Среда, 31 Јули 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (20)

kdbl1

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  IV ДЕЛ

Пизистрат бил Хипократов син, кој владеел со Атина седумнаесет години (560-543), односно трипати бил избран за тиранин и трипати бил протеруван (шеснаесет години). Неговиот период се смета за најславен во историјата на Атина, а тој како најголем политичар (Папаставро, 1972 г., 124). Аристотел (Полит. 2, 7) за него вели дека бил „голем хуманист, милостив и демократски етичар, способен политичар и војсководец.“ Покрај тоа, Пизистар бил прв кој ги собрал Хомеровите дела. Умрел во 528/7 година пред Христа

 По неговата смрт, владетел (архонд) на Атина станал неговиот син Хипиј, кој управувал со државата до 520 година пред Христа. Го наследил неговиот син Хипарх, до 514 година пред Христа. Времето на Пизистратидите претставувало највисок степен на атинската, па и на грчката цивилизација во архаичниот период. Со Пизистратидите се завршил периодот на тираните, кога со помош на дорската-елинската Спарта на сцена стапува наредната Нелејска фамилија, Алкмеониди.

Алкмеонидите биле потомци на Алкмеон, внук на Трасимед. Имено, Трасимед, заедно со својот брат Антилох, го придружувале својот татко Нестор во Тројанската војна. Антилох во војната загинал жртвувајќи се за да го спаси татка си и бил погребан на Хелиспонт, заедно со Ахил и Петрокле. По разурнувањето на Троја, Трасимед среќно се вратил во родниот Пил (Хомер, I, 1, 8, IX и понатаму). Трасимед бил татко на Сил и дедо на Алкмеон, предок на атинското семејство Алкмеониди. Бил погребан во Пил (Паусанија, II, 18. IV. 36).

Алкмеон бил последен доживотен архонт на Атина, 757 година пред Христа. Негови потомци биле: Мегакле, Клистен, Клиниј, Перикле, Клиниј II, Алкибијад, Клиниј III и др. Ќе наведеме позначајни личности од ова големо братство.

Мегакле бил атински политичар и архонт. Бил познат по тоа што во 612 година пред Христа ја уништил Килоновата странка. Неговиот внук, под исто име, бил противник на Пизистрат, додека, пак, правнукот бил дедо на Алкибиад.

lsriu2

Ковани пари со ликот на Перикле

Клистен бил син на Мегакле и Агариста, глава на Алкмеонидите во Атина. Извршил реорганизација на општествениот систем и ја зацврстил демократијата. Новата демократија на Атина наишла на реакција на конзервативната Спарта, па дошло до воен судир. Заради оваа криза дошло до сојузништво меѓу Атина и Персија, а подоцна и до грчко-персиските војни, 490-479 година пред Христа.

Меѓу значајните Алкмеониди спаѓа и Перикле (499-429). Бил син на Ксант и Агариста, најславен демократски државник на Атина, претставник на ,златниот Периклев период’, на класичната грчка цивилизација. Водач на демократската партија во Атина. Владеел цели дваесет години. Спровел крупни демократски, политички и економски реформи. Бил мецена на филозофијата и уметноста.

Ја разубавел Атина со величествени градби на Акропол (Пантеон, Пропилеј итн.), ја зацврстил одбраната на градот со тврдини како што биле „Долгите ѕидови“ до Пиреја и сл. Покрај тоа, им помагал на значајни уметници како што биле скулпторите Фидиј и Мирон, сликарите Аполодор и Полигнот, филозофот Анаксагор и др. Умрел во 429 г. пред Христа во Атина.

Роднина на Перикле бил Алкибиад (450-404), син на Клиниј, познат Атињанин, ученик на Сократ. Бил многу надарен, станал атински војсководец и државник, и наследник на Перикле. Тој бил претставник на новата генерација софости. Како одличен говорник, успеал да ги наговори Атињаните да ја обноват војната против дорска-елинска Спарта, 415 година пред Христа, па така започнала II Пелопонеска војна, кобна за Атина. Војувал против Сицилија, а бил сменет од високото место бидејќи бил обвинет дека ги навредува боговите.

Пребегнал кај Спартанците кои, благодарејќи му нему, тешко ги поразиле Атињаните, но сепак се смирил со нив во 408 година пред Христа. И повторно станал воен заповедник. Животот го завршил во Мала Азија, каде што го убиле Персијците по налог на Спартанците. Неговото предавство на демократска Атина и пребегнувањето во аристократските земји Спарта и Персија, претставуваат типичен пример на човечката совест во периодот на пропаѓањето на грчкото робовладетелско општество, непосредно пред потпаѓањето на Грција под власта на Македонија.

Следни потомци на славните пилски кралеви Нелејци, од лозата на Нестор, биле Кодридите. Тие свој патроним добиле од Кодро, митски крал на Атина, кој бил син на Мелант.

Во митологијата Мелант бил потомок на Нелеј, син на Андропомп и Хениона, татко на споменатиот Кодро (Херодот, I, 147). Бил владетел во Месенија сé до доаѓањето на Дорците-Хелените, 1104 година пред Христа. Пребегнувајќи во Атика со некои свои поданици, станал крал на Атина, наместо дотогашниот крал Тимета, брат или зет на тројанскиот крал Пријам.

Тимет бил последен потомок на Тезеј, домородец од кралската лоза Пелазги. Бидејќи за време на војните меѓу Атињаните и Фениќаните од Теба, околу градот Еноја на североисток на Атика, ниту една страна не победила, било решено војната да се реши со двобој меѓу кралевите. Тимет не се осудил да излезе на двобој и ветил дека ќе ја предаде власта над Атина на оној јунак кој ќе го победи тебанскиот крал Ксант. Мелант ја прифатил борбата наместо кралот Тимет и во жесток судир го победил противникот. Во знак на благодарност за извојуваната победа над Тебанците, Атињаните го избрале Мелант за крал.

По смртта на Мелант, неговиот син Кодро станал крал на Атина, со која владеел дваесет и една година. Имал двајца синови, Медонт и Нелеј. Легендарниот крал Кодро загинал храбро борејќи се против Дорците-Хелените, кои навлегувале од Пелопонез. Бил убиен пред градската капија на Атина, околу 1091 или 1088 год. п.н.е Кодра го наследил неговиот постар син Медонт.

Меѓу браќата дошло до кавга околу престолот. Заради тоа, а и заради сé посилниот пробив на новите освојувачи Дорци, од Пелопонез и од Дриопида-Дорида, Нелеј - Помладиот, со бројни Атињани од Атина и Атика, како и од Пелопонез, ја напуштил Грција и мигрирал во југозападниот дел на Мала Азија, 1044 година пред Христа. Таму, емигранитите основале „Сејонски сојуз“ од дванаесет градови, со Милет како главен град. Во многу од овие градови Кодридите станале кралеви (Херодот, I, 147).

Овие Кодриди, потомци на тесалските и месенските Подунавци, со Ахејците и другите староседелци, во нови услови на источните брегови на Егеј, ги удриле темелите на својата нова култура, а, пред сé, на својот палобалкански јазик, познат како јонски дијалект, а ги пренеле и своите олимписки богови. Јонаните први го го прифатиле феникиското писмо меѓу 900-700 година пред Христа.

И покрај наведените миграции во Х век пред Христа, многу Кодриди. потомци на Медонт-Медонтидите и Нелејците-Пизистратидите и Алкмеонидите, опстанале во Атина и Атика и тие можат да се следат до IV век пред Христа. Томсон (1954 г., 126), цитирајќи го Петерсон (Quaestiones de historia gentium Atticarum, Scheswing, 1880), наведува дека во тоа време генеолошкото дрво само на Кодридите опфаќало 32 генерации. Меѓу најзнаменитите спаѓаат Солон и Платон.

lsgk3

Аполо, богот на светлината

Солон (638-559) бил син на Ексикестид, од Медонтовото стебло на Кодридите. Бил еден од седуммината грчки мудреци. Се истакнал во велетрговијата и политичките борби во Атина меѓу аристократите и демосот. Во 594/3 год. пред Христа станал законодавец и реформатор. Неговите робовладетелски закони постигнале врв во периодот на Перикле и опстанале сé до периодот на Александар Македонски во Александрија. Тие станале почетна основа на историскиот развој на идејата за држава во Европа.

Платон, или Аристокле, (427-347) бил син на Кодридот Аристон и Периклиона. Станал голем филозоф и основач на филозофската школа, Академија, во Атина.

Сржта на неговата филозофија ја сочинува учењето за идеите како непроменливи мисловни суштини на светот, додека „сетилните нешта“ претставуваат само нивни „сенки“. Врвна идеја е идејата за благосостојбата, која е идеја само на божествата, додека врвна вештина е мудроста. Според Платон, методот на барање на вистината е дијалектиката како вештина на споредувања и анализи. Најпознати творби на Платон се: „За државата“, „Гозба“, „Одбраната на Сократ“, „Менон“, „Симпозиум“, „Тимеј“ и др.

Платон бил Сократов ученик и учител на Аристотел. Платоновата академија како филозофска школа постоела до 529 година по Христа, кога како паганска институција ја укинал царот Јустинијан.

Продолжува

ShkoD  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.