Четврток, 06 Декември 2018   
Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61)

alekКОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕРИЈА

Дури и во западниот дел на империјата понекогаш, заради политички цели, им даваше цивилна моќ на луѓето од тие места, како што беше случајот во Карија и Египет, но во ваквите случаи воената власт им ја даваше на македонски офицери. Во источните региони, прво во Вавилон, ваквиот начин на владеење го воведе за неколку години, ставајќи македонски офицери со титула стратег или надзорник до персискиот намесник кого тој го наименува само за граѓанската власт.

Оваа намера одговара, како што се виде, на неговите идеи за давање дел од власта на Персијците, но вистинската власт беше резервирана за античките Македонците. He e познато за посебни финансиски службеници во источните намесништва, веројатно поради тоа што економијата на овие региони се темелеше не врз валута туку врз стока. Ова организирање, меѓутоа, никогаш не стана определена шема.

Во тешките години на војната во Источен Иран понекогаш имаше лошо искуство со овие персиски намесници. Па така, од 328 година наваму, со еден исклучок, не направи повеќе ориенталско намесништво, а подоцна кога се врати од Индија дозна дека за време на неговото отсуство повеќето од ориенталските намесници се однесувале многу лошо, затоа ги казни и насилно ги отстрани.

Во времето на неговата смрт само тројца намесници беа Иранци, а сите други намесништва беа во рацете на античките Македонци. Ова разочарување не го поколеба во неговите идеи за спојувањето на нациите, но како практичен државник, а во интерес на безбедноста на својата империја, ги зацрта потребните заклучоци и не отстапи од тоа, признавајќи дека експериментот не успеа во практиката.

Политичките услови во Индија му наложија други комбинации. Таму тој во основа ги остави малите раии како управници под македонските намесници, но помоќните владетели, како што беа Порус и Абисар, ги стави надвор од намесништвата, како независни вазапски принцови.

Посебниот однос кон финансиите и таксите, што беше оригинална идеја на Александар Македонски, покажа дека има особен интерес за финансиското работење во новата империја. Во овој дел од работата подоцна тој воведе важни иновации, кои постепено водеа кон централизација.

mapa

Прво во Египет, целата финансиска администрација на земјата и нејзините зависни делови ја стави во рацете на античкиот Грк Клеомен. Наскоро потоа спои неколку намесништва во големи финансиски подрачја под раководство на финансиски директори.

Мала Азија западно од Таурус ја оформи во вакво подрачје под надзор на Филоксер, а Киликија, Сирија и Феникија беше другото подрачје под Керан. Во 330 година кога Александар стана господар на многу богати персиски куќи, реши да го оддели военото од царското богатство што дотогаш го следеше движењето на војската, и да го централизира под раководството на својот пријател Харпал како царско богатство концентрирано во Екбатана. Така Харпал, кој подоцна се пресели во Вавилон, беше водечката личност на финансиската администрација, на таксите и на богатството на Азискоатичката империја.

Харпал не требаше само да го чува богатството, туку и да работи со него и да направи ковани пари. Како што се виде, Александар главно ја прифати политиката на персиските кралеви и започна да пушта билиони-валута во опток. Co својата постојана благодарност, тој ги дистрибуираше парите до службениците, војниците и пријателите и со порастот на трошоците во неговиот двор, новите богатства наскоро премннуваа од една во друга рака. На денот на неговата смрт, се смета дека државното богатство не беше поголемо од 50.000 таланти.

Напорите на Александар Македонски да ја обедини финансиската организација јасно се гледаат во неговите мерки за правење ковани пари. Во деновите на Големиот крал во Персија, ковањето на пари од злато беше резервирано за кралот, а намесниците коваа сребрени пари, во многу различни видови и вредности.

Но Александар Македонски ги задржа за себе и сребрените пари, така што во намесништвата, со еден исклучок во случајот на Мазај, постоеше само кралска валута, што веројатно беше обезбедена од финансиските директори од името на кралот. Пред се, тој воведе еднообразен вид, a можеби од политички причини го одбра атичкиот стандард. За кусо време новата тетрадрахма на Александар Македонски стана најголемата валутна вредност во светот.

Создавањето на еднообразна кралска валута е извонреден пример на Александровото проникнување во еконмската политика. Во финансискиот и монетарниот систем тoj воведе централизација што го подигна неговиот систем високо над конфузијата во Ахеменидската империја.

sta

Македонски златен статер со ликот на Александар

Александар Македонски ние го гледаме и како економист кој знае што наумил, а тоа беше детално изразено во развојот на трговијата. Тој изгради бројни градови кои можеа и имаа за цел да бидат потпирачи на неговото далечно движење. Неговата прекрасна градба, Александрија во Египет, прво беше планирано да биде пазар.

Дури и многу други градови на Далечниот Исток беа лоцирани на старите трговски патишта со цел да ја развиваат трговијата. Така, некои од нив дури и денес се напредни, како што се Херат, Кандахар и Којенд. Тој отвори нови морски трговски патишта: патувањето на Неарх ги спои новите колонијални територии во Индија со Вавилон.

Непосредно пред смртта, Александар Македонски имаше намера да ги поврзе Вавилон и Египет со експедиција што би патувала по морето околу Арабија. Тој го овозможи пловењето по реката Тигар, а „новата Феникија" беше зацртана на морскиот брег од Персискиот Залив; беа преземени големи пристанишни работи во Патала и Вавилон за развој на пловидбата и трговијата. Сите овие достигања и проекти беа со колосални димензии и покажаа генијалност во работата. Тој имаше намера да тргне по патиштата што ги сметаше дека се вистински за економиката на неговата светска империја.

Тоа покажува, пред се, од колку големо значење беа кованите пари на Александар Македонски за персиското богатство и создавањето на неговата кралска валута за економскиот живот на овие земји. Тоа значеше сосем нова основа за пуштање на парите во опток. Колку напори вложи да го забрза напредокот на населението и плодородноста на просторот е прикажано во неговите настојувања да ја подобри мрежата на вавилонските канали.

Според неговите планови тој имаше за цел да го исуши Копаиското Езеро во Бојотија, што никогаш не се оствари. Од активностите на Горг во Индија, може да се види дека Александар беше нестрплив за испитување на минералното богатство на новиот свет. Дури и кога беше далеку не ги заборави економските интереси на својот дом.

По освојувањето на Аспасијците северно од Кабул, тој ги собра најдобрите и најголемите стада од говеда и ги испрати во Македонија за да го унапреди домашното одгледување на говеда. Овие се само оскудни и случајни информации кои ни даваат слика колку многустрани биле неговите економски интереси.

На крајот треба да се објасни неговата политика за цивилизирање. Така, Александар тргна во поход како вљубеник на античката грчка култура, кој требаше да го отвори Исток за нејзиното влијание. Дали тој остана верен на оваа задача по запознавањето со старите култури на Исток, кои ја импресионираа неговата чувствителна природа? Дали тој се уште беше верен на идејата за спојување на нациите, Koja постојано се засилуваше?

Една работа е непобитна: наспроти целата иранска политика, тој докрај беше вљубеник во античката грчка култура. Учениците од Аристотел никогаш не ја напуштија идејата за патување и за нови откритија, со што и овозможија на античката наука да се запознае со непознатите земји дотогаш.

Од последните години треба да се истакне големото истражување во Индија, експедиционото патување на Неарх и на крајот мисијата на Хераклид на Каспиското Mope. Уште повеќе, напорите што Харпал ги направи за да аклиматизира европски растенија во градините на Вавилон, без сомнение треба да се припишат на иницијативата на Александар Македонски.

Љубовта на Александар Македонски кон античката грчка литература докрај остана непроменета. Тој започна со Хомер, a подоцна бараше од Далечниот Исток да му испратат други дела од литературата, класични и современи. Тој имаше особено длабоко почитување кон трите големи трагедии, но над се кон Еврипид, кого добро го познаваше и беше во состојба да рецитира негови стихови.

1

Доколку поетите кои го придружуваа неговиот патувачки двор не беа од прв ранг, тоа не беше грешка на неговиот вкус, туку на ниското ниво на античката поезија во тоа време. Освен поети, во неговиот камп имаше филозофи и филозофски образовани луѓе од најразлични школи, киници како Онесикрит и Анаксимен, демокританец како Анаксарх и неговиот ученик Пирхо скептикот.

Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.