше посветен на Зевс.

am35-4
Александар Македонски во Сива

Додека Александар Македонски беше таму се покажа како да е вистински Елин со испраќањето на научна експедиција во Судан. Прашањето како да се објаснат поплавите на Нил што започнуваат во лето, предизвика силни дискусии меѓу античките научници, а Аристотел ги поттикна своите ученици да го решат тоа прашање на самото место. Затоа Александар Македонски испрати експедиција од учени луѓе спротиводно на реката Нил со цел да ги испита причините за поплавувањето.

He ce знае колку далеку отишла експедицијата, меѓутоа, се врати со точен одговор дека зголемувањето на нивото на водата на Нил е резултат на летните дождови што паѓаат на планините во Абисинија. Кога Аристотел го слушна резултатот на оваа научна експедиција, триумфално го напиша следново: „Ова повеќе не е проблем". Тука првпат Александар Македонски го гледаме како послушен ученик, кој со ентузијазам се поставува самиот себеси и својата претприемчивост на располагање на науката.

Во организирањето на Египет, што Александар Македонски го направи пред своето заминување, се гледа дека не ја концентрирал администрацијата само на еден намесник. Тој повеќе сакаше децентрализација, веројатно затоа што не сакаше да му верува само на еден човек на држава со вака голема економска важност, сакаше да ја задржи државата од војнички аспект поради нејзините природни граници. И од друг аспект односот на Александар Македонски укажува на посебна карактеристика.

Тоа претходно го покажа во Карија со поставувањето на власт на Ада, со што изрази почит кон националните чувства на покорениот народ. Слично и во Египет постави двајца од месното население на чело на цивилната администрација на Горен и Долен Египет, западните и источните гранични подрачја на Дблта, Либија и Арабија (во близината на Херунпол), им ги додели на Аполон од Античка Грција и на Клеомен од Наукрат.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.