Среда, 14 Ноември 2018   
Александар Македонски (58)

am58-1

ОСВРТ КОН ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДА III МАКЕДОНСКИ

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме делото како Прилог на романот „Александар Македонски“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken - ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија во Република Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Во него се вели дека кога Александар почина, имаше неполни триесет и три години. Беше занесен од големата младешка сила, како и неговиот прадедо и модел Ахил. Немаше наполнето тринаесет години од неговото владеење. Една ретроспектива на неговото гигантско животно дело пред нас донесува една личност со сосем редок ген, извонредна мешавина на демонска страст и трезвена чистина на духот.

Во овој човек со железна волја за акција, кој беше реалист во политиката, ако тоа некогаш некој бил, под површината лежеше еден нерационален елемент: на пример, неговиот копнеж за неоткриеното и мистериозното, кој беше споен со неговата желба за освојување и со неговото одушевување од научното откритие, го доведе до границите на тогаш познатиот свет.

Меѓу овие причини, кои се без рационална основа, беше неговата цврста верба во потеклото од Херакле и Ахил, што му влеа силен нагон и моќ. Co својата едноставна побожност, која не беше поткопана со филозофски скептицизам, тој беше просто убеден дека беше под посебна заштита на боговите и затоа веруваше во својата мисија. Така, во брилијантен литературен напис „Древната војничка способност"' се вели:

„Смислата на божествената положба е карактеристична за одржувањето на големите луѓе во античко време"; тоа е точно најмногу со примерот на Александар. Според тоа, во решението на пророштвото за себе како син на Амон, тој најде потврда на божествената енергија што ја чувствуваше во себе и затоа подоцна бараше да му се даваат големи божествени почести од Античките Грци. Тој цврсто веруваше во својата мисија и таа му влеваше апсолутна доверба за победа, без која неговите желби и акции би биле нејасни. Натприродното во неговиот темперамент му овозможи исто така контрола над луѓето“.

am58-2

Генералот и државникот се споени нераскинливо во Александар. Како генерал Александар беше извршител на својата желба. Како генерал е полесно да се сфати, бидејќи имаше завршени дејства, додека задачите како државник беа се’ уште во тек на еволуција кога почина. Александар е тип на кралски генерал кој имаше неограничена контрола над воените материјали и апаратот на својата земја и сам беше одговорен пред себе.

Тој немаше тешкотија да се одржи наспроти стравот, како што сакаше атинската демократија и не требаше да се заштитува себеси. Уште повеќе како хегемон на Коринтската лига, тој беше надвор од каков и да е војнички критицизам на Федералниот совет. Понатаму, имаше добра иднина, бидејќи ја наследи најдобрата војска на светот во тоа време, заедно со испробаните офицери, а беше поттикнат во вештината на војувањето од неговиот татко, кој беше голем генерал.

Овие среќни услови му ја олеснија работата да се развива како воен гениј, но важно беше што оваа генијалност беше вродена во него. Сосем е непотребно да се повторува современиот обид, добриот глас за неговите воени постигнувања да се пренесува на Парменион и да се оспорува неговата лична стратешка слава. Воените експерти во древно и модерно време се сложуваат дека Александар како генерал беше толку голем гениј како никој друг во историјата.

Како тактичар го видовме кога се бореше и победуваше на трите битки, на Граник, Ис и Гавгамела, со таканаречената коса борбена формација што ја разви неговиот татко Филип Македонски. Но тактичката идеја беше едноставна само за него. Нејзиното детално извршување од страна на Александар варираше според особеностите на земјиштето и на непријателот. Тој најмногу ја разви во опасната ситуација кај Гавгамела. Тука дојде на идеја за втора борбена линија со можна четвртеста формација.

Сосема различно беше поставувањето на проблемите што мораше да ги реши во многу разновидната герилска војна во Источен Иран. Таму имаше брилијантна демонстрација на независноста од традицијата на неговиот татко во операциите на брзите единици и нивното адаптирање на разновидниот начин на војување со новиот непријател. Во жестоките војувања во планинскиот регион северно од Кабул, а особено во освојувањето на Аорнос, Александар ја покажа сета своја величина. Неговата генијалност можеби најдобро може да се види во последната борба на бојното поле кај Хидасп, кога се сретна со сосема нов проблем, односно со многуте слонови на Порус.

am58-3
Битка на Александар

Неговиот стратешки гениј се виде уште во почетокот на реализацијата на планот за азискоатичкиот поход, според кој, за сметка на тешката ситуација во Античка Грција, тој реши со својата копнена војска прво да ги освои медитеранските морски брегови на Персиската империја, со цел да ја елиминира супериорната персиска флота. Се виде со каква упорност и наспроти сите искушенија како го исполни тој план, се’ до освојувањето на Египет, и како всушност стана господар на морето.

Кога ја поведе својата војска во внатрешноста на Азија, се соочи со нови проблеми. До реката Еуфрат со нападот на десетте илјади беше исчистен просторот, а Ксенофон по него го приближи античкиот грчкиот свет на Исток. Она што беше зад реката Еуфрат беше сосем непозната земја. Така, тоа беа мистериозни растојанија каде што Александар ја поведе војската, совладувајќи ги сите природни пречки, преку снежната планина Хинду-Куш и преку широките реки, а на крајот низ Пенџаб до Хифас, каде што моралот на единиците опадна и тој се врати назад.

Меѓутоа, во неговите патувања немаше никаков авантуризам. Од една страна, секогаш и од почетокот се обидуваше да добие однапред информации за туѓата земја што сакаше да ја освои, се грижеше колку беше можно повеќе да биде известен од своите шпиони за политичките, воените и месните услови, а како резултат на тоа влегуваше во сојузништво со одделни владетели преку вешта дипломатија, како пред индискиот поход, или испраќаше истражувачи кои испитуваа, како пред арапската експедиција.

Од друга страна, пак, Александар никогаш не напредуваше без да ја заштити заднината. Походот кон Дунав и казнениот однос кон Теба можат да се сметаат како предупредување преземено за да ја заштити заднината за азискоатичкиот поход. Кога потоа го изврши првото освојување во Азија, веднаш започна да ги заштитува освоените територии од воен аспект и да обезбедува мир и ред со административни мерки.

Подоцна, кога навлезе во срцето на Азија и во повеќе оддалечени земји, го следеше истиот принцип и така, и покрај големата оддалеченост, никогаш не ја загуби врската со својот дом. Само еднаш кај Ис, поради необичноста на настаните, беше отсечен од својата база на операциите, но сепак за неколку часа се проби надвор од опасната ситуација. Неговиот систематски метод го докажува и тоа што одреди на неговата војска од Античка Македонија и Античка Грција постојано доаѓаа на Далечниот Исток според неговите директиви.

am58-4

Тоа единствено беше можно, бидејќи тој промислено и највнимателно изгради систем за наредните етапи. Без вакви мерки не ќе можеа да се постигнат неговиот успех и триумф на толкави далечини, на што сегашните воени експерти се одушевуваат повеќе отколку на неговите битки.

За несреќа, нашите информации за неговиот етапен систем се исклучително оскудни, бидејќи древните извори очевидно не знаеја ништо за тоа. Затоа повеќе мора да се претпостават отколку да се опишат патиштата на војската. Од многуте воени и административни мерки што ги преземаше на освоените територии, може да се претпостави дека повеќето служеле за привремените и постојаните потреби на војската. Од 330 година па наваму Екбатана може да се смета како централно место на овој систем. Тоа беше таму каде што го остави Парменион со силната војска и со кралското богатство. Природно, тој исто така согледа дека треба да се изградат депоа за храна, а понекогаш се споменуваат и магацини на воените патишта.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.