Среда, 12 Јуни 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

SAT1

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Кралот Архелај спаѓа меѓу крупните личности на Македонија. Тој го продолжил обликувањето на внатрешната и меѓународната политика на Македонија, која била трасирана од страна на кралот Пердика II, за ослободување на приморските делови на земјата од атинскиот колонијализам, како и од елинското влијание

За да се ослободи од притисокот на Атина, тој во 410 година пред Христа го преместил градот Пидна, кој бил најзначаен приморски град на Термајскиот Залив за македонската независност, во внатрешноста на земјата. Во негово време, Македонија се развила во модерна држава.

Стопанството станало јако. Се граделе големи палати, сообраќајници, општествени и културни институции. На неговиот двор во Пела престојувале истакнати личности од културниот живот од Јонија, Еолија и Елада, а меѓу нив и светски познатиот поет и, секако, главен трагичар Еврипид (485-406) кој бил Анаксагорин ученик и Сократов пријател. Тој во Пела кај Архелај останал до својата смрт, со многу големо заемно почитување. Се смета дека Еврипид во Македонија ја вовел феникиско-јонската аналфабета, што значи многу порано отколку што тоа го сторила Атина, дури во 403 година пред Христа за време на архонтот Евклида (Papastavrou, 1972, 61).

SAT2

Пела             

Декорацијата на македонскиот двор ја извршил популарниот сликар на Хераклеја на Сицилија, под името Зевксис, околу 430 година пред Христа. Исто така, познато е дека своето македонско потекло го истакнувал многу порано и прочуениот епски поет Хесиод (околу 700 година пред Христа) кој пишувал дека е син на Зевс и бил со исто презиме како Македонија и Македонците (Е.И.Е., 1976, 1490). Хесиод е автор на теогонијата, создавање митови за боговите на Олимп, и на козмогонијата, за постанокот на светот. Тој во својот труд под наслов „Дела и денови“ ги удрил темелите на науките за земјоделието, бродарството, домаќинството и живеењето, а сето тоа го преплетувал со митови и басни.

По несреќната смрт на кралот Архелај, настанува период на анархија, инвазија од страна на Илирите, Пеоните, Олинтите и други. Овој период во Македонија траел околу 40 години, а се смениле девет кралеви и следела воена помош од Спарта (379 и 362 година пред Христа). Македонија станала неспособна да води независна меѓународна политика и се нашла меѓу двајца ривали во хеленскиот свет, меѓу Атина и Теба.

Во таква ситуација, на македонскиот престол дошол Филип, син на Аминта. Некои историчари, со Дројзен (Droysen) (1877 година) на чело, времето на Филип, на Александар Македонски и нивните наследници, па сé до падот на македонското египетско кралство на Птоломеј во 30 години пред Христа под Октавијан, го означуваат во историјата како хеленистички период. Meѓутоа, овие истражувања, како и други автори, убедливо покажуваат дека тоа бил македонистички период.

SAT3    SAT4

Македонските кралеви Архелај и Филип Втори

Во овој интервал од околу 300 години, македонската култура и цивилизација дошле до полн израз.  Македонските кралства на Балканот, со центар во Пела, во Египет со центар во Александрија и во Азија, со центри во Антиохија и Пергам, станале генератори на автохтоната цивилизација. Македонскиот јазик од своја страна, како „Александров коине“, станал главен јазик на светската дипломатија, наука, трговија и комуникацијата воопшто, во траење од околу 900 години. Тој добил посебно значење со појавата на христијанството, придонел во христијанизацијата на светот и воведен е во христијанската литургија, како еден од официјалните јазици за време на Римското Царство.

Во културен поглед, праисториските и античките Македонци најмногу придонеле во развојот на архетипското палеобалканско писмо (линеарното А писмо од Церје-Скопје, околу 6000 години пред Христа, Пешиќ, П. 1987 година и Дупјак-Костурско, околу 5260 година пред Христа, Hourmouziades, G, 1966, како и македонското слоговно-фонетско писмо од Ресна, околу 5000-4500 година пред Христа, Иљов, 2000) и јазик.

За време на Македонскиот комонвелт, јазикот на Александар Македонски станал и светски јазик, јазик на Стариот и Новиот завет и на светската дипломатија. Заради тоа, историогеографија, цел еден период од триста години (од кралот Филип II, 360 година пред Христа до Клеопатра, 30 година пред Христа) е именуван како  м а к е д о н и з а м,  со што се означува периодот на македонските: дух, наука, техника, јазик и филозофија, како и историска пресвртница во светската култура.

Меѓу носителите на палеобалканскиот јазик и „Димини културата“ од Подунавје, на просторите на јужниот Балкан, посебно во Пелазгија (Елада), и тоа најпрво во Еолија, подоцна Тесалија, покрај Македоците (стр. 44) и Минијците, биле и:Лапитите, Тироите, Магнезите и Флегите (Томсон, 1954 година, 268 и 283). Според митолошките и историските податоци, Еолците најнапред го заземале просторот на источните падини на Олимп до Грамос во Македонија и во североисточниот дел на Тесалија, во долниот слив на реката Пенеј. На овие простори на Еолија, во геолошките процеси на Балканот, се наоѓало големото Бебеидско Езеро. Со неговиот постанок се создадени услови за развој на Сескло и Димини културата.

За овие процеси Херодот (VII, 129) истакнува: „Постои една приказна според која Тесалија некогаш била езеро, од сите страни опколена со високи планини. Тесалците тврдат дека Посејдон ја направил клисурата Темпе, низ која тече реката Пенеј, и тие имаат право. Имено, оној кој верува дека Посејдон ја тресе земјата и дека клисурите кои настанале од земјотресите се дело на овој бог, тој сигурно кога ќе ја види оваа клисура, ќе рече дека тоа е дело на Посејдон. И јас мислам дека оваа пукнатина меѓу планините настанала од земјотрес.” Реприза на панонските геолошки процеси. Значи, на овие простори во праисторијата се доселувале разни племиња од Средно Подунавје и создале една мултинационална заедница.

SAT5

Својата татковина ја нарекле Еолија и го зеле етнонимот Еолци. Во превод Eolis значи различни, разновидни, мешани, разнородни, шарени, но значи и светол и брзоног. Во подоцнешните историски случувања називот Еолија бил променет во Тесалија, кога Теспроќаните, со пелашко потекло, староседалци од просторот на Епир, поради продорот на Дорците-вистинските Хелени (Херодот, I, 56), мигрирале во 1124 година пред Христа. Меѓутоа, по половина век (1053 година пред Христа) и многу Еолци мигрирале во Мала Азија и на својата нова татковина í го дале името Нова Еолија.

Според Папаставро (1972 година, 16), Еолците како носители на неолитската Димини култура, биле прв индоевропски народ од север, од Средно Подунавје, кои сукцесивно ја населувале денешна Елада и тие биле основачи на првата Троја која Блеген (The Coming of the Greeks, Amer. I. of Arch., Concord, 1897 година, 32-746) ја датира околу 3200-2000 година пред Христа.

Еолците, покрај Тесалија, во текот на времето ги населувале и Беотија, Атика, Пелопонез, Крит и островите. Во митологијата тие се многу познати не само како кралеви на Еолија, туку и на Беотија, Атина, Коринт, Арг, Елида, Пил, Месена, Итака, Родос, Кидонија на запад на Крит итн. Еолците се познати и како први основачи на Олимписките игри пред 776 година пред Христа, како учесници во митот „Каледонски вепар“, во борбите за протерување на Фениќаните на кралот Кадма од Теба (војните „седуммината“ и „епигоните“), во Тројанската војна во 1192 година пред Христа, во експедицијата на Аргонаутите во 1225 година пред Христа, во пренесувањето на своите богови од хидролошкиот систем на Панонија и нивното издигнување на врвот на Олимп итн.

По Тројанската војна, но и подоцна, подунавските Еолци биле првите колонизатори на бреговите на Медитеранот и Црното Море, создавачи на митологијата на Балканот, на Илијада и Одисеја, на обликувањето на животот во античка Елада со создавањето на „полис државите“, на кралставата, тиранијата и демократијата, како и новите општествено-економски односи и на сé она што денес се нарекува „грчка цивилизација“, односно златна епоха на Перикле. Следат легендите за Минијците, Лапитите и Тироите.

Sh Donco  slave 

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.