Среда, 09 Јануари 2019   
Александар Македонски (66)

c1

Александар Македонски (66)

 

ИДЕИТЕ НА РИМСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ И ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА СВЕТСКАТА ИПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Со сигурност може да се претпостави дека во формирањето на монархистичката позиција Цезар пред себе го имаше како модел апсолутниот суверенитет на Александар Македонски, што подоцна се разви во елинистичките монархии на Дијадохите. Доколку Цезар се вратеше дома победоносно. Од Партија, би ја зел круната на Александар Македонски и на Дијадохите како внатрешен симбол на оваа кралска сила.

Цезар навистина го воведе елинистичкото божество во монархијата. Идејата за воздигнување на степен на божество, спонтано му беше понудена од елинизираниот Исток. Веројатно во овие делови божествените почести долго време им се оддаваа на римските владетели, но тоа беше извонреден чекор напред, кога по победата кај Фарсалија (48), која го одлучи ривалитетот меѓу Цезар и Помпеј, сите антички грчки градови во провинцијата Азија го славеа Цезар во еден ефесијански натпис како „Бог кој потекнува од Арес и Афродита кој се откри сам себеси" и „општ спасител на човечката раса".

Тоа беше со цел да се нагласи потеклото на семејството на Цезар од Афродита, врз кое тој се потпираше толку многу, колку што Александар Македонски се потпираше врз своето потекло од Ахил и Херакле. Потеклото од Арес и Афродита секако беше банална титула, но титулата „општ спасител  на човечката раса" беше нова идеја, изразувајќи признавање на победата кај Фарсалија како монарх на светската империја. Она што беше доброволно понудено од елинистичкиот Исток, мораше да биде завиено во други форми за Рим и Италија, каде што Цезар го сметаше како многу важно да ја воведе божествената монархија.

Божествените почести, решени за него од покорниот Сенат, мора да се поврзани со римските идеи. Според тоа, во Рим тој беше издигнат до редот на државните богови како Јупитер Јулиус, а свештеникот за неговиот култ, Јулианус, беше наименуван за модел на Јупитер, Марс и Квиринус. Основно, ова не беше ништо друго освен елинистичка концепција за божествен крал во римска форма.

Освен тоа, многу други почести, што тој си ги додели, го изневеруваа нивното елинистичко потекло, како што беше: правото за портретирање, што му дозволуваше да го стави својот лик на кованите пари, елинистичката заклетва кон кралот, што беше воведена во римската заклетва во форма на заклетва кон „генијот на Цезар", прославата на неговиот роденден како народен празник; сето тоа требаше да биде придружено со државни принесувања на жртви итн.

cc1

Кратко пред смртта се ширеа гласови дека Цезар има намера да го напушти Рим и да ја пренесе својата престолнина на Исток, или во Илиум, каде што при неговата посета во 48 година, беше почитуван на ист начин како Александар во Александрија. Всушност, овие намери природно ја носеа во себе претпоставката, откако победоносно се врати од партијанската војна, дека центарот на империјата треба да се помести кон Исток.

Александрија би била крајно задоволна како центар на ваквата светска империја, а веројатно и Александар Македонски ќе го избереше овој град како свој главен град, доколку ги спроведеше своите последни планови. Овде имаше додатен мотив за предноста на Цезар: тој можеше да ја води својата царска политика многу полесно врз елинистичката почва  во  Александрија отколку во Рим, каде што републиканските традиции беа вкоренети, бидејќи неговата политика не беше насочена кон националната Римска империја, туку кон една интернационална светска империја што требаше да го зафати целиот свет на елинистичко-римската култура.

По смртта на Цезар, овие елинистички идеи најдоа заштитник во Марк Антонио, кој иако Римјанин, во Александрија, како сопруг на Клеопатра, се однесуваше.како елинистички крал и Сонуваше за освојување на источната империја на Александар Македонски. На својот син роден со Клеопатра, кого што тој смислено го крсти Александар, му вети доминација на цела Азија од Реката Еуфрат до Индија. Доколку Антонио победеше, Александрија секако ќе беше главен град на светот. Но, победникот во борбата за оној што го бара своето право не беше Антонио, туку присвоениот син на Цезар, Октавијан, последниот Август, кој ја претставуваше националната римска политика, спротивно на елинистичко-ориенталската.

Неговата победа беше главна ориентација за светската историја, бидејќи со оваа победа Рим во наредните векови ја задржа својата командна позиција како главен град на светот, се додека на крајот Констатин не го пренесе престолот на Исток. Спротивно на Планот на Цезар за космополитска светска империја, Август, кој беше целосно Римјанин, ја формира Римската империја, во која Римјаните беа господари над другите нации.

ccc1Клеопатра и Октавијан

Овде не е место за да се истакне како Август со извонредно проникнување и мудрост успеа да ја прикрие својата вистинска монархија со републикански форми. Момсен беше првиот кој не учи за ова во своето големо дело „Римската држава". Но, треба да се назначи фактот дека овој „прв граѓанин", како што Август сакаше сам да се опише, не презираше некои од надворешните лица на елинистичкото владеење: тој исто ги бараше елинистичките привилегии што Цезар ги имаше присвоено - неговата личност на кованите пари, заклетвата на неговиот гениј и народното прославување за неговиот роденден.

Од друга страна, пак, спротивно на Цезар, тој ја прифати елинистичката божествена монархија само со големи ограничувања. Во Рим, тој сосема ги забрани божествените почести, иако не се мешаше во работите на италијанските заедници; а во провинциите го дозволи својот култ само заедно со богињата Римјанка. Природно, немаше ограничување на правата за лично длабоко почитување.

Заслужува да се спомене дека во провинцијата Египет, којашто беше исклучена од контролата на Сенатот, a му беше потчинета лично нему, тој се сметаше како наследник на Птолемејците и имаше кралска специјална позиција. Овде, тој и неговите следбеници како Александар и Птолемејците, го доби од тамошното население старото фараонско обожавање. Но, како со Александар Македонски, така и со Август, тоа имаше чисто локално значење.

Овде, пак, не е место да се напоменува како во текот на вековите одделни владетели ги уништија римските градови што ги формира Август според цезаровиот и елинистичкиот поглед на државата, се до моментот кога цезаровиот апсолутизам на крајот триумфираше. Римските и елинистичките тенденции, или идеите на Август и на Цезар ја поттикнаа тензијата на внатрешната историја во империјалниот период.

Идеите на Цезар за проширување и заокружување на светската империја ги актуелизираа многу владетели и по Август, кои иако официјално мирни владетели, направија многу во таа смисла со таканаречените погранични војни. Тоа, секако, се однесува на Трајан, бидејќи тој постојано го имаше во своите мисли не само Цезар, туку и Александар Македонски, последниов како неисполнет идеал. Тој најбрилијантно го исполни првиот дел од Цезаровата програма со Лакијанските војни, a потоа го презеде и вториот дел, војната со Партија, водејќи ја лично командата, и постојано држејќи го ликот на Александар Македонски пред себе.

По окупирањето на Ктесифон, главниот град на Партија, тој како и Александар Македонски копнееше да плови по должината на реката Тигар до Океанот - Персискиот Залив. Кога излегол на морето и видел брод што плови кон Индија, се вели дека извикал оти и тој би сакал да замине за Индија. Тој сметаше дека Александар Македонски навистина бил среќен, иако се’ уште млад.

Подоцнежните извори погрешно зборуваат за војните во Индија планирани од Трајан. Но, овие зборови ја оддаваат само тажната резигнација на постариот монарх, кој со задоволство би се натпреварувал со младиот херој. Потоа во Вавилон, Трајан ја изрази својата почит кон Александар Македонски на симболичен начин, со давање жртва за него како херој во собата на старата палата, каде што Александар Македонски почина.

Подоцнежните владетели оддаваа почит во знак на сеќавање на Александар Македонски, особено во почетокот на третиот век, а во некои случаи и на невкусен начин. Исто така и во четвртиот век Јулијан Апостат, кој во својот персиски поход се почувствува себеси како следбеник на Александар Македонски, му оддаде почит, но таа не беше толку импресивна како онаа на Трајан, една од најдобрите што му е дадена од римските императори.

cccc1

Императорот Трајан                                   

ccccc1Александар Македонски

Cera кога се зборува за креветот во кој почина Александар, време е да се заклучи какви беа повратните ефекти од неговата политика и да се истакне фактот дека основите на Римската империја го најдоа своето објаснување во римската историја, а тоа проширување беше под силно влијание на идејата на Александар Македонски за доминација над светот. Последниот пример укажува дека треба да се оди назад до Александар Македонски, со цел да се објасни повторното будење на идејата за Римската империја во средниот век.

Cera ce дојде до прашањето: каков ефект имаше животното дело на Александар врз економскиот развој на светот? Ако некој сака да ја разбере феноменалната револуција што тој ја изведе во економскиот живот на тоа време, мора да согледа каква беше економската позиција на светот што му претходеше.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.