Четврток, 22 Ноември 2018   
Александар Македонски (59)

2cАлександар Македонски (59)

АЛЕКСАНДАР КАКО КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА, ХЕГЕМОН НА КОРИНТСКАТА ЛИГА, ГЕНЕРАЛ, ОСВОЈУВАЧ...

Co изградбата на многубројни градови во Источен Иран, пространство освоено со многу тешкотии, беше обезбедено од воено становиште, а служеше во прв ред и за комуникација во функција на индискиот поход, иако главната цел од изградбата на градови служеше за исполнување на идните планови.

Меѓу најголемите квалитети на Александар како генерал е упорноста со која, кога нешто го сметаше за важно, секогаш го доведуваше докрај. Тој остана седум месеци пред Тир додека не го освои. Поради тоа, не треба да се споредува Пирус со него како што направија древните и современите научници, кој по два месеца ја напушти опсадата на Лилибаум, иако тоа значеше пропаст на неговата цела сикилјска експедиција.

Александар Македонски самиот се покажа и како голем водач на луѓето, со учество во сите опасности и напорни акции на своите единици. На тој начин ги водеше со себе. Во битката им служеше како пример со највисока лична храброст. Во нападите немаше маки што тој не ги сподели. Ако во опсадите требаше да се изгради насип или нешто слично, тој самиот лично учествуваше, фалејќи ги оние што успеваа, а ги казнуваше оние што не успеваа.

Кога ќе се постигнеше важен успех, тој сакаше да ги награди своите единици, со тоа што одржуваше игри и спортски фестивали. Неговите големи парични награди на војската беа компензација за забраната за пљачкање на освоените територии, за кои поради политички причини сметаше дека не е потребно да се ограбуваат. За тоа беше потребна голема дисциплина. Co хуманоста со која тој се грижеше за ранетите по битките, им ги освои срцата на војниците. Co своите македонски офицери докрај го зачува другарскиот однос.

2bАлександар во Персија

Иако не привлекуваше внимание со ставата, бидејќи тешко достигна до средна висина, беше најдоминантен со своите извонредно светли очи. Извонредната природа на неговата личност најчесто е претставена во фактот што луѓето блиски до него, кои по неговата смрт во многу случаи се покажаа како силни владетели, слепо се покоруваа за време на неговиот живот. Неарх на почетокот на едно патување по океанот рече дека војската верува во извонредната среќа на Александар и сметаше дека тој нема нешто што не смее или што не може да направи. Тоа беше мистично верување на војската во својот водач. Такво верување подоцна можеа да побудат и Цезар и Нанолеон.

Уште потешко е да се разбере или пак да се цени Александар како државник отколку како генерал, бидејќи неговите погледи како државник беа во фаза на формирање пред неговата смрт. Ниедно од неговите политички дела не доби дефинитивна форма, а постојано произлегуваа нови планови од неговиот немирен дух. Невозможно е да се разбере колку поинаков ќе изгледаше светот, ако живееше подолго само десет или дваесет години.

Колку тешко може да се цени младешкото дело што тој го направи до 323 година. He смее да се заборави дека тоа беше само почеток. Во никој случај не беше изречен последниот збор. Гледано однадвор, неговата еволуција покажува непрекинат континуитет од крал на Македонија и хегемон на Коринтската лига до Голем крал на Персиската империја и на крајот до светски владетел, а тоа беше основно за што беше почитуван во античко време, па и денес.

Но, од гледна точка на законот, некој може да го истражува неговиот однос кон овие различни целини на власт, а некој може да најде продолжување и поддржување на овие различни позиции наместо успех. Овде, главно, историчарите не можат да го решат законскиот аспект. Вистинскиот историски проблем за него е да се цени како практиката на политичкиот живот се потпира врз овие форми.

Прво треба да се оценат правните форми. Co акламација на војската Александар стана законски крал на Македонија и веднаш потоа со резолуција на Федералниот совет, хегемон на Коринтската лига, која Филип ја создаде како слободна и суверена лига на државите со обединување преку неговата личност со кралството на Античка Македонија. Оваа дупла позиција одговараше на двојството на неговите воени цели за преминување на Хелеспонт.

Како хегемон тој имаше желба да го води панелинистичкиот поход за одмазда, а како крал на Античка Македонија сакаше да освои територии. Меѓутоа, не го присоедини кон Античка Македонија она што го освои, како што Филип Македонски направи со своите освојувања. Co непосредно организирање на намесништва во најраните освоени простори на почвата на Мала Азија, тој го изрази фактот дека овие територии требаше да останат надвор од Античка Македонија.

2m

222m

Потоа, како хегемон ги инкорпорира во Коринтската лига слободните анички грчки градови во Мала Азија, кои не беа приклучени во намесништвата. Како крал Александар Македонски постојано освојуваше нови територии се’ до конечната победа над Дарие. Од своите Македонци со акламација беше именуван како крал на Азија во Арбела. Меѓутоа, покрај ова санкција од Собранието на македонската војска, оваа Азискоатичка империја, како што беше погоре речено, не беше приклучена кон кралството на Античка Македонија, туку едноставно беше обединета преку него, со лично соединување.

Акламацијата на војската повеќе го изрази фактот дека тој беше крал на Античка Македонија кому сега му припаѓа власта над Азија. Темелот на Александровата моќ беше и остана неговата монархија над Античка Македонија. Колку безгранично да растеше оваа Азискоатичка империја, во политичкиот закон остана, како и Коринтската лига, анекс кон Античка Македонија преку личното соединување.

Резултатот од ова беше сосем различната законска положба што Александар ја постави во овие три дела на својата империја. Во Античка Македонија тој остана, како Филип и неговите следбеници, крал на народот и на војската, за кого нацијата и војската ги зачуваа старите права во собранието на војската. За античките Грци од Коринтската лига тој беше хегемон со права и обврски воспоставени со договорот на Лигата. Како крал на Азија тој беше апсолутен владетел на азискоатичкиот народ во смисла на Ахеменидите, чиј правен наследник се сметаше себеси по смртта на Дарие.

Меѓутоа, овој азискоатички апсолутизам не беше еднообразен, бидејќи под Ахеменидите се разви во различни форми и во различни простори на империјата и колку што е можно Александар дозволи овие форми да продолжат непроменети. Во Египет, на пример, доколку се смета дека тој припаѓа кон монархијата на Азија врз основа на тоа што беше територија на Ахеменидската империја, Александар беше фараон, а исто така и божество. Во Феникија и во киприотските градови ги задржа нивните кралеви како свои вазали, исто онака како што ги задржа Порус и Абисар во Индија.

Од друга страна, неговиот апсолутизам не беше добар во Азија со оглед на античките Македонци и античките Грци во војската што го послужуваа него или античките грчки градови што тој ги формира. Од правно гледиште овој дел на целата империја остана непроменет се’ до неговата смрт, бидејќи не формира нова правна формула за контролирање на целата империја. Тој остана крал на Античка Македонија, кон која со лично обединување беа приклучени Коринтската лига и монархијата на Азија. Обединувањето на целата светска империја зависеше од неговата личност.

Cera би можело да се постави прашањето дали во вистинската практика на политичкиот живот Александар Македонски остана верен на овие правни форми што се однесуваа на неговиот различен статус во трите дела на својата империја. Особено се поставува прашањето дали неговиот голем авторитет како крал на Азија влијаеше врз неговата положба во врска со Античка Македонија и Коринтската лига.

Прво, треба да се утврди дека Александар беше целосно свесен за законската разлика меѓу неговата позиција во Азија и во Европа, т.е. во Античка Македонија и во Коринтската лига. Тоа се гледа од податокот дека по смртта на Дарие тој ги заверуваше писмата испраќани во Европа со својот стар македонски печат, а од друга страна, писмата наменети за Азија со печатот на Дарие.

Направени се напори да се интерпретира тоа како израз на промените од македонскиот суверенитет до позицијата на наследник на Ахеменидите. Суштината на исказот се состои во тоа што е докажан паралелизам на двете правни позиции. Александар Македонски беше свесен за принципот дека законската позиција во Азија не се потврди за Европа. Во Европа остана до крајот на својот живот како кра.п на Античка Македонија, а како таков и хегемон на Коринтската лига. Дури и кога беше во Азија, се однесуваше како крал на Античка Македонија, комуницирајќи како таков и со Античка Македонија и со Лигата. Печатот на Дарие се употребуваше само за кралството на Азија.

2Една од битките на Александар Македонски

Од друга страна, пак, во надворешниот живот на Александар Македонски, неговата азискоатичка монархија му беше повеќе пречка колку што одминуваше времето. He смее, меѓутоа, да се превиди фактот дека во преданието особено она непријателското за него, „ориентали-зацијата" на кралот е третирана со посебна љубомора и со голема предрасуда.

Прво, треба да се испита неговото однесување како крал на Азија. Употребата на печатот на Дарие потврдува дека по смртта на Дарие, Александар Македонски се чувствуваше дека е негов легитимен наследник. Така, азискоатичкиот народ тој не го сметаше како свој непријател, туку како потчинет. Тргнувајќи од тоа, тој стекна целосно државничко убедување дека мора да примени сила кон овие нации за да ги реши големите проблеми што му ги наметна Азија.

Овој курс упатува многу повеќе кон она што требаше да се надева дека треба да има смирување и незабележнтелно влијанне врз потчинетите народи. Во Карија и во Египет веќе воспостави цивилна администрација врз тамошното население, бидејќи сега беше прокламиран за крал на Азија во Арбела, тој започна да назаначува персиски дворјани за намесници. Меѓутоа, тие ја добиваа само цивилната власт.

Секој од нив имаше македонски офицер до себе како командант на единиците. Главната контрола беше во рацете на античките Македонците. Уште поургентна беше потребата за пополнување на неговата војска со елитни единици од Азија, бидејќи европските единици беа недоволни за големите планови што му се вртеа во главата.

Продолжува


Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.