Среда, 25 Јули 2018   
Александар Македонски (42)

am42-1

АЛЕКСАНДААР МАКЕДОНСКИ И НЕГОВАТА ЉУБОВ РОКСАНА

Бес го изгуби престижот, се повлече без борба и наскоро падна во рацете на Александар Македонски. Неговите единици се разбегаа и се предадоа, а Бес напуштен од своите следбеници, меѓу кои и од Спитамен Согдијанецот, беше лесно фатен од Птолемеј, последниот крал на Египет, кој беше вклучен во брзите единици за ваков вид борба.

Александар Македонски го најде Бес во улога на Големиот крал, го казни за големото предавство и подоцна го уби во Бактрија. На персиски начин, на кој Дариј I пред тоа ги казнуваше своите непријатели, на Бес му беа исечени носот и ушите и потоа беше испратен во Екбатана каде што беше свирепо убиен со распнување на крст и со сечење на парчиња. Во Спитамен, меѓутоа, кој сега го зазеде местото на Бес како водач на националното востание, Александар Македонски имаше многу поопасен непријател.

Александар Македонски сега навлезе откај Мараканда (Самарканд) кон реката Јаксарт (Сир-Дарија) и така втаса до крајниот север на Персиската империја. Реката, како што се виде, Македонците ја идентификуваа со Танаи. Во широките степи живееја номадите Дахаи, Сакаи и Масагатаи, кои постојано претставуваа опасност од таа страна на империјата. Како бедем против нив Александар Македонски изгради на таа страна од реката Јаксарт нов град со име Александрија Ешате (Којенд), што требаше да го штити од кај граничната река.

Поради бескрајните степи од другата страна на реката, Александар Македонски немаше намера да ја поместува границата на север од онаа што ја постави порано на Дунав, каде што го постигна лимитот на „населениот свет", кој се граничи не само со океан туку и со пустина. Сепак, како и кај Дунав, тој сега изврши победоносно преминување преку реката Јаксарт со цел да ги инспирира тие варвари со почит да се однесуваат кон неговото оружје.

Додека Александар Македонски беше преокупиран со подготовките за изградба на градот, Спитамен крена на бунт неколку места во заднината. Остри казни беа извршени над сите тие кога востанието беше задушено со многу крвопролевање. Градското подрачје беше уништено, а жителите убиени, бидејќи Александар македонски ги сметаше за бунтовници против својот господар.

am42-2

Наскоро потоа неуморниот Спитамен успеа да поттикне востание и во поголемиот дел на Согдинија, востание што стануваше сé поопасно, бидејќи беше помагано од северните номади. Штом Спитамен започна да врши опсада на македонските гарнизони во Мараканда, Александар Македонски испрати експедиција против него, а остана да ја надгледува изградбата на градот. Мараканда беше ослободена, но по повлекувањето во северните степи и набавување 6.000 коњаници од сојузничките номади, Спитамен целосно ги порази и уништи експедиционите корпуси кај Политимет и изврши повторно опсада на Мараканда.

Потоа Александар Македонски ја напушти реката Јаксарт и лично замина кон Мараканда со контингент на лесни единици. Растојанието од 180 милји од Којенд до Самарканд го помина за три дена и неколку часа. Штом се пренесе веста за приближувањето на Александар Македонски, Спитамен избега во степата. Александар Македонски го следеше до Политимент, ги потчини луѓето на северната граница и остро ги казни бунтовниците. Потоа, тој ја сврте својата војска кон југ кон Бактрија и го започна своето зимско логорување (329-328) во главниот град Бактра.

И наредната година (328), Александар Македонски беше преокупиран со жестоко војување против бунтовниците во Бактрија и Согдијана. Дел од војската под команда на Кратер остана во Бактрија а другиот дел со кој Александар Македонски отиде во Согдијана, мора да бил поделен во пет колони за да ги фати широко распроснатите  бунтовници од кои голем број избегаа во тврдините. Откако беше скршен нивниот отпор колоните се соединија за борба во Мараканда.

Додека Александар Македонски се уште се бореше против бунтовниците, Хефестион испланира неколку градови во Согдијана. Истата година Фарасман, кралот на Хорасмијанците кој живееше во далечниот север му изрази почит на Александар и склучи сојуз и пријателство со него.

am42-3
Согдиана

Во меѓувреме, Спитамен, поддржан од своите пријатели Масагетите изврши ненадеен напад на Бактрија, земајќи богат плен од околината на Бактра. Гарнизонот на градот тргна да го следи, но беше измамен од Спитамен со заседа и поразен со многу загуби. Кратер потоа побрза и му зададе силен пораз пред Спитамен да навлезе во пустината. Спитамен значи пак успеа да побегне во пустината и ненадејно ја нападна Согдијана, овој пат придружен од 3.000 Масагетајци.

Во меѓувреме Александар отиде на зимско логорување (328-327) во Наутака, а командата за Согдијана му ја препушти на Коен, под чија команда Спитамен претрпе голем пораз. Но, неговата судбина беше запечатена со акцијата на Масагетајците. На веста дека Александар Македонски има намера да ја окупира пустината, тие го прекршија договорот за сојуз, му ја пресекоа главата на Спитамен и му ја испратија на Александар Македонски.

Co овој трагичен крај на големиот xepoj практично заврши и иранскиот отпор за независност. Само се задржаа мал број бунтовници во некои непристапни каменити тврдини во југоисточните планини на Согдијана. Во пролетта 327 година, Александар Македонски тргна во напад од Наутака против тврдината на Аријамаз сместена на Согдијанската карпа во која многу од бунтовниците ги оставија своите жени и деца, меѓу кои беше и бактријанскиот принц Оксијарт, еден од другарите на Бес.

Кога Александар викна одоздола да се предадат, тие му одговорија одозгора со потсмев дека тој и неговите војници треба да знаат да летаат бидејќи на никаков друг начин не ќе можат да дојдат кај нив. Александар Македонски потоа понуди високи награди за оние што ке се качат на највисокиот врв кој се надвиснуваше над тврдината. Како што и се случи, имаше 300 смели планинари меѓу Македонците, кои се зафатија да го извршат овој опасен подвиг во ноќно време.

Триесетмина паднаа при качувањето, а другите успешно се искачија со помош на јажиња и железни долги клинци од шаторите што ги набиваа во снегот или во замрзнатите карпи. Кога рано изутрината, на нивно големо изненадување, видоа дека се опколени од Македонците, веднаш му се предадоа на Александар Македонски.

Најубавата награда што нему му припадна беше Роксана, ќерката на Оксијарт, која беше во цветот на младоста, според судот на придружниците на Александар Македонски најубавата жена што тие ја имаа видено во Азија, најблиска на Статерија, жената на Дариј, Александар страсно се вљуби во неа и одлучи да му стане брачен другар.

Оттука Александар Македонски замина кон исток во пределот на Паретацен према тврдината на Хориените, која беше сместена високо на стрмните карпи, опкружена со длабоки клисури и која се сметаше за непристапна. Александар Македонски, меѓутоа, сметаше дека ништо не е невозможно за него и за неговата војска.

Од огромните борови дрвја што растеа во планините конструира скали за да се спушти во клисурата, а потоа со помош на вештите инженерци усгдеа да изгради насип преку клисурата. Веднаш штом Александар со своите Македонци, заштитен во настрешницата од непријателската артилерија, почна да ја бомбардира тврдината, Хориен се предаде.

Тој беше помилуван и натаму си остана на власт. Потоа Александар Македонски се врати во Бактра. Тешката задача за освојување на Источен Иран беше завршена. Истрајноста и упорноста на Александар Македонски, на што треба да му се восхитуваме, како и при опсадата на Тир, се покажаа уште посилни во Источен Иран.

Тој не ја напушти земјата се додека целосно не ја потчини и не ги вклучи Бактријанците и Согдијанците во служба на својата војска, чии одлични војнички квалитети многу ги ценеше. Оваа победоносна борба им остави толку силен впечаток на луѓето од северните степи, што подоцна се среќаваат и Дахајци и Сакајци во неговата војска.

am42-4
На свадбата на Александар и Роксана

Пред да се врати во Бактра, Александар Македонски ја прослави својата женидба со Роксана во дворецот Хориенес. Бидејќи нема доволно информации за сексуалните карактеристики на кралот, по нешто се дознава од најдобриот извор, од Аријан, кој тврди дека љубовта спрема таа убава Бактријанка го натерала да не ја смета за заробеничка, туку ја направил своја законита жена.

На познатата слика од современиот уметниќ Аетион претставен е бракот на Роксана како љубовна сцена со многу купиди, од која може да се извлечат некои заклучоци. Сликата се најде во Италија каде што Луцијан ја виде и ја опиша, а според тој опис Содома ја направи својата убава фреска во вилата Фарнесина.

Сведоштвото на Аријан за интимниот живот на Александар е многу значајно, бидејќи е очигледно оти овој брак имал големо политичко значење. Женидбата на Александар Македонски со ќерката на Бактрија беше гест на помирување со претходните непријатели, со што и најголемите националисти меѓу Иранците мораа да го прифатат. Тие беа ограничени да ја изразат својата национална гордост, зашто бракот беше склучен според иранскиот ритуал.

Александар Македонски и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар Македонски во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. Меѓутоа, овој брак со Роксана значеше многу повеќе отколку самото помирување со источните Иранци.

Тој ја најави и идејата на Александар Македонски за еднаквост на Персијците и на другите Иранци со Македонците, на што прво беше принуден од војничките потреби, а во последните години од војната таа идеја се разви во мисла за обединување на тие два народа. Оваа идеја во наредните години многу силно влијаеше врз таинствената политика што ја усвои Александар Македонски за својата империја.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.